Видео

Битката за аеродромскиот Прајд рок

Од очајот на откажаниот авионски лет, сред чекалиштето кое немилосрдно го забавува секој следен момент, се издига дуел на два тешкаши - екипата на бродвејската претстава Кралот Лав, наспроти екипата од бродвејската претстава Аладин. Па каже...

Загарот од твојот мобилен

Тоа што Сири и Гугл Нау сакаа да го постигнат, го постигнува видеово. "Видеово" затоа што ова е прво појавување на концептот, изгледа премногу добро за да е вистина и делумно од љубомора што не можеме да го пробаме. Апликацијата се вика Хаунд (Hound) и автор е компанијата зад СаундХаунд. Функционира исто како колегата од карши, што цел ден го дрвите со секакви прашања, а она па запнал да ви одговара.

Постара и поубава "Brown sugar"

Тоа што не можеа милошевиќевите лудаци со Дубровник (да го разурнат со бомбардирање за да го изградат постар и поубав), можат Стоунси со себе и своите хитови. Како загревање за реизданието на албумот Sticky Fingers, пуштија до сега необјавена верзија на Brown Sugar, снимена на роденденска журка кај Кит Ричардс во 1970-та година, со поразиграни пратечки вокали и  - Ерик Клептон на гитара.

Шепкачот на осила

Клучен прв чекор во отстранување на какво било осило е да се замае колонијата и осите да бидат што е можно помрзоволни. Потоа ја чистиш слој по слој. Единствен отпор има кога ќе дојде ред да ја собереш матицата. Важно е ништо од ова да не правиш сам, туку да најдеш луѓе што знаат што прават. Во конкретниов случај мајсторот е од село во Западен Бенгал.

Токио рика

Едни што го изгледаа клипот се фатија за тоа колку е добро снимено видеото, па уште подобро и монтирано. Другите го форсираа текстот, затоа што те тера да се вдлабочиш во видеото и му дава логика. Аргументот на третите беше - вие глуви сте? Инаку, комплетот е разгледница за многуте ликови на Токио.

Најкомплицираната граница во Еврoпа

Белгија во кој било дел од последниве 25 години да ги имаше нашите соседи и нашето место, до сега ќе беше распадната, прежалена и заборавена. За нејзина среќа, се наоѓа кај што се наоѓа, и има разбрани соседи како Холандија, Франција и Германија, па може да си дозволи да се однесува како Белгија.

Џон Оливер: ФИФА 2

Не работата "ви реков," ама Џон Оливер многу аргументирано ја збореше ФИФА и криминалите околу неа уште ланското лето. Ова е апдејтот по минатонеделното апсење на функционерите.

Адвокатот на Гркот

Германците имаат многу што да забележат на видеово (инаку Германско, на ЗДФ, за грчкото барање за репарации од Втората светска војна), ние имаме далеку повеќе што да забележиме кога Грци зборуваат за жртвата на деца протерани од својот дом. Ама и првото и второто не го олеснуваат страдањето што третите го минале.

Ова не е реклама за Најк

Еден од најинтензивните мотивациски говори на интернетов, во изведба на дечкото од сликата. Може да се аплицира за што и да ви треба куражење, а може да го искористите и кога некој од околината ви е кенкав околу нешто. Ем доволно е краток за да го изгледате.

Плеер 3: Чаир

Нисан 350з Прочарџер на отворен автопат лабаво предизвикува на трка Порше 911 ГТ3. Двете машини се ставаат во погон и почнуваат да го корнат асфалтот, кога од никаде во игра влегува Чаир...

Универзумот и Ти

Бил Нај го објавува најновото истражување на научниците кое ја потрвдува способноста на Универзумот на комуницира со директно со тебе и да ти праќа пораки.

Шампионите на икс - нула

Во првите потези може нема да ја забележите вештината и чувството за стратегија кое го поседуваат двајцата играчи, меѓутоа веќе на трет потег се гледа дека се работи за вонсериски таленти.

Деновиве пред промени

Од денешна гледна точка, и без разлика колку сте навлечени на носталгија, редно е да си признаеме дека Југославија во споредба со Северна Кореја, била грев во организирање на масовниве кореографии. Како и да е, еве неколку.

Дабл-дабл на Јункер

Жан Клод Јункер подолго се занимава со политка, отколку што ние се занимаваме со држава. Имајќи го ова предвид, после 30 години во европска политка некако природно му доаѓа на човек да почне со џомба понашање.

Мајка на денот

Нејзиното дете имало голема работа да соопшти, да 'излезе од плакарот и да каже дека е геј. А таа е уморна и нема зрно енергија за вишок сентиментални фанфари. И е кул. И е многу кул! На светот му требаат повеќе вакви мајки.

Кога тетоважата ќе остаре

Што кога телото веќе нема да биде она исто тело, кога платното веќе нема да биде затегнато како некогаш? Ќе се каете за брзоплетите потези од младоста или ќе победат значењето и спомените кои ги носите во таа тетоважа? Многу јаки ликови, многу добро филмче. 13 минути, вредат.

Фудпорн по учебник

Како ретко кога видеово може да е повкусно и од само јадење. Гледањето на клипов заменува појадок или ужина.

Последното збогум на Летерман

"Фала ви за сите убави зборови во изминативе денови, ама чувајте нешто и за мојот погреб," па потоа следува последната топ 10 листа, на која 10 ѕвезди му кажуваат на Летерман тоа што од секогаш сакале да му го кажат.

Минути за Расел

Не може да постојат практични причини да се верува во нешто што не е вистина. Три ипол минути со Бертранд Расел.

"Крвави спорт" ЕПП

Работи што ги повторивме денес - Тајландски бокс и Крвави спорт (наслов од видеотека) се сосема различни филмови на Ван Дам, и братот загинува во првиот а не во вториот филм. Работи што ги научивме денес - Крвави спорт е одлична реклама за Ментос.

Кога ќе ти легне песната

Ако некогаш сте помислиле дека во Космосов нема никава цел за постоење на ужаснава нумера, тоа е само затоа што никогаш не ви текнало да ја поврзете со видеово.

За Турција, со ќеиф, мерак и лезет

Ако досега не сте имале прилика да се навлечете на Турција, ненаметливата топлина и мудрост на тие луѓе, шаренилото од бои и звуци во коишто живеат, нивните манџи, сукани работи и благца, дозволете да ви помогне ова магично видео. 

Глувци и луѓе

Иако е време во кое се накотија разни глодари и штакори (кои по колективното беснило мртви ладни ќе се вратат во своите глувчешки дупки), можеби сме сепак нефер кон овие суштества кои не ни станаа симпатични ни со помош на Том и Џери.

Она што публиката не сака да го слуша

Ако веќе сте навлечени на трешот од домашните порталчиња и пичкарања по социјални мрежи, ќе ви биде нејасно што е во овој муабет толку скандалозно за јавноста (а дел од неа баш се скандализираше). Теми: расизам и педофилија. Луи не е свесен колку е генијално корисен.