Видео

Како се сака машко?

Чујте една реална и автентична мудрица. Естетските стеротипи веднаш паѓаат во вода откако ќе ги слушнете нејзините ведри, позитивни и здраворазумски погледи на машко - женската љубов. Се вика Амара Шабиќ Лангиќ, муслиманка со 4 деца, живее во Травник и болува од мултиплекс склероза. Царица!

Најдоброто спуштање во кампањата

Не е за Ромни, туку е за Доналд Трамп. Обама запрашан што има Доналд Трамп толку против него: Се почна уште на времето кога двајцата растевме заедно во Кенија.

Геј егзорцизам

Ваква сцена имаме пред себе: човек кој е опседнат со демонот на хомосексуалноста (иако, по фаца повеќе личи дека има проблем со столицата отколку со демонот) и свештеник високо обучен да го избие педерот од него. Демонот малку се инати, менува глас, се опира, ама на крај попушта (Егзорцистот ептен ербап) и го напушта телото на ова Божје чедо. Кутар демон, со какви будали си има работа.

Приказната за Тејлор Морис

Тејлор Морис и Даниел Кели се дечко и девојка. По некое време, Тејлор решава да се пријави во армијата е и распореден во Авганистан. Таму, во една експлозија ги губи сите 4 екстремитети. Ова е приказната потоа. Предупредување: до крајот на видеото, вашите проблеми може да ви изгледаат глупо.

Обама од Бронкс

Кратко филмче (5 мин) за Луи Ортиз, невработен тип од Бронкс кој ја открива смислата на својата егзистенција кога сфаќа дека неверојатно личи на американскиот претседател.

Гугл не е ист за сите

Резултатите што вие ги добивате на Гугл за едно исто пребарување, не се исти со резултатите што ги добива вашиот сосед или кој било друг човек. Генерално резултатите се адаптираат врз основа на сите податоци што Гугл ги има за вас: од пол, возраст и локација, до претходни пребарувања и пријатели на ФБ.

Комеморација за почит

На комеморациите солзите се вообичаена работа. Кога Том Хенкс држи говор за покојникот (неодамна починатиот актер Мајкл Кларк Данкан од филмот Зелена милја), солзите се од смеење.

Тројката доби трејлер

Класичната приказна со Роберт Дауни Џуниор и Гвинет Палтору, сега станува сериозно помрачна. Главна причина - "воведување" на Бен Кингсли во филмот. Првиот трејлер за Ајрон Мен 3. Премиера - април 2013.

Тригодишен нинџа меѓу сликарите

Малиот има само 3 години, слика со прсти и ги обожава Нинџа желките, особено Леонардо. Ќе му требаат 2 минути и 4 секунди да ви покаже.

Хрчи, мадафака, хрчи!

Во овој клип ќе научите една најјака финта од техниката џиу џицу. Ако зафатот го изведете правилно, противникот по некое време ќе ви се заблагодари што е наспан. Пресмешно е!

Пљачка на деценијата

"Тросед? Џапнат. Двосед? Џапнат. Трк да прославиме!" Ѕирнете како изгледа кражба на кожна ганритура од страна на гарнитура цепаници.

Пронајди го Џејмс Бонд во себе

Да ја правеа оваа наградна игра кај нас задачата ќе беше - подигни извод од матично од прв пат. Соработка на Кока-кола и Бонд, која ќе ве изнатрча за пар влезници за Бонд (ама се исплати).

Неспремни деца

Не е јасно како еволуцијата не ги научила децата никогаш, ама никогаш, да не се опуштаат во присуство на родители. После ова, на бајачка.

Гласот од цистерната

Ако Господ не ти дал глас како на Ана или Игор Дурловски тогаш некако замоли го барем да ти набави цистерна.

Стоунси свират Битлси

Точно 47 години му требаа на ова видео да излезе на виделина. Ирска, 1965-та година, за време на турнејата Ролинг Стоунс седат во хотелска соба и лежерно прават кавери на нивните најголеми ривали. "I've Just Seen a Face" и "Eight Days a Week".

Некоја странска Голубица

Се вика Гнесa, а ова е нејзиниот сингл "Wilder." Песната едноставно ќе ве хипнотизира, ама не на добар начин. Не ни пробувајте нешто да ви биде јасно, само нека пројде. Кој издржи до крај, може да напише во CV дека ја ислушал цела песна.

Сè е до тајмингот

Кога ќе се родиш храбар во вистинско време, ќе ја имаш потребната технологија, одела и падобрани и ќе те запомнат како Феликс Баумгартнер. Кога ќе се родиш храбар но во погрешно време - Франц Рајхелт.

Ќе пука или не?

Уште една од оние брилијантни идеи, што доаѓаат секогаш кога си со два-тројца другари во викендица. Овие имаат замрзнат базен и камера. Греота ќе беше ова да не се сними.

Како ќе тренираат српските фудбалери?

За да не пимплаат премногу, за да не бегаат кога ќе добијат топка, за да не изгорат од желба да ја победат Македонија, дознаваме дека српскиот селектор Синиша Михајловиќ решил во иднина да воведе драстични промени во тренингот на своите фудбалските репрезентативци.

Мало и големо пиво

Песимистот ќе рече: пивото е мало. Оптимистот: пивото е големо. Реалистот: А да го бапнеме и да не ни чуе? Имајте го ова на ум на следната пиволенд/фест приредба каде што служат пива во пластични чаши.

„Оние денови" - вистинска

Bodyform, британски бренд за женски хигиенски производи, е денешниот шампион во спинување. На ироничен пост на нивниот Фејсбук сајт тие одговорија со одлично видео кое стана вирално.

Феликс вежбал во Хрватска

Човекот коj го одушеви човештвото со скок од 39 километри (освен човек од нашата редакција кој тврди дека попрво треба да се слави оделото и технологијата отколку неговиот потег кој е истоветен како да бутнеш вреќа компири), за историскиот скок има вежбано уште од мали нозе, кога се пентарел по коли, огради и каде ќе стигне па сè до посериозни поготовки, како кањони, небодери, рацете на Исус во Рио Де Женеиро... Најблиску до нас, во јама на Велебит, длабока 190 метри.

Кога таа стварно е гуска

Гуските се познати по тоа што се доследно моногамни животни и знаат доживотно да се врзат за еден партнер. Проблем е кога партнерот доаѓа на скутер и кога намерно чита весник додека оваа не заспие. Одлично раскажана приказна!