Видео

Песни без музика

Некаква кампања за шпанска музичка телевизија, за тоа колку е важна музиката кај песните. Ѕирнете ги клиповите, ако не за нешто друго да видите како шупливо изгледа сето тоа без нешто да ѕенѕа во позадина.

На точак на пруга

Првата реакција по гледањето на клипов беше: сега врзуваш точакот пред првата кафана и не излегуваш од таму. Втората реакција беше: девојчево си се врати назад.

Ај малку љубов

Во следните 4 минути и 20 секунди, приуштете си примирје и заборавете на сите работи кои со право ве нервираат, гневат, снеможуваат или ве прават разочарани од луѓето. Затоа и се тука кучињата.

Балетски објаснета статистика

Кој во животот морал да се тупи со статистика а не е по бројките (поздрав до соборецоот Васе К-15) знае дека тоа е една мошне нешармантна и крута наука. Овојпат, имаме многу досетлив начин како нејзините тајни можат да станат видливи и разбирливи. Ќе беше пофино да е со порно ама јбг, балет. 

Нек иде Дунав

Поентата на понтонски мост е да остане над вода и да биде користен само во итни ситуации, а не како трајно решение. Ама, на овој мост му се паднало да биде поставен во Русија. Бонус поени за дечкото во камионот.

ОУ "Семе Синапово"

Ако со нас ја делите згрозеноста од количеството патетики и споменарски мудрости со кои е преплавен Фејсбук, тогаш да го побараме коренот. Можеби уште во школо така ги учат? Тоа го мисли и Рики од TPB. Им отиде по тоа школските ходници и им се насра. 

Елвис како дромец

Една бесценета фотографија од Елвис Присли и неколку моменти што произлегоа од неа.

Вили ме вози

Две причини за објавување: прво, секој што ја знае музиката на Вили Нелсон знае дека никој и никогаш немал причина вака да реагира. Второ, наидовме на еден совршено точен опис на шизикот: вонбрачно дете на Мит Ромни и Џим Кери. Совршено точен!

Гласови кои ни доаѓаат

До Томас Линдзи и неговиот чудесен глас стигнавме по препорака на некогашната побрадеста половина од дуото Јуритмикс, Дејв Стјуарт.

Романтика на арапски начин

Од оние Арапи, што имаат кафански чаршаф на глава и АК-47 во раце, ја покажува својата нежна страна па со тоа што го има, црта срце на небото. Не бре со чаршафот.

Кoмплетен Ајфон тест

Сите 8 досегашни модели на Ајфон, наредени еден до друг, тестирани истовремени за разни задачи. Резултатите, горе-долу, очекувани.

Научете да ролате

Важи за сите, особено за младината бидејќи не може да очекуваат вечно да го прави тоа некој друг за нив. Особено ако патуваат некаде во странство, да не дозволиме да се срамат. Ролање, базични принципи.

Дали сте среќни?

Бангладеш постојано се наоѓа на врвот на листата на најсреќни земји во светот. За да ја проверат вистинатоста на ова, филмаџии решиле да снимаат одговори на улиците на Дака, со единствено прашање: Дали сте среќни? Им била потребна една недела снимање. Кај нас, волку едноставно среќни ќе ги собираш со години.

Карла Бруни најде кога да заборави

На некогашната прва дама на Франција среде настап и се случи бланк - за момент ги заборави и текстот и акордите на една од нејзините омилени песни, Quelqu'un m'a dit. Ништо особено, само што тоа и се случи на донаторска конференција за Алцхајмерова болест. Не сме сигурни, може е финта, а може... што ни беше муабетот?

Ај па догодина...

Летото е готово. Време е поштено да се испратиме со него и да го запамтиме онакво какво што - не беше.

Еден век Sagrada Familia

Кога Антони Гауди несреќно го изгуби животот од воз во 1926-та година, неговата монументална базилика во Барцелона беше некаде на половина. Да не ја чекаме 2026-та кога е рокот за нејзино завршување; оставштината на Гауди во финална верзија ќе изгледа вака.

И песокот го дигитализираа

Освен ако екраните на нивните омилени играчки- смартфоните и таблетите - не се валкани, денешниве деца не можат раце да извалкаат од играње. Во случајов може, да си играат со песок а во играта сепак да им помага современата технологија.

Тргај бе тоа цигарата!

Со векови се памтат последните зборови на познатите луѓе, како оние на Цезар: Зар и ти сине Бруте? Ама и обичните смртници знаат да заминат со многу логичен цитат.

Разликата меѓу Гугл фајбер и броудбенд интернет

Годинава Прово стана еден од градовите во САД кој ќе добие интернет од Гугл (брзина 1000 мегабити во секунда). Еве како градските власти им објаснија на своите граѓани што значи ова. П.С. Ние уште сме на цревото.

Нема раaт во животов

Ај да се родиш како срна или глушец па онда ти е фуфка од сите. Ама, побогу, и да си крокодил не си раат на оваа заебана планета! А за Македонија викаат дека е мала бара со многу крокодили. Па видете...

Диригирај нè

Дури и во општество кое е лишено од остварување на основна човечка потреба како - нарачување песни на жива музика во кафана, луѓето многу лесно се снаоѓаат во улогата на диригирање на цел оркестар и мавтање со раката кој што треба да свири. Напомена: они ова го прават на трезно.

Key & Peele

Веќе некое време спорадично налетуваме на двајцава, па дојде ред да ве запознаеме со нив (ако веќе ги знаете уште подобро). Едниот е Jordan Peele, вториот е Keegan-Michael Key, и сеирот начесто им е за односот меѓу расите (глумат црнци, белци, латиноси...). За да не продолжуваме со зборење еве 7 одлични клипови од нив.

Како се троши буџет за спот

Бендот Red Fang имаат 5.000 долари буџет да снимат видео спот. И прават видео спот во кој ни покажуваат како се потрошени парите од буџетот. Генијална идеја, речиси како онаа од спотот со спојувалката.

Мујо во Сирија

"Опколено Сараево. Градот се бомбардира, пукаат снајпери од сите страни. Мујо седи на клацкалица на трем и ладнокрвно се клацка. - Што правиш, црни Мујо? - панично го прашува Хасо. - Еве Хасо, го дупам снајперистот". Тoa е вицот. А ова е Мујо во Сирија.