Видео

Намибија - Германија - 100:0 (бонус: Конго- Франција)

Германскиот амбасадор во Намибија му се пожалува на претседателот Хаге Геингоб на доминацијата на Кинезите во таа земја. Ги имало четири пати повеќе од германската дијаспора. Геингоб го истресе ко ќилим на шипка пред зграда.

Украинскиот Аркан

Репортажа на Вајс за тоа како украинските нацисти ловеа „сепаратисти“во источна Украина. Се работи за личната пара-полициска единица на Олег Лијашко која успева да го најде и лиши од слобода про-рускиот Виктор Рибалко, кој организираше референдум за независност на Луганск. Па потоа Лијашко му се тура на шефот на регуларната полиција: Сакаш сега да те стрелам или подоцна?  

Што ќе те скрие од ова?

„Ова“ е воена машина за поддршка на тенкови под име Терминатор, меѓудругото опремена со 2 30-милиметарски топови. Тоа другото е некогаш здрава и исправна ѕидана куќа.

Кусто, кога ќе почне Третата светска војна?

Кога Русија и Кина (Азија) ќе почнат меѓусебе да плаќаат во рубљи и јуани и ќе го баталат доларот. Кога доларот ќе престане да биде општа валута, тоа ќе биде знак за војна бидејќи е тешко да се види Америка како не управува со светот со санкции и сите оние полуги кои ги користеше последните 150 години. Сега сме до 40 посто.

Најде снегулката на кого да му цмиздри

Тој е Норман Гери Финкелштајн, професор од Принстон. Таа е сензитивна девојка од публика, длабоко погодена од неговата критика на изрелската политика кон Палестинците, па низ солзи ќе му каже дека не е потресена кога така да се зборува за Евреите кои имаат толку пропатено низ историјата. Така ли? Елај да ти каже чичо нешто за себе и своите.

Чаирски лекции од Глазгов

Кевин Бриџис (многу ни прави ќеиф со маалскиот шмек) објаснува неколку правила до кои треба да се држи нормален човек кој се вози со автобус во неговиот град. Може да фаќа сеир ако патник и шоферот почнат да се ценкаат околу картата, ама ако стане озбилно, негово е да сврти поглед, да се загледа во некоја рандом точка на подот и да си дозволи да биде одведен на некое „среќно место.“

Противотров за разбуденaтa токсичност

Колку треба да си арогантен па да веруваш дека заслужуваш да проживееш така што никој нема каже нешто со кое ти не се согласуваш или не ти се допаѓа?  Сакам да престанат да викаат „оваа заебанција е навредлива.“ Сакам да почнат да викаат „Оваа заебанција МЕНЕ ми е навредлива“.

Дали тие ја слушаат Дали?

Даблинерката Клер Дали е еден од ретките гласови во Европскиот парламент што упорно и доследно им прави незгодно на воинствените колеги кои галантно би гинеле до последниот Украинец. Потсетува дека лани на маса беше предлог по кој Русија ќе се повлечеше. Ама не, дотрча Борис Џонсон за да им порача да се тепаат.

Знаеш дека човекот кажал нешто точно кога насловите се вакви

Вуди Харелсон беше неделниот гостин на СНЛ и по воведниот (комичен) монолог веднаш се најде на повеќе насловни страни на американски медиуми, главно за делот во кој зборуваше за сценарио на филм што му текнало кога бил надуван.

Од пусти мерак за моторџика, маж сè ќе поверува

Ова е дедо со филтри, тие што ги гледате на Инстаграм може не се дедовци, ама се со филтри. Не дека тоа е нешто страшно, само да не се прелажувате.

Се молат Монти Пајтон веќе да не даваат идеи

Денес за „непочитување на ова право“ се губат работни места, се уништуваат кариери, се наебува од линч на бесните правдољубиви твитер толпи... А сè започна кога во „Житието на Брајан“, Стенли посака да биде Лорета. Оти, што е следно, пред комисија за заштита од дискриминација да нè тужака некое „Друштво за заштита на витезите што викаат 'НИ'“?

Слични друштва имаме со Славој Жижек

Кога ќе се сретне со пријатели, првите десет минути се ѓубриња еден со друг, си ги кажуваат најгрозните работи, мајки-шајки.... како да се има некое контра супер-его кое наместо да те кочи, те тера да го извадиш најлошото. Е, ама после тие 10 минути, откако ќе се испукаат и ќе минат низ ритуалот на меѓусебни понижувања, стануваат нормални. Све разбираме, ама, само 10 минути?

