Видео

Рецепт за секоја можна модерна поп песна

Видеово е од човек кој пред неколку години ладнокрвно го растресе комплетниот еснаф на поп музиката, и како во показна вежба (нит сте битни, нит нешто посебно ве бива) зема една фолк песна напишана од релативно непозната девојка, ја модификуваше и ја аранжираше како поп песна, која на крај заврши како глобален поп феномен (барем привремено) и со речиси 700 милиони прегледувања на ЈуТјуб. Песната е "Call me maybe", пејачката е Карли Реј Џепсен, а човекот што го направи ова е Џош Ремзи. Сега Ремзи, заедно со својот бенд Марианас тренч, го објавуваат рецептот за правење поп песни.

Камионот низ која се гледа

Самсунг во соработка со Лео и Барнет и аргентинската компанија Ингематика направија згодна и многу корисна алатка која решава многу честа и опасна дилема, кога имаш огромен камион пред себе и не знаеш што се случува напред, дали да тргнеш да го претицаш или ќе те здроби некој од чело..

За наизглед нормални луѓе што откачуваат на патики

Сајтов е наменет за една многу посебна група на луѓе со еден многу конкретен фетиш на патики, со бескрајно педантен пристап, ментално индексирање и детално познавање на секој можен модел на патики. Не е за верување дека постојат такви луѓе, се додека не ги запознаеш. Може да ти заличат на секта, ама безопасни се.

Течно принтање во 3Д

Уште не успеавме да изустивме "Што ли ќе биде следно после 3Д принтањето?" а следното веќе дојде и изгледа лудница. Како оној течниот злотвор од Терминатор! Е сега стварно, што ли може да биде следно?

Ова не е предлог за набавка

Од сè што може да се испечати во 3Д, Холанѓаните одлучија да испечатат цел функционален мост во Амстердам. Печатењето треба да почне во септември, a роботите сами треба да ја звршат целата работа и без дополнителна градежна асистенција од луѓе да ги спојат двата брега на реката. Печатењето ќе биде со метал кој роботите на лице место го загреваат до 1.500 Целзиусови степени и ќе го калемат на мостот. По иста основа, роботот / печатач MX3D ќе може да отпечати било што од железо.

Англиска верзија на "Пинки го виде Тито"

Средба на едно девојче со кралицата кое малата цел живот ќе го памти. По што ја памтиш ти таа кралица? По еден бекенд.

Паднатите во војната

Документарен приказ на човечките жртви од Втората Светска Војна кој шокира без да покаже ниту една капка крв. Војната е преужасна дури и кога се доловува со сувопарен инфографички стил во кој луѓето се безлични човечиња а финалниот жртвен биланс е спастрен во педантни колони.

Кога така ќе кажеш...

Ветувањето е дека ова е најдосадното вирално видео на светот. Од тебе зависи дали ова ќе го претвориш во најкорисното видео на сите времиња. И како ретко кога, тука стварно можеш на некого да му помогнеш со шерување.

Некој ги спои Вонземјанин и Прометеј

Разгледај малку меѓу видеата на сајтов и ќе видиш изобилие од монтажи и миксови на најразлични теми. Ова што сега имаме да ви го преставиме е сосема ново ниво на монтажа. Дело е на Џоб Вилинс и е за академски цели. Џоб во овие цели го зема филмот Вонземјанин, го спојува со филмот Прометеј (приквел на првиот), и го добива филмот "Derelict" (траење: 2 часа и 29 минути). За филмовите подобро да се вклопат, производот е во црно-бело.

Господарите на уличната храна

Уште од старт дисквалификувајќи ја нашата држава од каква било конкуренција нa темава (геврек???), собравме неколку мајстори од по свет што имаат достигнато Мајкл Џордан ниво на вештина во својата работа, и Џеј Лено вештина во тинтрање муштерии.

Како се случи Добриот Вил Хантинг

Младите и многу надежни актери, Бен Афлек и Мет Дејмон, во средината на 90-те го имаат едно од најитересните сценарија што го посакува речиси секое студио во Холивуд. Го добива Харви Вајнстајн.

За внатрешните механизми на ток-шоуто

Како џомба во својот еснаф Сајнфелд разговара со Сет Мајерс како што разговара човек што е премачкан со секој можен неонски отсјај на ноќните програми.

Црна магија?

Една од поубавите работи што може да ти се случи после 15 години на интернет, е да изгледаш видео за некој производ и да се почувствуваш како Индијанец што прв пат гледа огледалце во рацете на Колумбо.

Модрици (секој со свои)

Она збори за љубов, он се тепа за фудбал, двајцата се дел од видеото за годинешниот натпревар во Калчо Сторико, оригиналната крвава верзија на фудбал, која се уште се игра во Фиренца секоја година во 3-та седмица од јуни.

Преплашеноста од политичката коректност

Моментално натпреварот е како да бидеш понавреден, а во исто време и почувствителен на што и да ти кажат или што и да се чувства околу тебе, без притоа задолжително да разбираш за што и како си навреден или се случува.

ИСИС од вашето маало

Извештаите и видеата ја покажуваат немилосрдната решителност на ИСИС да покори и заколе се што им е на дофат на рака. Сепак ништо од ова не ја добиваше и повеќе од заслужената грижа затоа што се случуваше таму некаде далеку, во песокот. Сега се појавија првите снимки од нивни подготовки во урбана средина која не е под нивна контрола. Веќе не е така сеедно.

Како се калеше стекот

Тоа што човекот го вика Франкенстек, во основа е големо парче говедско месо (по површина) на кое со лепак за месо, Transglutaminase, му се залепени помали парчиња месо (нешто како да споиш ражнич со вешалица и да го продаваш како бифтек). Идејата на видеото не е да се промовира лепакот, туку да се покаже една од опциите како се добиваат евтини порции стек.

Џон Оливер прозван за ФИФА

Прозван не по основа црна кампања, инсинуации или каков бил не фер-плеј во извештаите за организацијата, туку по основа на ветувањето што го даде во случај Блатер да поднесе оставка. Ова второво се случи, сега редот е на Оливер.

Победувањето во Втората светска војна

Едно од најмрачните видеа за Втората светска војна, базирано чисто на статистики и бројки, без да видите ниту капка крв. Крајна бројка за војната за цел свет - 70 милиони луѓе. Еве како е стигнато до таа бројка.

Сè е ремикс

Ремикс - комбинирање или монтирање постојни материјали за да се создаде нешто ново. Не се работи за крадење, се работи за влијание. Не се работи за музика, се работи за сè.

Плашење на стариот

Секогаш истата финта, секогаш истата реакција. Бар за еден од нив двајца, ова е совршен соживот.

Го викале Елоквентнио

Збирка од моменти во кои Џон Стујарт го покажува врвот на својата речитост, собрани од целиот негов мандат за време на владеење со Дејли шоу.

Политика

Едниот е премиер на Австралија, другиот е главен на опозицијата, а тој што е различен е новинар.
- Се боревме и успеавме да се вратиме со рејтинзи и сега сме на ниво со опозицијата.
- А како би ја опишал опозицијата?
- Како комплетен распад, со докажано минато на некомпетентност, и за тоа не се влада.
- Извини, чекај малку, се боревте за да бидете на исто ниво со некомпетентен распад?