Видео

Најбаксузната птица на светот

Кога си човек сешто може да ти падне на глава. Гомце од птица, саксија од балкон, керамиди од покрив, ќеса ѓубре од комшијата на осми... Кога си птица, немаш такви проблеми, веројатно помисли оваа несреќничка која го попи за сите други нејзини посесетрими што нè серат.

33-грамскиот микро-дрон од 12.000 евра што ќе и биде испорачан на Украина

Од вооружување дронот има само камера, која во живо ја пренесува снимката. Должината му е неполни 17 сантиметри и сето тоа спакувано во 33 грама. Дронот, со таа тежина и батерија, има домет од речиси 2 километра, може да лета 25 минути а максималната брзина е 17,7 километри на час.

Мултикултурен разговор во мултикултурна Данска

„Ние имаме по 5 деца, вие имате по 1-2 деца. За 10-15 години во Данска ќе има повеќе Пакистанци од Данци,“ ќе му порача статистички освестениот пакистански мигрант во Данска, на еден дански домородец.

Депонијата K2

К2 е втората по височина планина во светот. Нирмал Пурџа е првиот планинар кој го направи надчовечкиот подвиг и ги искачи сите 14 врвови во светот над 8.000 метри за само 7 месеци (од кои последните 5 врвови беа искачени за само 12 дена). Подвиг што обично се прави во рок од цела кариера или барем неколку децении.

Ангел Симов, суперхеројот на нашите животи

Првиот македонски суперхерој доаѓа од Гевгелија и неговата моќ потекнува од тоа што завршил фармација, што го искористил за најголемиот потег на својот животот - да го создаде кафетинот. Симов, ти благодариме.

Споменик на местото на споменикот

Во Нарва, на естонската страна од границата со Русија, пред некој ден беше откорнат и тргнат советскиот тенк Т-34 кој со децении седеше таму како споменик на советските војници што загинале во Втората светска војна. Кратко по тоа, локалците на сопствен начин решија да го продолжат сеќавањето.

Лос Анџелес како една голема самопослуга, втор дел

Зад ваквиот нов систем на наезда на лопови стои многу едноставна математика: нема / не може полицијата да се смара да апси над сто луѓе за пљачкосување обична продавница. На вработениот и сопственикот не му е ни приближно сеедно.

Снимка од еден непотребен туристички излет на Американци во Мексико

Двајца Американци скршнуваат од утабаната туристичка патека околу мексички Канкун и сакаат малку авантуристички да истражат наоколу што се случува. Толку пишман туристи ретко да сте виделе.

Ким им кажа „фала“ на докторите

Во мај годинава Северна Кореја за прв пат пријави случај на ковид-19 во земјата. Веќе сме август и Ким Џонг Ун излезе да прогласи победа, да каже дека го искорениле ковидот и да им се заблагодари на докторите.

Ќе има ли војна за Тајван?

Во изминатите години доминантниот одговор на прашањево е сменет од „секако не“ и „никако“ во „можеби“ и „можеби наскоро“, меѓутоа има зошто се уште е далеку од „да“.

Далеку дотераа ПВЦ прозорите

Повеќе од 20 години речиси немаше што повеќе да се каже на тема ПВЦ врати и прозори од тоа што го кажа Шенка во рекламата за Енфапен „... и раат сум“, се додека ирански производител не реши да нарача реклама. И тоа реклама за сите пари.

 

Скара на расколот

Од една страна ретки се работите што се поглупи од тоа да и се жалиш на комшиката од соседниот двор дека си веган и чадот од скарата што ја прави доаѓа кај тебе и ти смета, од друга страна познаваме луѓе кои така знаат да задимат што кога ќе им заврши одморот цел прв крак слави и не пали скара следни 10 дена. Никако не си.

Лос Анџелес како една голема самопослуга

Обезбедувањето на продавници во Калифорнија, посебно Лос Анџелес и Сан Франциско, последниве години како да е вооружено само со „немој бе друже“ и „те молам немој бе друже“.