Иде Миле мичигенском пругом

Некои делници од актуелната железничка мрежа во САД и за филм на Кустурица би биле премногу. Добро што немаме пруга со Бугарија, пошто најверојатно ќе ја изградеа Американците (што, Бехтел не знаат ли и тоа?), а ќе ја одржувавме ние па ќе добиевме сличен епилог. А може па датумот по ваков воз ни е пратен?

После градот линија, Саудијците имаат коцка

Уште една зградетина од Саудијците, оваа ќе биде сместена во Ријад, и ќе биде по 400 метри висока, широка и долга. За споредба, висината на една зграда од Џевахир е 142 метри.

Како Америка го уништи Северен тек (видео)

Екранизирана верзија на одличната статија на истражувачкиот ветеран Сејмор Херш кој уште во 1969 година откриваше американски дубари и заташкувања во Виетнам. Кастингот е сосема добро познат - Бајден, ЦИА, Викторија Нуланд, Блинкен... Нејасно е само што толку се труделе да не се знае дека САД стојат зад тероризмот во Балтичкото море, кога самите го најавија.  

Важно, Америка е задоволна

Американскиот сенатор Линдзи Грем ќе ја разгледа ситуацијата па ќе каже: „Задоволен сум од патот на кој структурно се наоѓаме. Сè додека на Украинците им дотураме доволно оружје и пари, тие ќе се борат до последниот човек.“ А последниот човек нема да биде Зеленски, тој тогаш ќе биде напупен на видео бим како специјален гостин на некоја гала собиранка на западниот крем. 

Наравоучение од многудетни родители

Многу родители цвикаат за правење второ дете, пошто имат уплав од повторување на сето она потресување кое го преживеале за првото. А родителските стандардни најнормално си паѓаат во репризните изданија. Какви се разликите кога го бањаш првороденото дете од она како го бањаш третото или четвртото? Нема поточно од ова!

Капа долу, Роџеру Вотерс

„Ги прашувам претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност, кои се вашите цели? Колку злато има на крајот на виножитото? Поголеми профити за воената индустрија? Поголем моќ и поголем дел од глобалниот колач? Дали мајката Земја е колач кој треба да го ждереме? Зарем поголем дел од колачот не значи помалку за сите други?“

Може ли да почнеме да викаме магија, место вештачка интелигенција?

Ранвеј, компанијата што ја создава технологија на „стабилна дифузија“ која служи за претворање на текст во слики, сега има нова играчка - АИ модел кој адаптира кое било видео според текстот што си му го напишал или сликата што ја има за пример. Гледате, магија.

Како грчките мермери завршија во Лондон?

Како и многу проблеми на овие простори и за овој вината е кај Османлиите (како што гледаме, не дека да не беа Турците ние нешто подобри одлуки ќе носевме) во спрега со историската алчност на Западот за работи што не се нивни. Ова се случува некаде околу 1810 година и од тогаш имаме некои си 200 години Британците се прават мутави за тоа чии се мермерите од Партенон.

Како во црква се фаќа запалење плуќа

Имаме два верски видео примера. Едниот во кој свештеник претерува со крстената вода. Другиот во кој поп претерува со огнената вода. Не знаеш во кој господ попрво да се крстиш.

Орсон Велс за Федерико Фелини

Според американскиот филмски маг, добрата приказна не е најважниот елемент за еден филм, како што многумина мислат. Тоа според него е дури третата по важност работа во филмот. „Можеш да направиш голем филм за ништо,“ тврди Велс и дава светол пример.

Во Турција се појавија крадци, ама народ ги решава кој како знае

Катастрофата што се случи во Турција предизвика покуќнината и имотот на милиони семејства да се измеша со купот рушевини и да лежи на улица. Нус-производ на ова секогаш е изникнување на банди или поединци кои гледаат да се офајдат од катастрофата и да стопат што ќе најдат под рушевините. За нивна несреќа, друга нус-појава е што катастрофите предизвикуваат и страшен гнев кај мештаните, кои не се двоумат да го искалат на ликови како нив.

Уште сега, 12 поени за Лет 3!

Со „Мама - ШЧ“ ријечките враголани Лет 3 победија на Дора и ќе ја претставуваат Хрватска на Евровизија 2023. Благодарејќи на Логин и една мала но упорна лоби група за нив, многупати ги имаме гледано и во Македонија.  Лет 3 се прекрасни будалетини кои беа „шокантни“ уште кога на Евровизија се носеа пуловерчиња. Едвај чекаме. „Мама - ШЧ“, бе!