Видео

Колку добро ти работат ушите

Целосниот распон на идеален, неоштетен човечки слух се движи од 20 до 20.000 херци. Ние на 14.500 почнавме да лажеме дека уште слушаме. Пробајте се и вие.

Што има лошо тука?

Видео кое потсетува на легендарната приказна од Босна, кога криејќи се во подземен бункер од бомбардирања, група мангупи ѝ даваат џоинт на баба која им побарала цигара. А таа, по некое време извикува: "Отварајте прозоре да баба полети!" Оваа баба е на колачиња.

Мажишта

State of Origin е годишниот судир во рагби меѓу екипите на австралиските држави Нов Јужен Велс и Квинсленд. Клипот е од претходните години. Насловот не е заради целиот ќотек што го изедоа, или затоа што по маичка јуришаат на грамади кои им се смртно гневни, или затоа што сметаат дека бокс во лице е дел од работата и нема што за тоа да се потресуваат и да драмат, насловот е затоа што не им се откажува додека не ја завршат работа.

Ете ги: Темпера!

Пази молим те, некои ги викаат супер група. И види чудо, има тоа логика, јер се супер дечки и јер се супер музичари. Темпера се Тања, Гино, Џоле и Мите и за наше добро ни ја пуштаат "Пластични кули". Се слуша гласно и разиграно. 

Како денешните деца реагираат на стар компјутер

Ги видовме нивните урнебесни реакции на вокменот, сега е на ред да се соочат со прастар компјутер.

Машка јанѕа од соништата

Малиот го јаде една мака заради која ќе му завидат многумина големи мажи.

Хајнекен на штикли

Ние обожаваме жени кои пијат пиво. Хајнекен уште не е дојден до таа лекција.  

Морган Фриман на хелиум

Многумина сметаат дека ако некогаш ни се јават вонземјани и побараат муабет со некоj од овде, единствен глас кој може да им остави впечаток е оној на Морган Фриман. Додека не му испаднала таква задача, 76 годишниот актер фино се зеза со инструментот кој може да ја спаси планетава.

Колку е богат Бил Гејтс

Сите знаеме дека основачот на Мајкрософт е богат, пребогат, пребогат у пичку матер. Но, што тоа навистина значи, дозволете да ви долови астрофизичарот Нил ДеГрас. И бидете спремни за евентуален удар на депресија.

Вил Ферел вс. Чад Смит, се случи

Мала историја: Ферел (глумецот) и Смит (тапанарот на Ред Хот Чили Пеперс) не се во никакво сродство, ама изгледаат како да се правени со копи/пејст. Со години двајцата ги мешаат на интернет, сè до еден момент кога им пука филмот и решаваат да се пресметаат еден со друг - ферка во лупање тапани. Еве ја ферката од синоќа вечер кај Џими Фалон.

Три начини на отворање вино

Вториот начин сме го пробале и функционира. Третиот ќе го пробаме кај и да е.

Ѓаволот се крие во базната

Африкански егзорцизам со пресврт.

Кен Блок vs. Луис Хамилтон

Секој во своја кола. Што друго треба?

Брус Ли, кралот на романското подземје

Зборуваме за буквално подземје, за цел комплекс на тунели и простории под Букурешт, и луѓето кои живеат во нив. Условите за живот ужасни, приказните подеднакво страшни, наркомани, сираци, џукели (вистински, не метафорички), сите на исто место. На сите им е главен Брус Ли.

Предлог за интервентна набавка

Концептот е соларни автопатишта, поточно се што моментално е асфалт и павер елементи да биде соларни панели. Не треба ништо да измислуваме, се измислиле, само да се инсталира. Сега гледај.

За дебелите девојки

Луи Ц.К. се мести пред цел свет за да покаже како мажите само заради тоа што не веруваат во себе ги казнуваат сите оние девојки со кои тие инаку природно би си одговарале. Карши него, феноменалната Сара Бејкер како девојката што ги дели шамарите во име на дебелите девојките.

Чекајќи го басот

Технаџии ќе разберат, рокери уште повеќе. Официјален наслов на клипов e - When Will The Bass Drop. Неофицијален - Секој можен (хаус? денс?) ди-џеј.

Луѓето се за на вулканизер

Шест и нешто минути некои Руси си играат на огромна ледина за да видат како човек пробува да оди право со врзани очи. Многу лошо сме баждарени.

Примени сте на факултет

Америка, земја во која младите се радуваат кога ќе им стигне одговор дека успеале да се запишат на факултет. Ете, до толку се тие чудни :)

Од каде доаѓаат идеите?

Леонард Коен велел "да знаев од каде доаѓаат добрите песни, ќе им одев таму почесто." Дејвид Линч на ова ќе го додаде следново:

Акустична Металика

Првпат свиреа вака 1998-ма на MTV Unplugged. А ова е од пред некој ден во Л.А. кога наместо својата јеах дискографија, понудија акустични преработки на Битлси, Ози Озборн и Дип Парпл.

Данска ве собира за гласање

Кога по речиси 25 години продавање на сите можни избори во државата како последниот чекор за спас од апокалипса, ќе видиш како Данциве се однесуваат со изборите за Европски парламент, не можеш а да не заклучиш дека они всушност појма немаат од живот и не се свесни дека се пред најголемиот и најважниот избор во историјата. Ова е една од официјалните дански реклами во која гласачите се повикуваат да излезат на избори.

Како се станува маж во различни култури?

Малку популарна етнологија преку Базфид. Симпатично визуелно претставување на различни ритуали низ кои машките деца стануваат возрасни. Мажишта, ај се кладиме дека кон крајот на видеото ќе ви се слоши, ќе осетите слабост по цело тело, ќе почувствувате болка по што ќе го погалите своето милениче со нежност која одамна му ја немате покажано?

Како рибар пали правосмукалка

Не мора да имате објаснување па да сфатите дека се работи за маж кој везден е по риба со својот чамец. И ете го, решава да ѝ помогне на жена му околу некои домашни работи.