Видео

Јапонските Битлси

Од цел свет, Јапонија најдоследно ја испочитува 40 годишнината од легендарниот концерт на Битлси на врвoт на Епл на Севил Роу, во централен Лондон. Трибјут бенд со најјаки фаци на свет.

Клавијатурите на Дорс

"Гледајте го овој човек", рекол еднаш Џим Морисон покажувајќи кон Реј Манзарек, "тој е The Doors". Надживувајќи го 40-тина години пеачот со кого ја формираше групата, почина човекот чии клавијатури го обележаа звукот на една од најдобрите групи на сите времиња.

Швеѓанштина

Репортажа од несекојдневната и екстремна земја - Шведска. На кратко, добро е да живееш во нејзе, лошо е да си им комшија.

Спортската кола на саваната

Мала анализа на машината со чие забрзување немаат шанса ни Мекларен ни Ферари ни Ламборџини. Лесна шасија, извонредни амортизери, стабилизатор, способност за дрифтање.... едноставно, има се што ѝ треба за да го држи планетарниот рекорд последниве 10 милиони години.

ДООЕЛ Тело

Следните 50 секунди се однесуваат на следните 30 секунди.

Некои денови, да си седи човек дома

Еве на пример, нашиов јунак. Дента му прекипело, решил да го земе животот во свои раце, ги собрал двата најдобри другари и им рекол: "До кога бе ние ќе бидеме задњи абдали у маало, ебан денар немаме, никоја не не ферма, клошари! Тргнуваме, еве јас прв ако ви е фуфка!" Тонч.

Зошто го сакам Наполи

Магијата на овој италијански фудбалски клуб ќе ви ја објаснат два невообичаени авторитети: Роберт Наја (Massive Attack) и Џејмс Лавел (UNCLE)

Најновиот фитнес хит

Озбилни научни истражувања, развивање нови технологии и луцудни удари на инвентивност претходеле на раѓањето на оваа супер справа за вежбање на вашето тело без која нема да можете да си го замислите животот. Па за некои вежби и две ви требаат!

Еве ги и другарките

Темата на скечот е како изгледаат жени кога си даваат комплименти. Веројатно нема една работа што ја утнале.

Ердоган на коњ

Конечно да видиме автентична турска снимка на која не и треба натсинхронизирање. Во главните улоги, величествениот премиер на Турција Реџеп Таип Ердоган и еден коњ во кој одеднаш се буди калеш Анѓа. Поучен пример за сите премиери кои сакаат да јаваат.

Лани ја немаше

После каква сообраќајка шоферот одма вади да го листа локалниот ГУП или ДУП, пошто некои работи не му влегуваат во глава? После оваа.

Кое сранје е овој Канје

Да се фатиш со гзлестана Ким Прекардашиан која нема друга работа освен 24 часа да ја снимаат камери (а кога ќе и падне рејтингот да пушти некое домашно порно) само по себе зборува за Канје Вест. Ама, кога го видовме овој клип, пак си рековме: Добро бе, овој толку ли е глуп? Кај оди со наведната глава (демек нејќе да го снимаат), кај сам се бапнува во знакот, па уште нервозен што го фоткале! Шуга. Дш-дш-дш, звукот од ударот на рипит!

Клип со мистериозни значења

Што и да ви кажеме како најава за овој видео клип ( зошто го пуштаме, што ние гледаме во него интересно и што сакаме со него да постигнеме) нема да ни верувате. Заради тоа сме многу раат.

Ленон и Макартни повторно заедно

Се забрзува инструменталот на леноновата Imagine, се забавува вокалниот дел на Band on the run na Макартни и се добива она што историјата, нивните табиети и ксметот никогаш не ни го приуштија, да го слушнеме најпродуктивното дуо во музичката историја повторно заедно, во иста песна.

Сменете рака

Не, не е ова никакво упатство за благопријатни автоеротични изненадувања. Ја знаете онаа приказна од Евангелието, кога на толпата што планира да каменува жена заради прељуба, Исус им вика: "Кој од вас е без гревови, нека го фрли првиот камен"? Да имаше малку повеќе смисла за хумор, ќе им кажеше каменот да го фрлат со погрешна рака.

Господарот на математиката

Тоа што не разбирате германски нема никако да ви пречи да се помирите дека гледате генијалец. Никој човек не е нормално да знае оволку бројки. Ама никој.

Фудбал далеку од очите

Прастаро е ова видео ама го репостираме заради правилен развој на новите генерации кои треба да видат дека фудбалот не мора да биде само тажен како кога игра македонската репрезентација туку и ултрасмешен, кога го играат Јапонци со монтирани двогледи на глава. Монтирани обратно, кога работите изгледаат пинцурски.

Фејсбук промени во вистински живот

Апдејтот на изгледот и правилата за приватност на Фејсбук е моментот во годината кога сите се едногласни - епа нема цел живот они да прават како што сакаат, готово го гасам Фејсбук. Нормално никој не го брише профилот. Еве како би изгледал апдејтот кога Фејсбук би бил вашиот дом.

Некои парови е греота да не се заедно

Како да знаеш дека совршено си одговараш со некого за до крајот на животот? Никако, за тоа ќе чекаш до крајот. Ама до тогаш, ваков момент секако е добар предзнак. Срцки.

Како мислиме дека ќе ги победиме Кинезите?

Ок де, не ние, ние одамна не се мериме со никого, туку да речеме, ова да беше американски сајт па ние сега дигаме паника, додека нашите деца чмаат на телефони, глеј овие другиве што прават.

Си Ен Ен, камај!

Џон Стјуарт ги фаќа CNN како лажираат драматично поврзување на две нивни репортерки на терен со помош на сателитска опрема, а двете се наоѓаат на ист паркинг. Ги измези, душа им извади.

Како изгледа DDOS?

Веројатно сте налетале на вест дека некој веб сајт бил срушен со DDoS (distributed denial of service), но повеќето корисници не знаат (или не ги занима) како всушност изгледа таа ноќна мора на секој систем администратор.

Дуче како куче

Скроз е добро што оваа земја е антифашистичка. И што во последниот светски пичвајз не бевме од страната на лошото. Но, кога ќе видиш како доброто се справува со лошото, не си сигурен дека секое добро е баш добро.

Ит из ај

Вевчанци, Струмичани, кандидати за избори, сите оние кои се сметаат за мајстори во маскирањето - очекувањата штотуку ни се зголемија.