Видео

Каде е, што прави?

Начинот на кој го изговара своето име со Хасап критериум, истоветната интонација и непогрешливиот трзај на главата нè потсети колку ни недостасува еден култен момент од нашите телевизиски животи. Повторувајте по нас: Биљана Секуловска, Биљана Секуловска...

Возење низ Русија (компилација)

Има возење, има возење на пијано и има возење во Русија. Ова последново е еден чекор пред да станеш бомбаш самоубиец. Едно правило нема што не прекршија, плус некои комплетно нејасни моменти.

"Драга Теа" на крек

Луѓето си имаат разни емотивни и љубовни проблеми. Луѓето често посегнуваат по совет од некој поискусен и поупатен од нив. А она, она е најјака на свет. Тој ја прашува: - "What can I do to get my girlfriend in the mood?" Таа му одговара: - "Wash your smelly ass and balls you nappy motherfucker you." Најјака!

Брза Помош по учинок

Не знаеме како точно е замислено тоа ама ако овие дечки од Брза Помош се плаќаат по учинок, тогаш или а) ќе добијат скратување што на колегите им отвориле дополнителна работа, или б) ќе добијат бонус што на колегите им отвориле дополнителна работа. Под услов клиентот да ја преживее оваа "лажи вере" кривина.

Како се "расипуваат" деца

Гостинка на Кoнан О' Брајан пред некој ден му беше брливата Сара Силвверман. Му покажуваше финти со мобилен и го тераше стегнатиот Ирец да се опушти во поглед на сексуалноста. Еве како тоа изгледа кога емисијата се пушта во соба со дете.

Зошто Кавадарци треба да сади валеријана

Бре Кавадарци, од еден лав се исплашивте. Да видите во Скопје какви сè животни ни шетаат по улици. Туку, да се најдеме во тешкото па да помогнеме.

Заборавени спомени

Васко Серафимов и Гиле (Ел. Орг)

Зошто MTV веќе не пушта спотови?

Објаснувањево не е од никој надлежен од MTV или на кој било начин поврзан со телевизијата, ама го има веројатно најдоброто објаснување на темата. До крај на видеото некако ќе почнете да ја гледате и нивната поента.

Човеково право да си глуп

"Научников" пред нас тврди дека нема ураган туку дека Земјата се врти многу брзо. Ете, тоа е големата привилегија од демократијата, што секој има право на свое глупо мислење.

Мини Тајгер Вудс

Во сенка на популарните спортови, досадниот мини голф си тера своја драматургија, со вистински махери на играта, олимписка посветеност, победи и падови. Да видите колку тоа сериозно се сфаќа.

12 поени за Мекфарлен

Пирс Морган од CNN дознава за бруталниот телефонски повик на Џон Стјуарт до Сет Мекфарлен од Family Guy по повод нивните различни ставови за штрајкот на холивудските сценаристи. И како мало глупо дете (читај: Саше Политико), го с'ска Фарлен да го искористи интервјуто да го шамара Стјуарт.

Хантер и Ричардс

Ако во ова интервју од 1993-та година инсистирате по секоја цена да ја сфатите смислата, може дебело да се разочарате. Сепак, прилично забавно бидејќи се работи за две зезнати величини: Хантер Томсон (Fear and Loathing) и Кит Ричард (Rolling and Stones). Како Сури да го интервјуира Кили.

Harvard, the final frontier

Престижниот бостонски Харвард некогаш даваше лица како Френклин Рузвелт, ТС Елиот, Барак Обама, Томи Ли Џонс (да, да, бил цимер со Ал Гор). Што е најново од денешните студентите на Харвард?

Глувонема некоректност

На заебантите кои позајмуваат гласови во анимираната серија "Family Guy" им текнува дека прес конференцијата има и преведувач за глувонеми па решаваат на жената да ѝ ја извадат маста, нафрлајќи ѝ за превод мрсни зборови и експлицитно описни реченици. А царицата си го одработи хонорарот до последен факинг цент.

Лице кое раскажува

Еден од најекеспресивните ликови што сте ги виделе. И тоа не раскажува било што, туку виолински концерт на Паганини.

Копиљаци, не се дрогирајте

Намерно ја пуштаме оваа снимка за да се види како тоа јадно и очајно и тажно изгледа (ако некој воопшто верува дека е кул). Патем, немаме појма на која дрога се младиве ама ни изгледа како нешто скроз обратно од "спид".

Умот царува а силата во ѕид се мава

"Во човековото тело има доволно крв и за солидна ерекција и за правилно размислување. Само не во исто време". Оваа стара мудрост изгледа важи и за релацијата мускули - мозок. А плус да видите едни пријатели сожалливи што има дечково...

Тролање со мобилен

Финтата добра а дечково навежбан стотка: со својот мобилен на уво се приближуваш до некој што навистина зборува на мобилен и почнуваш да одговараш на неговите прашања. Збунка. Додека некој не ти влепи шамар.

Песна се од жанрот делеше

Како би звучел Џастин Бибер во метал верзија, Слипнот преработен за Дизни, Нирвана во реге а AC/DC во фанк? Пуштајте звучници, супер звучaт овие заебанции. Плус, не те јаде срам што го слушаш Џастин Бибер.

Музичка честитка од Македонија

Вистинско време да се потсетиме на оваа луда дружина: Апостол (режија), Мухарем (вокал), Обама (славеникот), U2 (свадбарскиот бенд) & Рамо (главна машка улога).