Видео

Апсолутно рапсодично

Добро е што Фреди Меркјури навреме се упокои за да не слушне како Канје Вест ја пее Боемска рапсодија. Да беше поинаку, поинаку и ќе звучеа збoровите "Mama, just killed a man"

До врвот и потоа

Ќе се фасциниравме и ние од ова куче и неговата умешност да се пентари, ако не знаевме некои овдешни биографии на јавни лица кои направија уште поголеми успеси по вертикала. Наравоучение од оваа приказна: кога ќе гризнеш од врвот, задолжително одиш долу.

Зошто цело време мрчиме за филмските ефекти?

Целата кривица паѓа на Питер Џексон и неговиот успех да ги крене компјутерските ефекти на сосема ново ниво. Од тогаш секое студио се бори да постигне што е можно поперфектни ефекти, и проблемот е што толку се добри што ова и им успева. На крај, баш оваа перфекција ги издава, и прави да не му веруваме на тоа што го гледаме.

Танц со копиљаците

Се што треба да знаете е дека малиот (Кевин) има 8 години, а малата (Беберли) има 6. Слободно расрфрлајте се со очекувањата.

Музика за ситно

Од оние видеа кои на човек никогаш не можат да му здосадат. Евергринот на Отис Рединг и Стив Кропер, во изведба на улични музичари од различни делови на светот. Sittin' on the dock of the bay, wastin' time.....

Луи СиКеј и подносливата тежина на геј темите

Како и секогаш, Луи СиКеј одлично ги адресира најбудалестите стереотипи и притоа успева шармантно да ги замава во фаца. Видеото се препорачува за следниве типови: 

Фајт клуб за деца

Пред некое време пишувавме за продолжението на славната „Боречки клуб" во 10 графички новели. Ама кој би очекувал дека следниот потег ќе биде - верзија за деца?

Врзи се, Делфина

Постојат оние згодни и скапи системи за базени кои на мал простор овозможуваат долго пливање (системот ти пушта контра водена струја па пливаш во место). Ова е исто такво, за сиромашни.

Столица за стоење

Бидејќи седењето убива а стоењето не се издржува, столица на која практично стоите, навалени назад под агол кој на нозете им ослободува 25 проценти од вашата тежина.

54 балони за 3,3 секунди

Имате кучиња овчари, имате кучиња птичари и го имате ова, специјализирано да пука балони. Зошто, не се знае.

Кој звучи геј?

Кратко документарно филмче на Њујорк тајмс кое се занимава со стереотипот за "педерско гласче и причините зошто некои луѓе звучат геј без разлика дали на нивната сексуална ориентација.

Налепници на сообраќајниот срам

Бразилски морон, моронски парикира на место за инвалиди. Не го објавуваме затоа што е прв таков, туку заради космичката правда (спроведена од локалци) која му следува. Две прашања што ни досаѓаа додека гледавме: Колку време е човеков паркиран за да може ова да се изведе? Како се овие толку спремни за реакција, за вака да ја украсат цела кола?

Тапанари за тапанарот

Дејв Грол, Чад Смит, Тре Кул, Квестлов и останат еснаф го коментираат Ринго Стар и тоа што тој го прави со тапаните.

Како Халид можеше да биде фанк

Ќе ја искористиме секоја шанса да ја пуштиме "Нечу, нечу дијаманте" па макар и некои одлични дечки да направат фанк (добра, добра) верзија - семе Халидово.

Можете ли да забележите дете кое се дави?

84 секунди видео снимка од преполн базен, тек да видите колку таа работа не е Бејвоч, само да се мачкаш со фактори и да изгледаш згодно и небитно.   

Роботот кој ја улови суштината

После првите 20-тина секунди од видетото ќе ви стане зошто овој робот е финалист на еден меѓународен натпревар за роботи од цел свет. Хубор подобро паркира од жена и подобро коленичи од маж! Останатите способности му се бонус.

Балерини од пит-стопот

Екипажи од пит-стоп од неколку различни трки (Ф1, Ендуренс, Формула Е...), секој со сопствена кореографија, секоја совршено извежбана до последниот штраф на бандажот. Најголем екипаж има Ф1, 14 луѓе на готовс за еден болид.

Ако не пробаш како ќе знаеш?

Ти си спремен за животот, се што треба си научил, се што треба си прочитал, се што треба си слушнал. Ја зграпчуваш сета оваа теорија и ја ставаш на тест да се соочи со животот, да види колку ти си отпорен и спремен на него. Така и ова.

Маж меѓу мажите

Видеово започнува со комплетно незанимлив кадар од чистинка сред шума, завршува со колипка изградена на таа чистинка. Ја гради еден човек, и притоа се користи само и само со тоа што го има во природа и околу него, без ниту траг од каков било алат. Не е некое режисерско ремек дело, ниту пак се пртгнале од монтажа, ама пак те остава подзинат заради тоа што му успева на човеков да направи со голи раце.

Рецепт за секоја можна модерна поп песна

Видеово е од човек кој пред неколку години ладнокрвно го растресе комплетниот еснаф на поп музиката, и како во показна вежба (нит сте битни, нит нешто посебно ве бива) зема една фолк песна напишана од релативно непозната девојка, ја модификуваше и ја аранжираше како поп песна, која на крај заврши како глобален поп феномен (барем привремено) и со речиси 700 милиони прегледувања на ЈуТјуб. Песната е "Call me maybe", пејачката е Карли Реј Џепсен, а човекот што го направи ова е Џош Ремзи. Сега Ремзи, заедно со својот бенд Марианас тренч, го објавуваат рецептот за правење поп песни.

Камионот низ која се гледа

Самсунг во соработка со Лео и Барнет и аргентинската компанија Ингематика направија згодна и многу корисна алатка која решава многу честа и опасна дилема, кога имаш огромен камион пред себе и не знаеш што се случува напред, дали да тргнеш да го претицаш или ќе те здроби некој од чело..

За наизглед нормални луѓе што откачуваат на патики

Сајтов е наменет за една многу посебна група на луѓе со еден многу конкретен фетиш на патики, со бескрајно педантен пристап, ментално индексирање и детално познавање на секој можен модел на патики. Не е за верување дека постојат такви луѓе, се додека не ги запознаеш. Може да ти заличат на секта, ама безопасни се.