Ако ти е некаква утеха, ти не работиш со крокодили и не заработуваш пари со ставање рака во уста на тоа ѕверовите. За новиот колега нема утеха, прекорот и презирот во очите од постарите е ист без разлика дали си напраил глупост на сред работа со крокодил или не си ја измил шолјата од кафе.
Мостовите се корисна работа но имаат неколку мани: скапи се, тешки за одржување, со текот на времето ослабнуваат а некогаш и оградите им вредат право богатство. Не во Индија.
"Кило горе, кило доле", нутриционистички либерално ќе запее Миле Китиќ, новиот, прилично неочекуван глас во борбата против стеротипите за женската убавина наметнати од суровата модна и шоу бизнис индустријата, во песна која има повеќе еманципаторски набој отколку во наклапањата на некои локални феминистки.
Со целата заслужена почит кон рачно изработените занаетчиски производи, ама целата таа хипстер-занаетчија сцена веќе почнува да нервира. Зошто? Затоа што ако не ти нагласат дека видеово е нивна пародија, нема да бидеш 100% сигурен што точно гледаш.
Од кога не сте му се јавиле на својот семеен забар за да му кажете колку го сакате? Дечково отишол на забар да му извадат 3 заби, му извадиле 32! И си заплака бе. Е како бе да не си заплаче?
1.000 музичари се собираат во околина на Чезена и групно ја распалуваат Learn to Fly од Фу Фајтерс, како покана Дејв Грол и компанија да направат концерт во градот. Изгледа подобро отколку концерт.
Затоа што ФБ и Инстаграм профилот нема сами да се наполнат со слики од одмор, еден австриски фотограф има 8 фори за вас за подобри или барем поинтерсни фотографии со смартфон.
На 29-ти јули пред 125 години, од рана од куршум умира Винсент Ван Гог. Умира како непознат уметник во длабока депресија. Серијата Доктор Ху (новата) имаше еден сегмент во кој го носат Ван Гог во музеј во 21-от век за да види што се случило со неговите слики и неговото влијание врз уметноста.
Целата приказна околу лавот Сесил ќе ви ја раскаже Џими Кимел. Во кратки црти - забар од Минесота платил 50.000 долари за да застрела лав... потоа приказната продолжува.
(По машки искуства) Како дете кога седиш дома во недела на ручек и ѝ мрчиш на мајка ти околу тоа како не ти се свиѓа јадењето, стандардното спуштање од другата страна е - ќе ја видиме твојата што ќе готви. Веројатно сите кога го кажуваат ова, мислат женава ќе ви се падне. Бонус: следи го малиот во позадина.
Супермен го има Лекс Лутор, Бетмен го има Бејн, во Хари Потер е Волдермор, во Војна на Ѕвездите е Дарт Мол, секој од нив катаклизмично негативен лик, секој од нив со фоликулен инвалидитет. Еден маж (ќелав) одлучи да се крене против ова.
Нема еден човек што вози точак низ градов, кој барем еднаш не се умислил како крева некоја кола комплетно без памет, осет, разум, култура, паркирана сред велосипедска патека. За разлика од нас, дечково остварува.
Пред полнолетство (а и малку потоа) стравот да те фати полиција дека возиш пијан и без дозвола, е далеку подобрата варијанта во споредба со стравот да те фати татко ти во исти околности. А ќе те фати.
Иако последната епизода се емитуваше пред речиси 2 години, Двајт од Офис останува еден од најтоплите и најмилите ликови што се појавиле на телевизија... под услов конкуренција да му е гипс картон.
Постара госпоѓа на зафрканција и кажува на својата внука дека по завршувањето на последната хемотерапија, би сакала пред болница да ја дочека оркестар. Внуката ова не го сфаќа на шала.
Школо ко школо, двајца морони што седат позади тебе ти маваат дебели заушки колку да им пројде време на час. По ова следува пресвртот од секој акционен филм од 80-те.
Девојче од Ерменија на локален Идол / Фактор натпревар, во живо ја пее Плава Лагуна од 5-от Елемент. Од извори што знаат што зборуваат на темава, запрепастено ни го доловија подвигот со следното објаснување: " - паааа... знаеш ова колку е тешко?"
Последно што пишувавме за темава беше пред неколку недели, кога го објавивме видеото и репортажата на американскиот ПБС. Истото ова видео е дел од воведот на Џон Оливер, па потоа надоградува на темата. На пример, праска од класа 2 (пониска класа која се стекнува чисто заради визуелни причини, а не хранливи) вреди само една третина од цената на праска од класа 1. Само по себе ова е доволно да не се исплати да ја собираш и да ја оставиш да скапе. Па има за супермаркетите, за датумот на траење...
Едно крајно мотивирачко видео посветено на сите ситуации во животот кога си паднал и кога требало да се вратиш. Ние имаме далеку пократкорочни цели и амбиции, па видеово го посветуваме на сите што се заглавени во летнава горештина - ќе има пиво, ќе има таратор, ќе има лубеница... бирај што ќе те води. Само замени "живот" со "лето" и издржувај.
Одговараат 100 сосема различни луѓе, на возраст од 0 до 100 години, со тоа што немаат никој на 100 години, туку имаат еден дедо на 105 години. Заклучокот од 100-те одговори? Секој со својата љубов.
Алан Бентон од 1973-та е сопственик на Benton's Smoky Mountain Country Hams, компанијата која од 1947-ма ја прави најдобрата сланина во САД. Ако ви требаат уште референции за да го изгледате видеово, воопшто немој ни да се мачите да го гледате.