Видео

Дечкото со приоритетите

Фатил на ТикТок да рецензира храна: кечапот бил полн со шеќери, варените јајца не биле излупени, компирите се полни со јагленхидрати, овесот е токсичен, амбалажата воопшто не е еколошка.... Што храна е тоа, во Мериот, кај Џејми Оливер? Не, се работи за порција храна која ја добил како хуманитарна помош во шелтер за бездомници.

Сам себе го абортирал

Ако абортусот произлегува од правото жената слободно да располага со своето тело, значи ли тоа додека е бремена може слободно да зема метрамфетамин (една од најопасните дроги за плодот)? Не, инстинктивно ќе одговори дечкото па после ќе се самоотепа во објаснувањето зошто не.

БЛМ психотерапија: Истреси му се на цајкан

Краток увид во тоа низ што често минуваат црни полицајци во сојузни американски држави кои се водени од квази - прогресивни сили. Ова е во Њујорк (во кој Бил Де Бласио се фалеше дека за 93% намалил полициски легитимирања, ама не и дека за 65% е покачен бројот на оние кои живеат во шелтери). Брат црнец му се сука дека е предавник и пичка затоа што е црн а носи униформа. Во Ајдахо не може баш вака.

Едно гледиште на колапсот на Вајс

Анализата вели: Медиумот што тврдеше дека е тука за да ги пренесе вестите, всушност цело време се занимаваше со измама и манипулирање на јавноста, и на луѓето им се смачи тоа. На сличен начин страда и Дизни со постојаното инсертирање на „разбуденост“ во нивните цртани. Пораката е не е важно дали тераш крајно лева или десна агенда, само ако си се одлучил за такво нешто прави го тоа отворено, а не да глумиш дека си објективен.

Ова не може да не е скеч, така?

Жена, веројатно комшика, доаѓа да зборува со еден сосед зошто тој своето бебе, инаку девојче, постојано го облекува во розево, а проблемот со розевото е што на тој начин таткото не му дозволувал на 2-годишното девојче само да избере кој пол сака да биде. Нели ова не може да не е скеч?

Ред се редат за Еверест

Ситуацијата на глечерот Кумбу, преку кој се стига јужниот базен камп на Еверест, вечерта на 2-ри мај. Отприлика како да се студентски прашања во испитна сесија.

Гесло на една надворешна политика: Сакале или нејќеле

- Дали е ок вие (ЦИА) да рушите демократски избрани влади во други држави? Какво право има ЦИА, американската влада или која било странска сила да го прави тоа? - Ако е тоа во наш национален интерес, ќе го правиме. Ќе интервенираме секогаш и секаде ако е тоа во наш национален интерес. Сакале или нејќеле. Свету, навикни се на тоа.

Како со два авиона се рушат три згради?

Од сите детали околу нападот на Њујорк на 11- септември, рушењето на третата зграда (Број седум) останува најнепријатното „камче во кондурата“ на официјалната верзија на настаните. Се срушила од „опожарениот мебел во неа“. Зграда од 47 ката, се срушила од пожар од намештај?

Како ќе стигнеме до мир, ако никој не зборува за мир?

Новиот бразилски претседател периодов беше силно притиснат главно од Западот, за тоа што со држави како Кина и Индија разговарал за постигнување примирје во Украина. Неговата контра дилема е како воопшто ќе се постигне мир, кога сите зборуваат за вооружување?

Нашите Јаран и Шева

Горан Баре и Цане Партибрејкерс, искрено за своите пороци и финесите во разликите меѓу нив. Баре признава дека од 58 години, од 15 години бил на хероин а 20 години на кокаин додека „„Цане Пикасо“ махерски ги дефинира неговите младешки дилеми, „меѓу игла и кригла“.

Жената која треба да лежи затвор заедно со Фаучи

Ренди Веингартен не се симнуваше од CNN, со мисија да се избори за затворање на школите и на смрт да ги преплашува родителите ако биде поинаку. Нема никаква медицинска референца, тоа го правеше во име на Асоцијацијата на наставници. А самата таа има предавано вкупно 122 дена во животот, последен пат во 1994-та. Ене ја сега, кмиши додека ја рендаат. Премалку и предоцна.

Први мај во Франција

108 повредени полицајци, од кои 18 хоспитализирани, уапсен 291 демонстрант. Низ целата држава, дента, според синдикатот ЦГТ, вкупно 2,3 милиони луѓе излегле на штрајкови.

Најнесреќниот најсреќен човек на светот

Шансите еднаш во живот да те погоди гром се помалку од една во милион. А колку ли се шансите да те погодат два грома во рок од 15 секунди? Чекајте, не е тоа сè: колку е статистички реално да ги преживееш и двете молњи? Што сака Господ да ти каже и околу што се пишмани? И зошто после тоа да не играш лото?

