Видео

Вакцините се 100% ефикасни и безбедни

Така се почна. Со сто посто. Го имавме чуено тоа безброј пати. Потоа почнаа да доаѓаат други цифри. 98%, 96%... па 85%, 82%... па се раситни и седумдесетката, шеесетката, пеесетката... кога се дојде под 40%, па 32% па 20%.... дојде ред да се труби за бустерите. Гадови и идиоти, не само што нè лажеа за што се плати огромна цена, туку го убија секое зрно доверба за во иднина.

Полициска проба

Стинг, Енди Самерс и Стив Коупланд вежбаат за нивното повторно концертно обединување, некаде 2007/2008 година. Стинг е фрапиран од сознанието дека сега е во бенд во кој не може никого да отпушти. Му се изнасмеа на еден прелаз на феноменалниот Коупланд а овој му се усука дека тоа еден ден ќе се учи во музички лекции ама дека можеби е прекомплицирано за еден басист.

Криптирани ракописи

Нам ни е апсолутно нејасно како се разбираат со кинеско, арапско или еврејско писмо, ама замислете како им е на некои кои не се запознати со кирилица ако видат вакви примери на ракописно напишани зборови. Ќе мислат дека ги заебаваш. Примерите се на руски, иако и наши би можеле да смислиме.   

Гитарата уште има што да каже

Стиви Ваи за него вика дека е „еволуција на гитарата“ а Ал Ди Меола тврди дека неговото свирење е „светлосни години напред“. Запознајте се со младиот Матео Манкузо од Сицилија, дечкото за кој викаат дека „ја редефинира виртузноста“. Дебитирал со само 12 години на локален фестивал со преработка на Хендрикс, денес има 26 години.

Паралелно со лимузината на семоќниот

На секого може да му се случи грешка на работа, на дечково што паркира не. Возот и лимузината се на Ким Џонг Ун, паркирани на перон во Русија.

Така говореше Расел Бренд

Расел Бренд е последниот од серијата јавни личности прозвани дека биле сексуални предатори и гадови. Ќе видиме како тоа ќе заврши, дали ќе наебе ко Харви Вајнстин или на крај ќе испадне невин ко Кевин Спејси (откако му ја упропастија кариерата). И Бренд и неговите фанови се сомневаат дека зад медиумскиот отстрел стојат поинакви мотиви на оние кои го фатија на нишан.

Дали последниот бустер на Фајзер бил тестиран само на 8 глувци?

Ваквото прашање изгледа толку шокантно што веднаш се помислува дека се работи за лажна вест која ја шират антиваксери. Ама, точно е. Но, затоа тука се авторитети кои ќе објаснат дека и немало потреба од повеќе тестирања затоа што новата варијанта и онака е слична на претходната. Значи, бидете спокојни, осум глувци биле таман за да се пушти бустерот во оптек.

Кога размислуваш како чекан, во сè гледаш свое тело

32 годишниот „кубанскиот Ајронмен“ се мава со чекан по разни делови на телото уште од свои 15 години. Бил тој и боксер, успешен, за жал и преуспешен. Имал 27 борби, се откажал од бокс кога на последниот противник со бокс му го скршил черепот и вој умрел. Оттогаш, само тој и само чекан.

Време е да се фаќа штрафта

Накратко, науката и технологијата отидоа џенем, а ние си останавме истите, глупи и неразумни. Не сме ни приближно способни да бидеме одговорни за боговските моќи кои ги поседуваме. Според Ерик Вајнстин, работата тргна бестрага во 1953 година, кога на атолот Бикини на Тихиот океан, Американците решија да реконструираат нешто што се случува на Сонцето.

Шашма-новинарство

Еден ден копаш дупка во песокот на плажа, веќе следниот ден ете ти кај дупката новинари, камери и експерти кои ќе потврдат дека се работи за последица од неповторлив космички настан. „Тоа е огромен мистериозен кратер кој изгледа како да е со вонземско потекло....“

Кој тоа ни се журкал синоќа?

Мал зум во дешавките во главата на италијанската премиерка, Џорџа Мелони, од една скорешна прес конференција. По наша слободна проценка, направена е гипс, мада некој слободно може да тврди дека на жената само ѝ се спие и се бори да остане будна. „Аха, мене нон-стоп ми се спие“, би рекол борецoт за будност, Аца Лукас.

После Запа, сè е лесно

Не е чудно што Стиви Ваи има станато толкав ѕвер ако се знае дека помина како млад низ бруталниот дрил на најголемиот ѕвер - Френк Запа. Кога бил на аудиција кај него, Запа му барал да отсвири ова, да отсвири она. Кога дошло до нешто што Стиви не можел да го отсвири, 'гадот' му рекол: Ништо страшно, слушнав дека и на Линда Роннштад ѝ треба гитарист.

