Видео

Маршот на 100.000 Полјаци за независност

Денот на независноста и враќањето на суверенитетот на Полска последниве години почна да се обележува со масовен марш низ Варшава. Годинава ги имаше 100.000 на улица со знамиња, со пароли, со бакљи, со сè.

Сончогледот на Пост Малоун собори рекорд

‘Sunflower’ на Пост Малоун и Све Ли стана највисоко сертифицираната песна на сите времиња, соопшти асоцијација на музичката индустрија RIAА. Песната која оригинално беше издадена како дел од саундракот на Спајдермен филмот „Into the Spider-Verse“ станала 17 пати платинеста! Башка две милијарди прегледи на Јутјуб. 

Љубовта знае да гуши

Човек го судат за убиство на неговата девојка. Обвинието го товари дека ја задавил. Но, тоа е само едната страна на приказната. Другата, неговата, е дека тој не ја задавил туку дека таа сама се угушила додека му приредувала орален секс. За да ја докажат својата верзија, одбраната бара тој на поротата да ѝ го покаже „главниот виновник“ од кој настрадала кутрата.

Си биле три инвестициски фондови и сè било нивно

Три фондови: Блекрок, Вангард и Стејтстрит контролираат имот во вредност над 15.000 милијарди долари. Во овие пари имаат удел во најголемите западни компании што произведуваат вакцини (и Фајзер и Модерна и Џонсон и Џонсон), во најголемите западни компании од воената индустрија (и Локхид-Мартин и Боинг и Нортроп), плус ги има во банки, плус ги има во медиуми, плус ги има во транспорт.

Ок, да научиме и што е триџендер

Суштеството дента излегло „од плакар“ за да обзнани дека се чувствува како триџендер. Елем, како триаголник, имал/а/о/е три идентитети: маж, жена и нон-бајнари. Што значи дека секојдневно се чувствува како 1) маж, 2) како жена и истовремено како 3) ниедно од тие две. Чекај бе несреќо, сите три идентитети се согласиле баш околу тој кармин?

И по Бојко, Кубрат?

Деновиве низ бугарскиот парламент, за интервју за БТВ, се прошета Кубрат Пулев, некогашниот бугарски боксер во супертешка категорија, а сега пензионер, и уште од сега почна да строи пратеници. Кубрат нема изразено некои политички амбиции, ама па немаше и Бојко кога беше обезбедување на премиерот.

Зошто треба да ставите огледало на фрижидерот

Студии покажуваат дека погледнување во очи, најдобро во свои, ја зголемува самоконтролата на човекот и свесноста за себе. На пример, покрај патека за точаци ставиле таков постер и незгодите се намалиле за 65%. Затоа ова со фрижидерот, пред да го отворите, да се погледнете во очи и да си кажете: Нели се најаде бе, свињо? 

Холанѓаните почнаа да ги решаваат овие што се лепат за раце

Холандска телевизија прави дебатна емисија околу нападите од активисти врз цивилизациски ремек дела и со цела пристојност во емисијата покануваат еден од „борците“ за екологија кој е дел од неодамнешните акции. Бидејќи човек што нема пристојност околу Моне или Ван Гог нема зошто да има пристојност околу некоја телевизиска емисија, истиот овој активист решава да им се залепи за маса на сред снимање. Го решија за една пауза за реклами.

Никако ова не изгледа глупо

Снимка од некакво сајберспорт првенство во ПУБГ на мобилен. Сигурно е популарно, сигурно има и пари во ова, ама ништо од тоа не помага.

Руси не се да им дадеш перформанс да прават

Во рускиот градот Калуга се одржува „имерсивен спектакл“ во кој публиката, според сценарио, треба да мине низ искуството да биде киднапирана од припадници на украинската армија. И изгледа прилично автентично.

Вака изгледа судар на два авиона во воздух

Инцидентот се случи на Dallas AirShow. Поголемиот е Боинг Б-17 (Flying Fortress) а помалиот P-63 (Kingcobra), обата винтажни борбени авиони од Втората светска војна. Медиуми наведуваат дека во несреќата загинале шест лица.

