Видео

Брада за долар

Со финтата за долар месечно претходно растурија со бричеви. А кога не сте по бричот, тогаш сте по брадата.

Луѓето што собираат пари за вам да биде подобро

Телеевангелистите се една од малкуте ступидни работи на кои сите овие години успешно им пркосиме да не си ги нагрбачиме сами на себе. Од сам старт сме запоседнати со гатачи и исцелители, кои и покрај ограниченоста на целата нивна логика, успеваат да стигнат до неочекувано голема публика, меѓутоа не и да направат некоја страшна штета (со чест на исклучоците). Поентата на Џон Оливер е - тоа што некој е доволно наивен да верува во вакви работи, не значи дека треба да го злоупотребиш.

Чад од цигари вс. пареа од е-цигари

За сега цигарите главно се полоши само затоа што сме имале доволно време за да видиме колку се штетни. Тоа што првите се полоши, не значи дека вторите се добри.

Што сè дознавме од Нови хоризонти за Плутон

Во јануари 2006-та, од ракетата Атлас 5 беше лансиран Нови хоризонти. Една година подоцна прелетува покрај Јупитер и ја користи неговата гравитација за да добие дополнителна сила и да стигне до Плутон. Кога стигна таму, ги вклучи инструментите и почна да собира податоци.

Паѓај жицо и неправдо

Додека ние седиме бесполезно или талкаме по интернетите, некој се затворил во гаража и го правел ова! Ако гледањето на оваа справа не ви изнуди моментална радост во душата, некој дел во вас одамна има прегорено.

Бакнеж одложен 16 години

Прекрасно илустрирана приказна за младите Николина и Марко од Мостар чија детска романса бива прекината од граѓанската војна во Југославија.

Против општонародна одбрана и заштита

Минатата година ова време во Фергусон, Мисури, беше убиен Мајкл Браун. Браун беше црно момче, убиецот беше бел полицаец. Ова последователно доведе до немири, немирите до пљачкосување и уништување на продавници, што речиси и да немаше некоја продавница која беше помилувана. Годинава сопствениците на уништените продавници подготвени ја дочекаа годишнината од убиството на Браун и очекуваните немири.

Договорот меѓу Луи Ц.К и Робин Вилијамс

Во една од епизодите од Луи, главниот лик (Луи) и Робин Вилијамс се среќаваат на погребот на еден заеднички пријател. Двајцата се разделуваат со ветување дека кога едниот од нив ќе умре, другиот ќе му дојде на погреб. Денес е една година од смртта на Робин Вилијамс.

#НаTаблет

Превозно средство, големо колку таблет, 4 тркала, 10 километри пред да се испразни... па уште оди и нагоре! Како бе така?

Удри Брус Ли!

Пред да знаеш дека "даската не го враќа ударот," треба да искршиш неколку даски. Пред да пуштиш клип од дете како полага за бел појас, треба да имаш вовед за клипот.

Илузијата на лоши компјутерски ефекти

Луѓето мислат дека компјутерските ефекти (CGI) се лоши и ги расипуваат филмовите бидејќи луѓето можат да ги забележат само лошите компјутерски ефекти, добрите минуваат глатко и незабележано, па никому не му доаѓа да ги пофали. Барем таква е теоријата во видеово.

Хашки момент на вистината

Ако се прашувате како оној злотвор Шешељ успеваше сам да се справи со целата таа озбилна машинерија наречена Хашки трибунал, да потсетиме на еден легендарен момент со судијата Жан Клод Антонети, кој патем беше еден од попристојните господа во таа ергела дебело платени хашки кадии.

Како се калеше мајсторот

Џејк Вејдман е еден од само 12-те луѓе во светот со титула "Master Penman". Вејдман е речиси 3 децении помлад од останатите 11. "Кога луѓето ќе ми кажат - правиш ова да изгледа толку лесно, си мислам - ти не беше со мене кога бев буден до 4:30 наутро и работев на ова. Луѓето обично го гледаат крајниот резултат, ама не го сфаќаат трудот што е потребен за ова."

Реклама од луѓето што не ја разбраа Лолита

Реклама од 1975-та за линија производи за бебиња (креми, лосиони, пудри...). Главен лик е длабоко полнолетна девојка која прави бебешки работи со цел да покаже дека - невиноста и посекси отколку што мислите.

Осилото ни е во главите

Како луѓе реагираат на конфети и боцкања од чачкалица? Најдобро се проверува ако влезете во лифт со пчеларска унифоирма и неколку кутии во раце. Сите најјаки, последниот најпојак.

Како ќе заврши селфито?

Зарем мислите дека Севишниот случајно ве навлече на нешто што личи на громобран?

Сите кариери што почнаа на Дејли Шоу

Како што доаѓа крајот на владеењето на Џон Стујарт, така се редат и сите подвизи на шоуто. Бројот на ѕвезди што ги има лансирано шоуто е едно од најважните одликувања што може да ги има.

Задолжителен трејлер на денот

Настанот е важен со самото тоа што го најавува почетокот на втората сезона од еден од најважните социолошки експерименти од овој период на постоењето на човештвото - "The Moaning of Life," документарецот во кој Карл Пилкингтон шета низ планетава и го запознава светот.

Секој нов колега на работа

Ако ти е некаква утеха, ти не работиш со крокодили и не заработуваш пари со ставање рака во уста на тоа ѕверовите. За новиот колега нема утеха, прекорот и презирот во очите од постарите е ист без разлика дали си напраил глупост на сред работа со крокодил или не си ја измил шолјата од кафе.

Живите мостови во Индија

Мостовите се корисна работа но имаат неколку мани: скапи се, тешки за одржување, со текот на времето ослабнуваат а некогаш и оградите им вредат право богатство. Не во Индија.

Песна против слабеење

"Кило горе, кило доле", нутриционистички либерално ќе запее Миле Китиќ, новиот,  прилично неочекуван глас во борбата против стеротипите за женската убавина наметнати од суровата модна и шоу бизнис индустријата, во песна која има повеќе еманципаторски набој отколку во наклапањата на некои локални феминистки.

Водоправачите

Со целата заслужена почит кон рачно изработените занаетчиски производи, ама целата таа хипстер-занаетчија сцена веќе почнува да нервира. Зошто? Затоа што ако не ти нагласат дека видеово е нивна пародија, нема да бидеш 100% сигурен што точно гледаш.

Твојте лисја пак ќе ти се вратат....

Од кога не сте му се јавиле на својот семеен забар за да му кажете колку го сакате? Дечково отишол на забар да му извадат 3 заби, му извадиле 32! И си заплака бе. Е како бе да не си заплаче?

 

Чезена ги кани Фу Фајтерс

1.000 музичари се собираат во околина на Чезена и групно ја распалуваат Learn to Fly од Фу Фајтерс, како покана Дејв Грол и компанија да направат концерт во градот. Изгледа подобро отколку концерт.