Видео

Метју Мекконахи, пред да отвори

После True Detective, Dallas Buyers Club и Interstellar, Метју Мекконахи заслужено стана еден од најталичните фаци во денешниот филмски свет. Пред 22 години, на аудиција за Dazed and Confused, многу Драчево.

Коце, земај го

Ако овој не зема плата за четворица, тогаш работи џабе.

Психо во шумата

Многу језива сцена во една шума во Полска. Нема крв, мрв, ама само помислете да налетате на некој ваков лик. Ќе побарате мечка и со неа ќе се разберете ко луѓе.

Никаде како дома

Нил деГрас Тајсон објаснува колку долго човек може да издржи на другите планети од нашиот систем. Спојлер: седете си мирни.

Љубов за цел месец

Љубов е магазинот, а магазинот прави календар со по едно видео дневно за 31 ден. Во овие 31 ден ги имате: Миранда Кер, Исабели Фонтана, Лили Албриџ, Емили Ратајковски, Адријана Лима... Може сите на брзина да ги изгледате или стварно да терате цел месец со нив.

Трагедијата на разиграниот боксер

А сè што тој сакаше е да танцува и да изгледа како страшен боксер. Толку многу желби, толку многу ќотек.

Топ Гиар неферски

Елон Маск, основачот на Тесла моторс (пред тоа ПејПал и сл.), одговара на прашања на ЈуТјуб, меѓу нив за дебаклот на Теслата на тестот на Топ Гиар. Неговата верзија - прво не е точно, второ не мора да ја повторувате снимката цело време, трето чекаме суд.

Ситно, ситно

Добар келнер ќе ја научи целата техника за сечење, ама ќе стане одличен тогаш кога само од себе ќе му дојде да го направи последниот потег.

Оливер во најава

Колбер нема да се враќа (на старото место), ама Џон Оливер ќе се враќа и ништо нема да биде исто како до сега. Премиера - 8-ми февруари.

Навреден си? Па што?

За сите оние кои сега ќе почнат да ја релативизираат грозоморноста на парискиот масакр со наклапања како не е убаво да се навредуваат нечии чувства и како слободата за заебанции (па и бласфемични, што да не?) важи само за "својот Господ", одиме повторно со една манифестна  стенд-ап литургија на Стив Хјуз.

Еди Рама кај Зоран Кесиќ

Во новогодишната 24 минути (по формат нешто како Дејли шоу), требаше да гостува Алексендар Вучиќ. Наместо него во емисија се појави албанскиот премиер, а подоцна и неговиот брат.

Убавината на Ф1

Директните преноси не можат да и го посветат вниманието кое го заслужува која било Формула 1 трка. Вака монтирано и од дистанца изгледа како да го пропушташ најинтересниот спорт на светот. Сето ова е од 2014-та.

Ѕвездите на Ватикан

Сестра Кристина е победничка на "Гласот на Италија" 2014-та. Да види нешто вакво кај нас, владиката Петар има да издејствува синодска забрана за пеење, ќе фрли анатема на микрофоните и после ќе ја тужи Кристина до Судниот ден.

Избришани сцени од Борат

Саша Барон Коен и неговиот Борат се луѓето кои на екраните совршено споија два принципа: гандиевство (користење на својата немоќ) и аикидо (користење на силата на противникот). Неколку сцени кои не влегле во финалната верзија на филмот, а исто феноменални.

Штом зине - лаже

Заебот се вика "ефектот на Мек Гурк" а човекот кој го проучува 25 години признава дека неговиот мозок се уште паѓа на истата финта. Наравоучение кога слушате политичари: не ги гледајте во уста.

Ако е песната добра, и ла-ла-ла врши работа

Дали сте автор или само потпевнувате некоја песна, ла-ла-ла е универзална замена во моментите кога текстот ќе се умори. Колку и да е тоа будалесто решение, има песни кои се памтат токму поради тоа ла-ла-ла.

Има ко бадем да те истресам?

Официјалната постапка за собирање бадеми со пропратна механизација. Името на машината е - тресачот.

Марвел Универзум хронолошки подреден

Како би изгледало кога сториите од филмовите и серијата се соберат во една хронолошки спастрена лекција по историја, која ќе ја раскаже досегашната приказна во светот на Марвел.

Мантра за 2015-та година

Повторувајте ја во себе или пејте ја гласно, во секоја можна прилика: кога читате медиуми, кога седите во кафана, кога размислувате политички или дејствувате сосема приватно.

Во името на отецот, синот и Бијонсе

Снимка од концертот на Бијонсе во Нешвил и моментот кога еден фан ќе успее да го допре Светиот дух.

Вести 2014

"Види ги сите овие луѓе кои ја изгубија својата работа." Блупери од годинешната работата во живо на телевизиските вести.

На работ на науката

Отидете до кујна и земете го најостриот нож што го имате. Можете да му ја видите острицата? Не можете. А не дека сте тапа.

Ваахабистите и проширувањето на деловниот простор

Исламот генерално ја забранува содомијата но бидејќи џидахот е поважен, истата се дозволува за да се прошири аналниот отвор како во него би собрало експлозив (?!?). Да, да, и нас не ни се верува. И пазете, не е ова некојси сиријски пичковац, клерикот кој ги пренесува овие упатства живее во Лондон. Во секој случај, со среќа вежбањето.

Давид против Голијат, домино стратегија

Како да го направиш првиот чекор кога знаеш дека си премал и преслаб а гледаш дека конечната цел е огромна и ти изгледа недостижна? Добро, никој овде не учел физика?