Сана Марин, премиерката на Финска што сака да денса

Сана Марин има 36 години и е премиерка на Финска и сака да се журка со друштво како човек што има 36 години. И ништо од тоа не е проблем. Проблемот како и секогаш во вакви ситуации е што некој во пијаното решил да извади телефон и да снима.

Програмер бара покачување на плата

Прашањето е дали клиповиве ги гледате заради неограниченото чаталење од ликот на програмерот, или заради систематското топење и последователен распад на „ЕјчАр-от“? Второто, нели?

Кратка Онлифанс приказна

Кејтлин Мишел Сирагуса е 28-годишна Онлифанс девојка позната под името Амурант (Amouranth), и е една од најуспешните таму. Нормално освен на ОФ ја има и на други социјални мрежи, сега е нешто „фокусирана“ на Твич, меѓутоа за сега ги објави само парите што ги прави на ОФ, а прави пари.

Пази, филтер!

Има забавни филтри, има корисни филтри (да видиш како ќе изгледаш ружен како жена пред да отидеш на операција на полот), ма има секакви филтри. Овој служи исклучиво да вадиш од памет блиски луѓе кои сакаш да ги сликаш. Одеднаш, зад нив се појавува човек. Некои го тепаат и по неколку пати. 

Анализа на Путин и војната во Украина од екс-шпион на ЦИА

Ендру Бусаманте е поранешен шпион на ЦИА кој денес работи како „консултант за приватно разузнавање“. Лекс Фридман е професор на МИТ и подкастер, роден во советска Русија од родители со украинско-еврејско потекло. Фридман се обидува на Бусаманте да му ги претстави сите човечки и хумани аргументи зошто Украина ќе и треба да победи, Бусаманте пак се држи до чиста аналитика.

Показна вежба: Аутотјун

Фамозниот и семоќен аутотјун им даде изговор на илјадници неталентирани луѓе да се претставуваат како пејачи и истовремено ја сјеба не само музиката туку и ќеифот на слушање музика бидејќи тоа е брате, неподносливо. Како звучи и што може аутотјун? Ќе ви покажеме. 

Испраќање на еден новинар

Пред десетина дена прерано (на 51 година) почина Владимир Матијаниќ, еден од најдобрите и најхрабри истражувачки новинари во Хрватска. Од него се прости неговиот некогашен шеф, ко-основачот на Ферал Трубјун, Виктор Иванчиќ.  Знаeш дека новинар ја завршил својата мисија како што треба кога за него ќе може да се каже она што Виктор го кажа за Владо.

Родот е последното прибежиште на хистеричните

Ете што се случува кога некому ќе му згрешиш пол во 2022 година. Ај што дигна џева затоа што му/ѝ се обратиле со господине а тој/таа/тие да ти бил/биле жена, туку најјако е што како жена, најженствено го заврши инцидентот со пцовката „да ми пушиш кур.“

Американска битка со светската мапа

Една од стандардните репортажи кога во светот во тек е некоја голема војна или Американците се подготвуваат да пратат тешки пари за некоја своја или туѓа голема војна.

Жижек: Каде е Балкан?

За Германците, Балканот е долу, во Австрија. За Австрија, Балканот е долу, во Словенија. За овие е долу, во Хрватска. За овие пак е во Босна и Србија. За Србија тоа е Косово. И така, Балканот секогаш е она долу, сè додека не дојдете во Грција каде што ќе ви кажат дека Балканот е - она горе.

Како се брани своето

Скорсезе и Спилберг ја коментираат приказната која како легенда ја знае и Тарантино: кога „надлежните“ сакале да исфрли сцена од Таксист. Скорсезе бил спремен да го убие скотот кој сакал да му го осакати филмот. Чисто како мала лекција за оние наши уметници-лигуши кои се спремни на одвратни компромиси само за да добијат некој денар од фонд или министерство.