Фото

Со крст на чело

Најголемиот христијански симбол конечно најде во Македонија место на кое се чувствува покомотно и од Водно - најрепрезентативното македонско чело на сите времиња. Има место и за конаци.

Оброци за размислување

Една принт рекламна кампања на Amnesty International. Порака која малку застанува во грло.

Чекање на шалтер, Тајланд верзија

Унилатерално го прогласуваме Тајланд за шалтерски најцивилизираното место на светот. Еве го нивното решение за пред шалтер.

Мали италијански паланки

Додека да ѝ текне на наша Емили да напише по една репортажа од секое од овие места (и да донесе храна и вино за тестирање), барем да им е изнагледаме.

Сè е до аголот

Куќа огласена за продажба. Со огромен базен пред неа. Ако ја купите, се бањате во помал. Имајте го ова на ум кога гледате/читате вести.

Google Earth, 1907

Ќе видите неколку воздушни панорамски фотографии снимени во 1907-ма година. Каква технологија била користена за се добијат?

 

Само дома си е дома

- Ќе излегуваме вечер? - Не бе, ми се седи дома. - Како бе ти се седи дома? - Ете така.

Големото ишпартано јаболко

Изволте една огромна слика од Њујорк, колку да видите како изгледа еден прецизен ГУП и ДУП. Побарајте слична слика од Кисела Вода или Гази Баба и ќе почнете да сфаќате зошто нам ни фенг шуи не може да ни помогне.

Оригиналите на Роквел

Норман Роквел е еден од антологиските американски уметници и илустратори на 20-от век, автор на неброени насловни страни, постери и слики. Ова се оригиналните фотографии на некои од неговите најпознати дела.

Немој да бидете плачковци

Следниот пат кога ќе ѕемнете и ќе припаѓате што колегата отворил прозор да се излуфтира, нека ви текне дека Кејт Аптон издржува на Антарктик во бикини.

Кога семејството ќе заспие...

Жената легната, детето легнато, доаѓа време за: а) гледање филм на раат, б) читање книга на раат, в) зајапање во плафон на раат? Не, главата на ова семејство има поинаква пасија. Им балансира работи на заспаните и после ги објавува на интернет. Којзнае преку ден колку им е корисен.

60-те пристигнаа

Њузвик им го посвети своето последно издание на Mad Men и на почетокот на 5-та сезона. На страна што Mad Men ја доби насловната и интервју на неколку страни, туку и рекламите во списанието се адаптирани во стил од 60-те.

Ново лого на Министерството за Шумарство

По подолги анализи, Министерството за шумарство на РМ пронајде лого, преку кое на секој човек треба да му стане совршено јасно дека главната дејност на институцијата и' се - дрвата.