Ова е стара маалска дисциплина, менување на делови од текстовите, за да се добие нешто од типот: "Гив ми роуп, Џоана!" (или како беше онаа од Глориа Естефан ор самтинг "... свињо дебела"). Десетина одлични "препеви" кои заслужуваат да станат официјални текстови од песните.
Секојдневно се натпреваруваат во различни дисциплини. Некои од нив веќе ги познавате, но еве ги на едно место - ѕвездите на РОИ, секој од нив поедеднакво фасцинантен како Усеин Болт или Мајкл Фелпс.
Можеби е добро што никогаш нема да дознаеме на кој алкохол, дрога или некое трето гајле се наоѓа овој јаден женски створ што вака упорно се обидува да си ги облече наочарите.
Хака е стар маорски танц со кои се изразуваат колективни чувства. Се користи често во Нов Зеланд, од различни групи и по различни поводи. Една од најчудните апликации е кога хака ќе заигра војската.
Имаме две очи за да може да гледаме во 3Д, имаме две уши за да можеме да ја одредиме локацијата на изворот на звукот. Но, зошто имаме две ноздрви? Нели е пологично, како устата, да имаме една (добро, поголема) дупка среде лице? Не.
Џими Пејџ призна дека им требале две години воопшто да седнат и да ги прегледаат снимките од повратничкиот концерт на Лед Цепелин во лондонската O2 Арена од 2007-ма. И уште три години да состават ДВД од тоа. И еве ја првата снимка.
Како изгледа кога симултано ќе провериш (на исти уреди и на иста мрежа) како функционира гласовното пребарување на Apple Siri во однос на новата 2.5 верзија на соодветната апликација на Google? Сте виделе две бесни машини, како се тркаат изедначено од прва до последна секунда? Е па, не така.
Џими Кимел е цар за интерактивно зезање со помош на публиката (досега омилено парче ни беше ова). Овојпат ги повика родителите да испратат видео како нивните деца реагирале откако ќе им биде кажано дека "им ги изеле бонбоните". Да видите само какo тие ја примаат оваа апокалиптична вест!
Кампањите за борба против ракот на дојката досега главно се потпирале на шокирање заради подигнување на свесноста за проблемот (груби оперативни резови, уништена самодоверба кај жените...). Една чилеанска рекламна агенција проблемот го адресира од сосема поинаков агол: што мажите губат?
Да е Јани паметен па да реши да заигра малку на картата на македонската конзервативност и традиционализам. Како се прави тоа? Собираш неколку скопски травестити (ги има, не се секирајте) и сите викаат дека нивни кандидат е - Коце! Можете да ги замислите реакциите? А треба, и онака, што има да изгуби :)
Правилото е: без разлика колку и да мислиш дека е "јако" како играш гледај тоа да не го правиш пред камера, затоа што никој не е фраер 15 години подоцна.
Далечниот март 2012-та, го имавме првиот настап на вујко Дру (а.к.а. Кајри Ирвинг, првиот пик на НБА драфтот 2011-та). Сега Дру оди да сврти уште една партија баскет, ама го зема и другар му Вес (Кевин Лав од Тимбервулфс). Плус, Бил Расел.
Кога би правеле реклама за избори и кога Партијата на пензионерите би ни била клиент, ова е рекламата што би ја гледале. Сепак, овој пат рекламата е дело на Мајкл Мур.
Апашот прави се како што треба: го крши прозорецот од продавницата за компјутери, упаѓа внатре, алармот не го деконцентрира, махерски ги собира сите лаптопи кои ги намерачил, ја полни торбата и.... доаѓа моментот кога сфаќа дека Windows не се крши секогаш лесно.
Јасно е дека во брак често на човек му паѓа мрак, ама, ова е хронично слепило: Кинез ја тужи својата жена затоа што станала грда. И судски добива 120.000 отштета. А кога ќе ја видите јадната како изгледала порано (кога му била убава) и сега (кога му е грда), најискрено ќе му посакате на црепот да си најде пак убава. + исправка од повнимателки слушатели од нас
Еден од најкотроверзните експерименти изведени во "слободниот свет" во кој со електро- шокови се тестира спремноста на луѓето да им се потчинат на авторитети. Колку да се знае, главниот доктор Стенли Милграм бил инспириран од судскиот процес на првиот СС-овец Адолф Ајхман.
Никола Тесла и Марк Твен е двојката која сочинува едно од најчудните пријателства во историјата (стварно биле другари). Едниот саркастичен сатиричар, другиот луд научник, двајцата брилијантни на сопствен начин. Марк Твен пишува за изумите на Тесла, а овој пак во неколку експерименти го користи Твен како "жртвено јагне." Сето тоа некогаш. Kако би излгедале двајцата ликови кога би се појавиле во 2012-та.
Поправна мерка од типот "види што те чека." Млади деликвенти со по неколку прекршоци ги носат во затвор за да се запознаат со своите потенцијални цимери, па сами нека решат што и како.
Новиот исчекор во роботиката се вика "просторно таргетирана комуникација и самосоставување". На нашки се преведува: "сме наебале". За да нè одоброволат, ни покажуваат дека синхронизираните роботи ќе ни носат пиво и чипс на тросед. А во реалноста, ќе ни носат правосмукалка бидејќи командите ќе бидат кај жената.