Видео

Само за публика

Некаде во Романија, на некој од тие културно лето и слични фестивали. Изведувачите одбрани за најдобро што можат да ја доловат душата на народот што живее во општината и богатата историја. Нормално, сè за права публика.

Што ти е наука

Не се толку забавни како што тоа го замислува човекот што ги презентира, и да не се лажеме нема никогаш нема да ви завршат работа во живот, ама крај на недела е и до крај на работно време би гледале и боја како се суши.

Каде ми е сонцето?

Некако ова е најдоброто видео за крема за сончање што ниту еден бренд не го искористил за реклама. Ама па од друга страна, оди па не купи крема за сончање после клипов. Какои да е, да не ве вадиме од памет, ама еве како му излгедате на сонцето без заштита.

Кучето, најдобриот пријател на рибата?

Дали да го гледаш за тоа што не е свесно колку не знае, или колку е упорно за да и помогне на друга душа, или затоа што инстинктот за помош му е посилен отколку инстинктот за прејадување.

Како Shark Week стана исто ѓубре како и Дискавери

Неделата на ајкулите е воведена на Дискавери од крајно образовни побуди во времето кога Дискавери пушташе образовни содржини, а не "старо купуем" во дузина различни верзии.(Како е можно да има магацин што уште не го отвориле?) Денес неделата е исполнета со лажни документарци за праисториски џиновски ајкули и кампањи за престрашување на јавноста од големата бела ајкула.

Ликовите на Робин Вилијамс

Првата голема улога на Вилијамс е 1978-ма во ситкомот "Mork and Mindy," од тогаш тој се распостелува низ речиси секој можен жанр, а во 1998-ма добива Оскар за најдобра споредна улога за неговиот лик во Добриот Вил Хантинг.

Животот на рикверц

Најлоша навика што човек може да ја има е вината за своите проблеми да им ја префрла на други. Ама ако си 30 и кусур години и си доволно дебел да се задишиш од качување два спрата скали, тогаш биди сигурен дека мајка ти е крива за тоа (и баба ти, и тетките и вујна ти...)

Долина на мајагерито

Од ова турскиве серии ја заборавивме умешноста на снимање на асална турска акциона сцена. Луѓе само можат да жалат што денес го немаме ова. НЕ-ВИ-ДЕ-НО!

Престанавме да сонуваме

Никој не сонува за градот на утрешнината, никој не сонува за животот во утрешнината, никој не сонува за домот на утрешнината, никој не сонува за транспортот на утрешнината. Сите ја имаат заборавено идната, секој планира за извештајот за овој квартал или за следните избори, "утрешнината исчезна." Нил ДеГрас Тајсон за тоа како ние луѓето заглавивме на Земјата.

Како се пржат смрзнати кременадли?

Мудроста вели дека на смрзнато месо треба да му се даде доволно време бавно да се пушти до собна температура. Науката вика, може и смрзнато да се буфне во тавче, ако се знаат пар трикчиња.

Премногу среќни луѓе на едно место

Компилација на "дел од секунда" моменти. Наспроти сите очекувања здраворазумски и статистички, сите се со многу среќен крај.

Марвел Универзум - фаза 1 и 2

За регуларната филмска публика, Марвел во изминативе десетина години само трупа нови филмови и продолженија со супер-херои. За тие што малку подобро се запознаени со стриповите на Марвел, сосема е јасно дека тие го градат филмскиот Марвел Универзум, кој треба да кулминира во претстојните години. Чувари на Галаксијата веќе е фаза 2 од проектот. Еве што направија до сега.

Селски громе мој

Се викаат Steve'n'Seagulls (очигледна алузија на познатиот актер Сенегал) и ај што се сељаци туку се најхардкор сељаци на свет. Еве зошто.

Кружен тек vs. БМВ

Борбата е во совладувањето на кругот. Кружниот тек е 1, а БМВ-а има 6 и тоа двојки. Конкретно M235i. Целото снимање е вежбано и организирано, ама не е снимано.

Балерина на денот

"Драга кандидатке,
Ви благодариме на вашето пријавување во нашата балетска академија. За жал, не сте прифатени. Немате вистинска нога, ахилова петица, вртење, силина на торзото, гради. Имате погрешно тело за балет. А на 13 годишна возраст, престари сте за да ве земеме предвид"

Кличко лекции по чаталење

Во 2010-та Виталиј Кличко крајно професионално (и во негов стил) 12 рунди го ќофташе Шенон Бригс во борба за одбрана на титулата во WBC. Годинава Бригс прави камбек и сака на секој начин да го привлече вниманието на другиот Кличко, Владимир, кој во САД тренира за борбата во септември. Во последниот обид Бригс му седнува на маса на Владимир, сред ручек. Понатаму се случува видеото.

Па ова да ти биле преслатки суштества

Јуниорска селекција кози, расположени да возвраќаат поздрав како деца во градинка. Колишевски, шејм он ју.

Луѓето што прават "Шаркнадо" филмови

"Шаркнадо беше филм на кој ја направивме најдолгата листа на актери кои нè одбиле да глумат во некој наш филм... Еден ден по премиерата на сите им беше јасно дека ќе има и втор дел, сите ни се јавија за да ги избереме."

Како тоа Смарт е побрз од Мустанг, Ауди и Порше?

Ако сме искрени не е некое независно истражување и не е некое шоу за автомобили (Топ Гиар или слично), туку е реклама на Смарт. Ако и понатаму сме искрени, рекламава не лаже, само има сопствена перцепција на работите.

Непријатната вистина за чистокрвните кучиња

Токму чистокрвноста е причината зошто вие мислите дека неприродно тромавиот булдог е сладок и интересен за гледање (без разлика што речиси сите имаат изместување на колковите, животниот век им е 6 години, едвај може да дишат затоа што им е сплескан носот, а главата им е толку голема што се пораѓаат само со царски рез). Дечково има уште неколку непријатни работи што сака да ви ги каже околу чистокрвните.

Орден за решавање бебиња

Тазе родители ќе го гледаат докторов како магионичар дојден од друга галаксија, со единствена мисија да ги спаси од ново-породените маки. А веројатно и нему ова му е полесно него цел ден да му трешти ординацијата.

Мајкл Џексон, Принс и Џемс Браун!

Не, нема да ви пуштиме три видеа, туку едно единствено. Сите овие тројца, еден до друг, на иста бина. Да застанат денес така заедно, со своите гравитации ќе направат таква црна дупка која има да ја проголта сета денешна музичка сцена.