Епл, од револуција до патетика

Иако немаат направено ништо парадигматично вредно откако го нема Стив Џобс, Епл пробува да остане „ин“ со глацање на јаболкото. Видеово е да не ти се верува: На состанок кој го води главниот (Тим Кук, ЦЕО, 62 години, 1,9 милијарди долари), на гости им доаѓа - Мајката Природа (?!) па вработените ѝ рецитираат што сè тие прават за климата. Мислеле на сè: мама е црнкиња.

Превисока мода

Дечко ладно прошета по писта на некоја модна недела, по патики, натната мушама и капа за туширање, внимателно следен од погледите на модните зналци и сладокусци натопорени крај пистата. Требаше обезбедување да дојде и да го спакуваат мајтапџијата, за овие да сфатат дека не е дел од „линијата.“

Како изгледа сообраќаен колапс во Данска

Во Данска автомобилите отсекогаш се сметале за луксуз па уште првите возила во далечната 1924 биле оданочувани со 20%. Денес данокот знае да биде и 150%. Ве занима како тоа изгледа во шпицот? Пазете уште нешто, на ниеден да не му текне да ја напушти лентата и да фати да ги прешишка другиве. И некој мисли дека „само уште Бугарите во устав“ и ќе станеме Европа? 

Учителкe, не ви е добро

Прво сетете се на своите учителки од градинка (учителка Менка и учителка Мица, молим лепо) а потоа видете и слушнете на што игледа светогледот на една денешна учителка од градинка, од Кејп Корал во Флорида. Колку несреќно суштество, боже, боже. Па уште и на позиција да унесреќи уште којзнае колку млади души.

Сеќавање на њујоршкиот Армагедон

Минаа 22 години од неверојатната глетка кога Менхетн се рушеше пред очите на светот. Тоа беше катастрофа со продолжено дејствување затоа што покрај домашните жртви, се тргна на Авганистан за да биде ослободен од злите Талибанци (кои денес повторно се на власт). До ден-денес не е повторен тој трик, како со два авиона се рушат три згради.

Фидел Кастро: Јас имам морален панцир

1979 година. Западните медиуми/пропаганда шират муабети дека кубанскиот претседател Фидел Кастро е смртно уплашен за својот живот и не мрда никаде без заштитен панцир кој го носи под кошулата. Новинар директно го прашува за тоа. А Кастро, не одговара, Кастро покажува.

Вуди Харелсон ја изремети Америка

62 годишниот актер (чиј татко беше платен убиец) имаше махерски одговор на стандардно политизираните новинари кои се убедени дека светот едвај чека да слушне што еден глумец мисли за руско-украинската војна која во неговата земја се замислува како епска битка меѓу Злото и Доброто. Па, еве дозна.

Слушнете го мудриот Садгуру што вика за името

Садгуру е духовен учител и јогин од Индија, англиско име на земјата што ѝ го дадоа нејзините поробувачи и колонизатори. „Кога некој окупира друг  народ, прва работа што ќе ја направат е да ти го сменат името. Ако ти дадам бесмислено име, ти за мене стануваш бесмислен човек. Бидејќи јас имам име кое значи нешто, имам традиција, имам култура... ти немаш ништо“.

Легитимитет за поткусурување

Еден од најголемите политички гревови што му се припишуваат на Доналд Трамп е што ги сомничеше и не ги признаваше изборните резултати од неговиот претседателски дуел со Џо Бајден. Со такво непризнавање на легитимитетот, јелда, се рушат демократските принципи, се влева недоверба во системот... Само четири години порано, сосема друга песна се пееше. 

Стоунси се враќаат прејаки

После цели 18 години, Ролинг Стоунс вадат нов албум. Тоа може за обични смртници да е долг период, за Стоунси и за желки од Галапагос не е. ‘Hackney Diamonds’ ќе излезе на 20-ти октомври а вратата е веќе подотворена со првиот сингл „Angry“. Како песната? Како кога после којзнае колку време ќе пробаш патлиџан кој те враќа во детството.

Време е кенкачите да пораснат

Основана во 2021 година, RedBalloon брзо прерасна во најголемата и најуспешна американска  платформа за работни места, бизниси и таленти, каде се горди на своето противење на монструозната кансел култура и разбудените идеолози. Погледнете една нивна реклама, со „прцање“ на сите денешни идеолошки тотеми и фетиши.

Заслужуваме ли?

Социјални мрежи се полни приказни за игнорирање на туѓи маки, за немање емпатија, за вртење на главата на страна... Еве една сосема поинаква приказна од животинскиот свет. На бебе слонче му се чини дека човек се дави во реката. Нит мама дал ќе даде, нит тато дал ќе дозволи, веднаш тргнува да подаде сурла.