Бонбони од чварки

Не, насловот не е метафора или игра на зборови. Се работи за прави правцати бонбони од чварки/џимиринки. Ова би требало да го има во секој дом, канцеларија, по нотари... и нормално, да се фрлаат на венчавки!

Новата генерација Морозови

Америка е станата толку непомирливо поделена и антагонизирана (да, бетер од кај нас), што нема да чуди ако некој ден таму не пукне граѓанска војна. Тие резови не одат само по стандардните политички разлики туку сечат длабоко и во основните клетки на општеството, како што е семејството. Пазете го вие ова говно од ќерка.

И Бил Бур знае да се смее

Бил Бур остануе врв на денешната комедија, благодарејќи на тоа како умешно ја транзитираше својата позиција, од гневен тип напизден на сè, на некој кој денес има жена и дете, ама уште има што да каже. Дека редовно го смее Конан, сме покажале. Овде имате едно нивно дружење во кое и Бур знае да тргне на смеење. За Конан да не правиме муабет. 

Електрични коли не димат, така?

Тоа што електричните возила немаат ауспух, не значи дека сме ги елиминирале емисиите, туку дека само сме ги преместиле на некое друго место. За да се произведе батерија со енергија колку еден барел нафта, потребни се 100 до 300 барели нафта. Една минута (молк) за електричните возила.

Да видите од каков талент изгуби Доктор Оз

Телевизискиот доктор и продавач на шашми, доктор Оз (Мехмет Ченгиз Оз) ја изгуби трката за место во Сенатот како претставник на Пенсилванија. Изгуби од Џон Фетерман, човек кој пред пет месеци преживеа мозочен удар. Ќе видите сами до каде стигнало опоравувањето, што поразот на Оз го прави уште поголем резил.

Државно рушење гробови

Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, им нареди на затворениците припадници на Мара Салватруча, една од најозогласените криминални банди во Америките, со токмаци да ги искршат сите гробови на локалните гробишта на чии надгробни споменици има обележја на бандата. Букеле годинава објави отворена војна против бандите.

A таман ќе помислиш дека не може да се поглупи

Само што разбрала дека косата расте од - главата! Во нејзиниот досегашен академски живот верувала дека таа расте од крајот на влакната, но оваа еурека ја збунува: ако косата расте од скалпот, дали тоа значи дека во главата имаме коса? Не секирај се, девојче, немаш ти ништо таму.

Ужасот на една кирија

Кинескиња две години им го изнајмува станот под кирија на студенти, без ниту еднаш да ги посети се до заминување од станот. Кога ги добива назад клучевите оди да види што треба да се среди пред пак да го издаде. По неа и други почнуваат да ги снимаат своите кираџиски кошмари.

Дедо сече ко брич

„Контент креатор“ ни крив ни должен на улиците на Њујорк налетува на веројатно најостриот дедо што можел да го најде во градот, и почнува со своите безазлени прашања, на што дедово упорно во корен го коси.

Шчо мислевме, шчо ќе испадне

Можеби е морничаво сознанието дека сите ќе умреме, но, уште поморничаво е дека можеби ќе завршиме како некоја ебена матична плоча. Елем, што се добива кога од вештачка интелигенција ќе побараш да ја креира човечката еволуција? Побарал Фабио Кoмпарели кој се занимава со уметност генерирана од AI.

Каква надреална сцена

Во некоја бразилска припиздина, тип со мачета брка пар полицајци кои бегајќи пукаат кон него. Или упорно го утнуваат или го пукаат со памукчиња, нејасно. Сеедно, цајканскиот резил го прекинува случаен минувач кој го спуца идиотот со кокос во глава. 

Верувајте ѝ на гравитацијата

Дечко секој ден на објективен начин ја решава дилемата дали да го зачисти станот, да вежба, да чита книга или пак - да се напие пиво. И секој ден му успева „да му се падне“ ова последново. Гледајте како, учете и спроведувајте по дома. 

Зошто Кинезите толку возат точаци

Комплексна е таа тема и немаме намера сеопфатно да ја објасниме. Само да ви покажеме една од причините: како изгледа полагање за возачки за автомобил.