"Не ти треба мислењето на луѓето во врска со факти. Тоа ти е како да правиш анкета 'Кој број е поголем 5 или 15?' или 'Дали бувовите постојат?' или 'Дали има капи?' Дебатата за климатски промени не треба да биде дали постои или не, туку што можеме да направиме во врска со тоа." П.С. Истиот овој формат важи и за секоја дебата што ви изгледа сулуда, како вакцинирање и слично.
Откако згрна милиони додека јавно ја брукаше својата мајка Деби Матерс (се сеќавате на Cleanin' Out My Closet?), Еминем изгледа го стигнаа "трубите на совеста" па реши преку песна да ѝ се извини за сите срања кои ѝ ги приредил. Ако може тој, може секој. Јавете ѝ се на мама.
На примерот на овој окотопод кој одвнатре го одвртува капакот на теглата во која е заробен, ќе видите колку е силна и универзална желбата за слобода. Откако ќе видите што прави тој откако ќе се ослободи, ќе извлечете уште некое наравоучение.
Сите ја чуле таа фамозна дневна доза од препорачани 2.000 калории ама како тие изгледаат во реалност? Хеј, можеме да изедеме 67 моркови во ист ден? Па што не кажете така!
Инспиративно видео во чест на човечкото стопало и неговата генијална конструкција и дизајн. Стопалата се и доволно цврсти и доволно меки. И ако газат по тврда површина стануваат помеки, а ако газат по мека, стврднуваат. Поентата е: стопалото е направено за одење. Станете и одете! Оп, табуретката е за нас!
За разлика од Кончита, кој е скроз згодна (граматико, како е?), ова видео е правено од сосема поинакви мотиви, за сите оние жени кои мора да ги трпат своите неизбричени мажи.
Видеово е 54 секунди. Во него има едно здраво Ламборџини, кое во рок од оваа минута ќе се претвори во слупано Ламборџини. Без разлика како ви звучи, клипот е преполн со тензија.
Во духот на направи што е можно поголемо подобрување со што е можно помалку труд, ви претставуваме неколку речиси бесплатни фори за луѓе што ќе направат да изгледате како навистина да знаете што правите со фотоапаратот.
Уште од легендарниот "Ај оф д тајгер", немаме сретнато ваков бисер на некој од многуте избори за таленти. Вин Буи има 19 години, одбира да се претстави со позната песна од Џон Ленон на која ѝ додава (тоест одзема) комплетно авторство. И глас и топење гитара. Не пројде пошто го мразат од жирито.
Приказната е за Џони, поштарот за целата вселена. Џони е мрзлив. Џони сака да спие и да јаде, и ако може да не заврши никаква работа, а работата да му заврши. Џони е како да работи на шалтер. Кога ќе го загледаш, Џони е сè спротивно на Wall-E.
Кога ќе решите да фрлите некое месо на жар, ова е единствената книга која ќе сакате да ја имате покрај себе. Не, не е ова книга со рецепти и совети. Ова е врвна декаденција!
Насловот беше премногу добра шанса за да не го ставиме тамбот, иако видеото нема никаква врска со Тетовирање. Има врска со тоа како изгледа тетовирањето кога ќе ја забавиш снимката, и ќе го покажеш допирот на секоја игла со кожата.
Му напишале што да чита, тоест кого треба они да убијат, и ја чита тој листата: Буш, Оланд, Буш, Клинтон.... и таман кога врти страница, со свои зборови додава уште еден човек за одстрел.
"Робот ќе го ослободиш за едно 100 години, на жените ќе им дадеш право на глас за едно 150 години ама на почетокот на демократијата, малку геноцид не е на одмет". Лекции по демократија и друго од Курт Вонегат, во еден од неговите последни јавни настапи, кај Џон Стјуарт.
Намената на влошките е комплетно јасна, исто како и проблемот што што го решаваат, ама и покрај ова секоја можна реклама за кој било бренд упорно користи сина боја. Зошто? Затоа што вака изгледа ако ставиш црвена.
Џек Вајт најави дека албумот Lazaretto ќе оди и на винил. Ама ова ќе биде возбудлив, 2.0 винил кој има скриени песни, свири на три брзини, која верзија на песна слушате зависи од тоа каде сте ја ставиле иглата, а иглата некогаш оди и нанадвор. Чудесии!
Многу е глупо кога имате видео кое не можете да го најавите поинаку освен со она "не сте виделе вакво нешто". А стварно, не сте виделе вакво нешто. Јеботе!
Кога медиум ќе спомне некој бренд по лошо, најредовната закана е - никогаш веќе нема да видите реклама од нас и слично (ова веќе ниту е интересно, ниту пак некој ќе се изненади со вакво однесување). Во вака задушена (и досадна) околина ви го пуштаме одговорот што Џон Оливер го доби од производителот на сокови од калинка POM Wonderful откако ги ругаше на телевизија.
Она што ќе го видите е од збор до збор драматизација на автентичен судски записник. Се работи за пред-парнична расправа која се претвора во апсурдно надмудрување околу дефинирање на фотокопирот. Гледајте до крај, оној што треба да сведочи на крај попушта под притисокот и е принуден да одговори конкретно.
Лоша вест е што нема шанси од неа да добиеш хендџоб. Добра вест е што ништо не те кошта да ја замараш со тоа јер нема шанси ни шамар да попиеш. Озбилно, чујте колку е тоа една неподнослива жена.
Четири случаи на случајно патување низ времето. Ќе чекавме некој мртов озбилен да го објави и да изведува мудри заклучоци ова па да го сместиме на дното, кога оно, и ние имаме претставник таму! Човекот кој за жал во последно време никаде не може да патува.