Видео

Деца, напнете

- Копиљаци, што ќе отсвирите за нашава раја на Оффнет? - Па, планиравме Tool. - Не се заебавајте, земете нешто полесно за свирење. - Само 7 минути, може?

Како не разбираш...

Значи, за сите жени во нашиве животи со кои се изнамачивме да им објасниме што е офсајд додека они тврдат дека е НЕМОЖНО женско да сфати што е финтата. Е, како она може???

Анти анти анти ГМО

Нашата неодамнешна полемика на читатели на тема ГМО добива еден сериозен инпут од страна, кажан на прилично забавен начин; преку прилог на Џон Стјуарт, на сметка на Монсанто и перверзиите со патентирањето. Не се плашете, овојпат нема многу линкови, саде видео е.

Иднината е стаклена

Од оние концептуални видеа во кои ни доловуваат како ќе живееме во блиска иднина, сите со згодна жена, со умни деца и со полно паметни стакла околу нас. И пред 20 години имаше вакви убави најави, па ене, на Љунфер брдо и ден-денес се пие Кавадарка.

На што се смее Путин?

Новинарот: "НАТО тврди дека ракетниот штит не е нaменет против Русија туку против Иран".
Владимир Путин:

Цел шаржер Клеш муниција

Гигантот Гугл постојано сака да ни се претстави како другарче од маало и овојпат -  успева да нè убеди. За промоција на својот медиумски дуќан Гугл плеј објави промотивeн 5 томен видео документарец за Клеш, групата за која музичкиот печат од островот едногласно смета дека е "the only band that matters".  Гугл, е па баш си другарче.

ЦеКа за телефоните и осаменоста

Знаеме дека тупиме со него ама што да правиме кога е цар и кога навистина веруваме дека е еден од ретките генијалци (плус Дежуловиќ) со кои имаме среќа да сме современици. Пазете, објаснува зошто на децата не им купува смартфони. А одговорот се претвора во болно точен есеј за осаменоста и човечката природа. И притоа, сето тоа е урнебесно забавно.

Го викаат Batdad

Човеков има Бетмен маска, 4 деца и профил на Вајн... Не му треба ништо повеќе.

Како се стартува боинг 737

Целата работа е проста како да работиш со тостер, под услов тостерот да има 40 копчиња што треба да ги стиснеш и 17 сијалички што треба да ти се вклучат пред да направиш тост.

Грнчарството никогаш не било послатко

Многумина тврдат дека овој стар занает изумира. А можеби треба само малку да се експериментира со материјалот. Грнчарство, прсти да излижеш.

А, тоа требало!

Џабе ние да им порачуваме на мажите во сушен период да не генерализираат заклучоци за рефлексниот систем кај жените. Џабе. Веќе гледаме како некој, некаде, вечерва се спрема да излезе со акумулатор.

POV: Константин Миладинов

Малку интернет, малку технологија и конечно можеме да видиме како ќе изгледаше патот на Миладинов доколку му се оствареше онаа анатомска желба опеана во Тга за југ.

Искреното во рекламата (Chipotle)

Чипотле е ланец на ресторани за мексиканска храна кој деновиве објави една срцепарателна реклама за страшилото (човек) кое по долги години работа за бездушна корпорација што ги малтретира животните и ви продава ужасна храна, решава да отвори сопствен ресторан во кој целата храна тој ја одгледува. Сега, Funny or Die направи искрена верзија.

Њујоршкиот балет за 11. септември

Обично немаме балет на сајт, ама обично и годишнината на убиството на 2600 луѓе и клучната точка во историјата во последните дваесетина години не ја одбележуваат со балет. Нови почетоци.

Најголемата вистина за целата музика во моментов

Дабстеп може и не е толку лош, колку што лошо го користат. Еве како звучат 90% од песните што мислат дека им треба дабстеп.

Глобтротерот од Тафталиџе

Едно скопско дете растено на баскет терените низ Тафталиџе (Коменски, Братство, Карев...). Од кошарка најмногу научил да дава кошеви, не регуларно, туку во сите можни Глобтротерс манири. Сериозно, не претеруваме.

Марли, речиси во живо

Од објективни причини, никогаш нема да можеме да ја слушнеме Redemption Song од Марли, во живо. Но, ова е мноогу блиску до тоа, најблиску што досега сме чуле. И има логика, неговиот глас да се инкарнира во дечко од Холандија.

Како го запознав татко ти

Како ја запознав мајка ти, ама од перспектива на жената. На кратко, Тед е дроља.

Како функционира еволуцијата

Објаснување на целиот механизам на еволуцијата и како од ништо се создадени милионите суштества што денес ги има на Земјата. Долго е (11+ минути) и постои опасност нешто да научите, па размислете пред да кликнете.

1.000 години Европа

Како Македонец го гледа ова видео: Прилично лежерно и без многу внимание, после доаѓа 1.900-та година и ставаш на фулскрин да не ти промакне нешто.

Симфонија на Жилет

Пред некое време ова го направи Најк со баскети, па после и секакви топки, сега Жилет реши да компонира со тегови и слични фитнес справи. Одлично.

Ферка на мускули

Од една страна дечко што професионално се турка на рака, од друга страна дечко што професионално крева тегови. Три, за позор...

Бен Афлек проговори за Бетмен

Без да навиваме за човекот, за после да не излезе "вие го браневте, вие да си го гледате," ви ја пренесуваме првата реакција на Афлек околу добивањето на улогата на Бетмен и апокалипсата што следуваше по ова.

Секогаш понесете памет со себе

Живот да ти се скрати кога ќе видиш колку малку треба живот да ти се скрати.