Звуците на Рататуи

Со минимална и тоа најаналогна „опрема“ во свет, еден дечко оживува една од најдобрите сцени од прекрасниот филм со глувчето со махерско непце. Онаа кога скриено во неговата капа, го управува момчето. Суперишка.

Која Америка ќе победи?

Америка сè пожестоко се дели по идеолошки линии и се чини и на двете страни нема место за компромис како Америка треба да изгледа сега и во иднина. Едните ко да добиваат ерекција од оружје, другите толку излудени што се убедени дека и другите мора да учествуваат во нивните илузии. Имаме две репрезентативни видеа од двата табора. 

Аплауз за старата

Откако ѝ рекоа дека не дечкото што седи до неа и носи маица 'што ја навредува' туку дека таа ќе мора да го напушти авионот затоа што никој не е должен да ѝ ги слуша нејзините политички навреди, дури тогаш ѝ текна дека оди на погреб на свекрвата. До неа седи нејзиниот сопруг кој изгледа скршен, што од болка за мама, што од сознанието со каков тоа олош му мина животот.

Човекот кој сам исчисти езеро

Загадени се 40 проценти од езерата и реките во светот. Едно од нив е езерото покрај кое пораснал Мино. Треба знаење, скапо е, ама не е невомозжно. Сега Мино се има намерачено да го исчисти најголемото слатководно езеро во Јужна Америка кое го делат Перу и Боливија, древното Титикака.

Хемијата како фејк њуз

„Сè е создадено од атоми,“ ќе ви каже секоја базична книга или учебник по хемија. Добро, го знаевме тоа одамна. Ама, еве го сега теоретскиот физичар Мичио Каку да ни плесне во лице дека цело време сме во заблуда. Ѕвездите се 4% од универзумот а ние, вишите елементи, само 0,03%. Па што е тогаш „тоа другото“? Црнила, браќа и сестри, црнила.

Кварните CNN

CNN своевремено весело ја дочека веста дека невакцинираниот Џо Роган закачил ковид. Освен што се ситеа на тоа среде пропагандната офанзива да се вакцинира и кој треба и кој не мора, освен што повторуваа дека Роган верува во ивермектинот кој пакосно го нарекуваа „лек за коњски паразити,“ мораа малку да си играат и со боите на снимката, па го направија Роган блед и никаков, мислиш поп треба да се вика.     

САД за Белафонте

Еден драгоцено топол момент од снимањето на „We Are the World“ (САД за Африка) во 1985 година, кога на присутниот крем на американската музика спонтано им дојде да му направат чест на Хари Белафонте, пејачот кој деновиве почина на убави 96 години живот. Фалиш Америко, кога си ваква.

Ни ковид срам, ни вакцинално перде

Две „парарел слалом“ видеа од тоа што некогаш зборуваа за вакцините а што го зборуваат денес. Едното е од Трудо, другото од Шари Марксон од австралискиот Скај Њуз, Небаре не постои интернет за да потсети кој каде беше кога „вакцините спречуваа трансмисија a никој не беше за задолжителност“, па ќе се лажеме како да сме средсело.

Каде е, што прави Гуаидо од Венецуела?

Американскиот пулен кого Вашингтон не успеа да го инсталира за прв човек во во Венецуела (американската политика некогаш е Заев ама некогаш Заеб) доживуваше лоши денови во својата политичка кариера. Човекот кој мислеше дека не може да не успее затоа што зад себе ја има поддршката од Запад, едно време го ќофтаа кај што ќе стигнат, ама денес е раат. „Ноуан гивс а шит“ раат.

Европски парламент: „Она на А“

Импресивна е брзината со која ЕУ (со право) ја осуди драконската казна затвор за рускиот новинар и политички активист Владимир Кара-Мурза. Таа казна сепак е 150 години помала од онаа која му се заканува за Џулиjaн Асанж доколку биде екстрадиран и процесиран во САД. Ама за него, од угледните членови не Европскиот парламент ни зуц. Тука е да ги потсети само Клер Дали.

Караоке на јапонски начин

Тоа дека Јапонците се друга планета одамна имаме утврдено, како и тоа дека нивното лудило најдобро се гледа во некои екстремни ТВ шоуа или порно поджанрови (сте гледале букаке на ТВ презентерки додека читаат вести?). Ова е караоке на нивен начин. Пошто на нашите телевизии нема караоке, ама затоа има таканаречени дебатни емисии и дуели меѓу политичари и аналитичари.... ај, боље не.