Видео

Гитарски муабети со Кит Ричардс

Малку зборува, малку фаќа гитара да засвири, пуши и мрмори. Се што треба да има едно мераклиско интервју со Кит Ричардс во кое баобабот објаснува како дедо му го мамел со гитарата која висела на ѕид, кој му покажувал финти и како му изгледа омилениот штим со пет жици.

Како се минува пешачки во Ханој?

Улиците во главниот виетнамски град се една непрегледна река од автомобили, скутери и автобуси. Видејќи нема шанси да дочекаш луфта во таа низа, едноставно тргнуваш по пешачкиот. И се надеваш дека нема наш човек зад волан.

Првиот човек што истрча маратон без да зборува за тоа

Во потег без преседан, цел маратон и цели припреми за него една жена ги има завршено без за тоа да му спомне на секое можно човечко суштество што го познава.

Луѓе кои ги бива

Она што некогаш е тешко да постигнеш кај наш водоводџија, бербер или новинар. Да те фасцинира со она што одбрал да го работи, а не со мудрувањето на теми од општа пракса. Мал видео омаж за таквите луѓе, вистински нобеловци на секојдневието.

Како се слабее со пица?

Без секирација, нема тука никаква дубара. Во оваа варијанта пицата ги содржи сите намирници кои ја прават неодолива: крцкаво тесто, доматен сос, кашкавал, кромид, пиперка, салама по свој избор. Единствен проблем со неа е што може да се случи да убиете некого. Ако ви побара гриз.

Коњ или човек?

Знаеме дека овдешните дилеми најчесто се сведуваат на изборот змија или магаре, но, англиската љубопитност оди во друг правец. Спојлер: нема секс ама трае долго.

Ако Гугл беше човек, 4-та

Кога веќе ти тргнало, зошто да се мачиш да менуваш. (Ако може Умри машки, зошто да не може и за клип?)

Сирија како видео игра

Морничаво чиста и квалитетна снимка од дрон од воените дејствија во Сирија. Маало Џобар, Дамаск, офанзива на владините сили врз бунтовниците. Снимаат Русите. И после бегале луѓето. Како бе да не бегаат?

Светска политика без мажи

Не дека жените се ретки во политиката, уметноста и медиумите, ама вака би изледале сликите кога од нив би се фотошопирале сите мажи. Видеото е на британски Ел, како дел од нивната #MoreWomen кампања.

Како омекна јазикот

Забелешката на Џорџ Карлин е за тоа како е раскашавен американскиот јазик (а штом се случило кај нив, ќе приметите и кај нас како се пренело) најмногу со цел на самите себе да си ја олесниме совеста по различни основи.

Некогаш и стадото знае да препознае уметност

Уметност е онаа магија што се случува меѓу авторот и публиката. Тоа ви е, како што еднаш рече господин господин Звонко Богдан, ил' се дирну ил' се не додирну. Навалете се наназад и уживајте.

Нејќете да ви свирам?

Господин човек знае како да го искористи својот среден прст за да си го направи меракот.

Глупиот е постар и од јајцето и од кокошката

Знаете ли што е најдоброто во тоа да се има другар кој може на својата глава да балансира јајце? Тоа што ќе можеш да го испратиш до дома само за да слушнеш како на жена му ѝ го вика легендарното: Што и да ти кажам, нема да ти се верува.  

Extreme Мakeover: Шахта

Човек никогаш не би поверувал дека видео снимка од поправка на една шахта може да го трогне. Толку љубов, знаење и педантност, како да репарираат слика од Да Винчи! После ова, ќе ви дојде да отидете до првата шахта во вашето место и да се изнаплачете заедно со неа.

Околу барањето до Фејсбук за приватност

Ако случајно не ви успее она со постирањето на пораката за заштита на вашата приватност на ФБ, тогаш Џон Оливер ви нуди еднa подеднакво успешнa опција. Ако и ова не успее, секогаш на располагање имате едно сè уште експериментално решение што може да го пробате - ако нешто е премногу приватно за Фејсбук, не го ставајте на Фејсбук.

На кого му пречи српски Исус?

Единствен начин Исус да е роден во Витлеем е ако Витлеем се наоѓал на Косово, а бидејќи секој разумен човек знае дека не се наоѓа таму, јасно е и дека Исус не е роден во Витлеем. Роден е на Косово и како таков Исус не се вика Исус, него Манојло. Бонус, ова го слушаат повеќе луѓе него мнозинството предавања на ПМФ.

Научна магија во чеканот на Тор

Како што знааат и другите Авенџери, чеканот на Тор не може да го крене никој освен него... или некој со негов отпечаток. Гледајте го видеото до крај, еден дечко го хакна.

Како да направиш богата држава

Има 8 јасно наведени фактори кои авторот на видеово тврди дека ќе ти завршат работа (и држат вода). Кога ова ќе го завршиш на ред доаѓаат луѓето што живеат богато во богатата земја. Ова е тешкиот дел.

Зошто ѓаволот пие на екс?

Блазе си им на овие лудиве, сè им е јасно. Еве една таква која во дизајнот на лименката на енергетски пијалок гледа непобитни докази за присуство на Лукавиот. Ќе им објасни на сите и после оди дома и си вика: Како бе не разбираат?

Кој научен факт го поремети Адам Севиџ?

Поради природата на својата работа, Адам Севиџ од Мит Бастерс се изнаслушал секакви работи од доменот на науката. Од сето тоа издвојува впечатлива метафора за еден научен факт кој му удрил неочекувана шлаканица. Истовремено и му се отвориле очите и му се стемнило пред нив. Затворајте тоа чешмите, да му ебам матер!

Со пакувања да не фрлате

Хибридна продавница, нешто помеѓу самопослуга и пазарска тезга. 350 производи, извадени од нивните шарени пакувања и ставени во сосема нормални контејнери од кои си земате онолку колку што ви треба. Зошто? За да не се прави бербат на планетава, ете зошто.

Мало столче за голема столица

Кога имаш луд производ (мало столче за дигање нозе додека си на веце шоља; тие нека ви објаснат зошто), нормално е да немаш нормална реклама. Ова е совршен тандем производ- рекламен спот, сосе злочестото додавање тоалет хартија на детето за да избрише уста од, хмм, сладоледот.

Како да направиш сендвич од 1.500 долари за 6 месеци

Почнуваш од нула и пола година подоцна јадеш сендвич што комплетно ти си го направил. Комплетно, од садење, жнеење и мелење пченица за лепчето, па после месење и печење лепчето. И така за секоја можна состојка во сендвичот, од садење до чинија. Тотал - 1.500 долари за готов сендвич.