Видео

Дени не те чува

Спојте ги проблемите кои Глоријан ги има со ритамот со меланхоличноста на Роби кога пее за Столе (плус додајте аутотјун) и го добивате дечкото кој во моментов важи за најлошиот рапер на светот, и тоа онаму кај што конкуренцијата е најголема, на Јутјуб. Се вика Дени (D4NNY) ама овој Дени не само што не те чува туку те изложува на опасност да убие секаква радост во тебе. Офкорс, симпа.

Од точка А до точка Б

Човекот го занимало каков пат проаѓа една пратка, низ колку раце минува пред да стигне до саканата адреса. Па ставил камера со тајмер во неа и еве го погледот од неговата кутија.

Се роди патриотот во него

За време на прослава на ученичкиот оркестар на малиот му паѓа чинелата. Друго дете ќе се наведне па ќе ја земе. Тој реагира поинаку.

Како се апси во Русија

Колективно апсење на илегални имигранти во едно предградие на Москва. Штета што нема да разбереме како успеале да ги натераат да бидат волку послушни.

 

Маѓепсување крстозбори

Решавање крстозбор е тешко, создавање крстозбор е мака, создавање крстозбор по американски правила (дијагонални црни коцки, без зборови од две букви...) е пекол. Ова што го прави дечкото не треба да е возможно.

Љубовен СМС тест

Како ќе реагирате доколку од саканото лице ја добиете следнава СМС порака: "Види, не бев комплетно искрен/а со тебе"? А потоа ти ќути и не одговара на повици. Ако не сакате да знаете за вас, тогаш пратете ја вие први истата порака.

Југославија во 16 mm

Југославија во 1964-та (а и во следните години), била единствена држава во Источна Европа во која американската авио-компанија Пан Ам воопшто имала линија. Уште тогаш Пан Ам ревносно работи на маркетинг и промовирање на своите дестинации. Ова е краток филм за Југославија од 1964-та. Забележете го првиот кадар и прашањето.

Спин докторот од кујната

Мајката го седнува малиот да јаде. Малиот на пол позиција. Пред да почне сака да ја праша нешто. Во рок од две минути успева да се извади од јадење на вечерата, комплетно да и ги поремети сите уверувања и животни филозофии околу храната и на крај прави таа да заплаче. И сето ова му успева без ниту да писне.

Чифте, чифте, пајтонлари

Никакви посебни културни и забавни проекти не им требаат на нашите тажни градови за да живнат. Ништо. Потребно е само ова масовно да фати замав. Пренкерсајз, уникатниот фитнес стил на Џоана Рорбек измислен уште пред 20 и нешто години, кој, според авторот, е инспириран од движењата на - параден коњ. Ѕирнете и замислете ги нашите патеки, паркови и тротоари, полни со девојки и жени излудени по оваа фитнес манија. Па има ли боље?

Фатени во Офсајд

Ван Перси и уште двајца (не знаеме до толку) им кршат кичма на деца со маалски дриблања. Техникалија: овој "спортски" клип е лоциран овде само за да им покажеме на дечките од Офсајд дека можеме да бидеме побрзи од нив (додуша, по десетици неуспешни обиди). До Јумбо: стандардно, 100 пива и 200 кебапи, фала лепо. Редакцијата.

Гласот на тивките деца

Нашите златни деца знаат да бидат брутални идиоти кон други деца. А жртвите често молчат за тоа. Каин Смит решил да не молчи. Има 11 години и долго косиче. Е добро, мајка му е лезбејка, па што?

Види ги ти прилепчани

Јебеш ти држава ако нема барем две пива кои безмилосно се тепаат на пазарот. Оваа стара мудрост во последно време махерски ја разбиваат прилепчаните од Даб. Она на јахтата така- така, латиницата на новата етикета не ни е баш по ќеиф ама последниов спот - пасент. Изработиле дечките од Футура 2/2 а спотот режисерски "мириса" на Ангел, еден наш супер дечко кој работи во Бугарија.

Ќе зевнете ли?

Одат дечките по светов и зевааат покрај луѓе. Фасцинантно е колку е тоа заразно. Само едни двајца црнци не наседнаа. Ние наседнавме, неколкупати.

Кажи бе како го правиш?

Веројатно од магионичарскиот еснаф ги мразат ваквите колеги кои јавно ги откриваат триковите ама ние другиве едвај чекаме да сфатиме како сме прелажани. Еве еден таков трик за кој ви е потребен партнер, непотребно облечен  како нинџа.

Бегај фока, бегај!

Документарна драма за тимската работа на група китови убијци, полакомени по една јадна фока. Навистина силно пренесена приказна, со сите драмски интерпункции. За крајот нејќеме ни да зборуваме. А што убаво Холивуд ни ги завршува приказните.  

Зошто овие не се на Олимпијада?

Средношколски натпревар во скок во височина (без стап) во Кенија. Да речеме дека повисокиот од двајцата што стојат од страна е висок 170 сантиметри. И сега гледајте.

Кога и редот не е безбеден

Луѓето обично налетуваат на гужва во сообраќај, дечково улета во гужва... со 200.

Ти донесов терсене невеста

Пар хајлајци од свадбата на една руска двојка која, ако овој има слаби нерви, смртта брзо ќе ги раздели. Просто, младата е бич.

Лезбејска експертиза

Како лезбејки реагираат на лезбејски порно сцени? Прилично критизерски, што е нормално со оглед на одамна познатиот факт дека лезбејските порно клипови првенствено се наменети за задоволување на машките фантазии. Еве ги реакциите на упатените во темата.

Рајли кај Стјуарт

Не постојат поиконични "архинепријатели" на американската медиумска сцена од Бил О Рајли и Џон Стјуарт, луѓето кои најдобро го претставуваат контрастот на двете (конзервативната и либералната) Америки. Па сепак, еве го првиот во емисија на вториот, за да ја промовира својата нова книга. Нормално, цело време се пржат ама сепак е милиони години понапред од овдешниот концепт во кој е најважно кој кај кого дошол во емисија и кој со тоа ја издал каузата.

Совети од луѓе што знаат што прават

Како правилно да сецкаш, како се прави омлет, како се прави сос од домати за шпагети, како се пече пиле, како се пече плескавица и слични клучни совети директно од Ентони Бордејн, кој на помош ги собира некои од најголемите готвачи во светот.

Македонското Бам Фу

Не е кунг фу ама е тепачка. Меѓу двајца, тројца, четворица, на ист уред. Играта која официјално стартува денес е дело на едно холандско студио во 45 проценти сопственост на Македонец.

Првиот вкус

Една од ние интернет мудрости прашува: Кога последен пат сте направиле нешто за прв пат во живот? Ова е слично - кога последен пат сте вкусиле нешто за прв пат во живот? Еве некои (мали) луѓе кои ја имаат таа привилегија.