Видео

Таткото Бетмен уште го трпат

Пред некое време на тронот беше Shit My Daddy Says а моментално за најјак татко на интернет важи BatDad. Многу заслужено. Ново пакетче од него.

Како да натерате деца да излегуваат надвор?

Добра вест: децата веќе не мора да имаат уплав кога треба да одат на забар. Лоша вест: децата отсега ќе живеат во постојан уплав и дома. Се продава забарска бушилка за родителите кои во три лесни чекори (?) можат сами да им ги поправат забите на своите најмили. Што може да тргне на лошо?

Краснопис

Ако после овие 5 минути видео помислите: "Пфф, јас на тастатура можам побрзо", тогаш ок e, не сме се разбрале.

Локи се разигра

Откако Хулк онака најпрописно во историјата на филмското мавање му ги прераспореди коските во Авенџерс, на Локи му е лесно да биде размрдан. Том Хидлостон, он д денс флор.

Слакоња го жеже Жижек

Клемен Слакоња го знаете од серијата рекламни спотови за македонскиот туризам во кои како Стив Ирвин откриваше ендемски видови во Македонија. Овојпат има сосема друга мета - живописниот филозоф Славој Жижек. 

Филмски буџет - нема

Ако некој сака да сними видевце а кубури и со пари и со луѓе, еве му неколку евтини трикчиња кои вршат работа.

Повторувањето е мајка на гледаноста?

Секогаш е убаво кога ќе се појави некоја вест која на уредникот ќе му даде шанса малку да го разведри дневникот и да покаже дека ете тој е пошармантен и подосетлив од она што остатокот има да го понуди. Одлична шанса за ова е веста дека Мајк Маерс (Остин Пауерс, Вејнс Ворлд) наскоро ќе стане татко.

Најдобрата Џекес намештаљка

Му ја прават на Џони Ноксвил, и не, нема никакво насилство, кршење коски или крв, туку само другарски чиста злоба. Брилијантно.

Како да се правите Енглез

Дејвид Ли е професор на ФДУ во Алберта и е махер за акценти. За само две минути и неколку добри трикчиња (што телесни, што звучни), ја открива тајната како секој може да звучи надмено англиски, небаре е Лоренс Оливие или Џон Гилгуд.

Никогаш повеќе топло пиво

Двајца дечки ја решаваат вечната ноќна мора на пивопијците со многу прост метод. Никакви хемии и лабораториски опреми. Ако нејќете да им го купите алатчето, работа ќе заврши и бор машина.

Троновите со нов муабет

За тие што ги гледаат Троновите, посебен момент ќе биде дијалогот на Џофри со Санса. Надвор од ова, фантастично монтиран муабет базиран на движењата на устите на актерите. Нормално, нема врска со серијата.

Данска, конфликт менаџмент

Додека некои педантно го читаат последниот извештај на Европската Комисија за Македонија, бараат финеси и суптилни пораки надевајќи се дека ТАМУ е вистината за тоа до каде сме стигнале, да си раскажеме ние една маалска приказна од Данска, за која имаме и видео извештај.

"Серем вам се у тон филм!"

Дубаи? Да, тоа се облакодери, Бурџ Калифа, раст, прогрес, богатуни, гламур... А сега, за опачината: импозантна (нема да ви се верува!) колона од цистерни - говнаруши кои не успеваат да го испразнат секојдневниот "товар на напредокот" на Дубаи. Секоја сличност со скопските маала кои изминативе години набабрија во себе и каде секоја куќа стана зграда а цевките останаа со исти цолови... ќе ја видиме наскоро.

Што да се криеме?

"Како да собереш телефон од девојка" е посебен жанр на интернет кој има десетици досетливи решенија. За следниов начин човек треба да биде или многу очаен или многу одважен. А во секој случај да биде оптимист, дека ќе налета на вака расположени жандари.

Дафт Панк на рубикова коцка

Дека е махер, махер е. До толку што му здосадило да спарува бои на коцката па решил истата да ја користи за титлување на текстот на Harder, Better, Stronger, Faster. И стига бе!

Крвави спорт, јуниор

Ако сте решени денес никој да не ви ќари ниту една насмевка тогаш подобро прескокнете го клипов. Исто важи и за тие што мислат дека се глупи видеа со мали Јапончиња како тренираат таеквондо.

И Холандија има Рамбо

Којзнае колку ли е тој несфатен од своите сонародници. Кој по точаџи, кој по марихуана а тој по Рамбо. Спојлер: Сам себе го убијал.

Вака не се работи

Момент од жива програма на една сиријска телевизија кога блиску до репортерот се случуваат две експлозии на терористи самоубијци. Јаден човек....

Бразил не дава втора шанса

Видеото почнува како уште едно од оние видеа на кои се палат моторџиите, и во неполни 4 секунди се претвора во прописна Квентин Тарантино сцена. Целиот клип е сниман во Сао Паоло со камера монтирана на кацигата на моторџијата.

Изолирани песни

Само вокалот и тишината околу него, без ниту еден инструмент. Интимност на ниво како Боуви или Марвин Геј да ви пејат во ваша соба. Сите песни се земени во оригинал како што биле за спот и потоа им е тргната целта музиката.

Ентони Бордеин дозна за Македонија

Тоа е добрата вест. За малцинството идиоти во мнозинскиот народ имаме и лоша вест: за добрата вест треба да му заблагодарат на Албанец.

Час по филм

Кратка лекција за снимање филмови во која се опишани 5-те техники на рускиот режисер Пудовкин. Човекот е малку познат надвор од филмски кругови, ама неговите техники ги има во секој подобар филм што во последниов век е сниман во Холивуд и низ светот.

Синдикалка на денот

Ненси Салгадо, самохрана мајка на две деца, 10 години на минималец во Мекдоналдс, неуморна во битката да се покачи сатницата на 15 долари. И има петља да го прекине говорот на врховниот господар на компанијата, Џеф Стратон.