Видео

Дубиоза колектив за слободни емпетројки!

Ептен тазе видео спот од слободарските Босанци за нивната песна "Free.mp3 (Pirate Bay song)". Слушајте гласно, сркајте слободно.

И после пак ние луѓето не чиниме

Различни ситуации во кои луѓе им помагаат на животни кои упаднале во некоја неволја. Знаете кога вас ќе ве спаси патка ако паднете во шахта? Никогаш!

Да не не е така?

Видео метафора: како во моментов се справувам со својот живот.

На светов му треба рамнотежа

Човеков не може да види предмет а да не го стави на кант. Тура камче на под и балансира додека не успее да му ја наде точката на балансот. И како и во животот, сè е во прекрасна рамнотежа сè додека не ти заѕвони некој.  

Никој веќе не го сфаќа вицот

Комедијата и хуморот денес на Запад не го убиваат диктаторски или автократски пориви туку сеприсутната метастазирачка политичка коректност. Ова е расистичко, она е сексистичко.... Можеш да се зезаш со газовите на Ким Кардашиан, но не и со цицките на нејзиниот очув. Мала лекција како се прима виц од Бил Мар. Значи, има и за муслимани.

Икеа гаѓа кај што боли

Ова реклама на Икеа наголемо се врти наоколу, а нема ни попусти ни каталози. Наместо на Дедо Мраз, деца им пишуваат писмо со желби на своите родители. Швеѓаниве мама си тракале. Кога ќе освоиш нечие срце, за џебот е лесна работа. 

Саудијци на дожд

За секое "колку добро сè им е средено на Саудијциве, сè во мермер и сјае," има едно тивко некажано "ах да ве фати еден дожд, па ќе ве видам со ова мермериве."

Машината што јаде коли

Земаш автомобил и го фрлаш во машинава, цел, сосе мотор, седишта, гуми, осовини и што и да има цел автомобил (да, и кука). Машинава го вади на делчиња (што е поразлична агрегантна состојба отколку "на делови").

Господарот на гневната логика

Дејвид Мичел е британски комичар кој веројатно не го знаете, и е редовен гостин на QI, британско шоу кое веројатно исто така не го знаете. Сето тоа е ваш пропуст.

Патувајќи до маратон во Њујорк, од Њујорк

Како на човек кој живее во Њујорк, на Кејси Неистат му е јасно дека за се' треба време. На пример дека од дома, во Њујорк, ти треба еден час патување за да стигнеш до стартната линија на маратонот во Њујорк. Не е проблем, сè со ред.

Си немал Јапонецот работа

Има толку добри цаки во ова комплицирано а префинето домино што просто не може да не останете фасцинирани.

Атенбороу го "кажува" спотот на Адел

Гласот на планетата Земја, оној на сер Дејвид Атенбороу како нарација на моментално најгледаниот спот на планетата Земја, оној на Адел. Преубаво.

Србија до Токија

Може агендата не им се оствари баш во формата во која планираа, и може добија неколку зуцки по пат, ама не можеш да им спориш дека и ова не е некаков успех. Ајде Јано...

Што би било кога би било, ферка

Едниот го имавме пред некој ден (Бјорнсон), другиот е УФЦ борачот Конор МекГрегор (175 см, 66 кг.). Поуката на видеово е дека не е сè во големината. Поуката на животот е дека ова е точно се додека не дојде време за селење шкафови.

Болката по сеирот се познава

Единствено нешто што треба да знаете за видеово е дека не е само уште еден "феил" клип. Многу, многу, многу повеќе е од тоа.

Брилијантноста на Крег Фергусон

"Кратко ни е времето на Земјата. Имаш датум, тире, и уште еден датум... и ние сме тирето, и не планирам да го минам зборувајќи срања со славни личности."

Концерт за пиано и изгор пиперка

Претходно на сајт ги имавме одсвирените политички говори на еден млад српски џез пијанист. Овојпат, нешто многу полуто.

Колку многу не знаеме за зависностите

Што предизвикува зависност од хероин? Хероинот предизвикува зависност од хероин. Ако 20 дена користиш хероин, на 21-от твоето тело веќе има физичка зависност од дрогата. Ама, има и едно "ама".

Поучно филмче за образовните реформи

"Два и два" е кратко и одлично филмче кое пред неколку години беше номинирано за наградите Бафта. Одвојте 7 минути за лекцијата "Колку се два плус два?" 

Со Адел се претера

Како ќе реагираа луѓето во 1946-та година на - деновиве сеприсутната  - нова песна на Адел. 

Мирот во правење столица

Или ние немаме видено или стварно нема нервозен дрводелец. Ако случајно сме во право и сме уденале дека ова второво е точно, тогаш со подеднакво издржана логика заклучуваме дека мирот им следува по основа на тоа што произведуваат нешто со сопствени раце, и тоа што никој не му се качува на глава на човек со секира во рака. Без разлика колку е ова неточно, едно крајно зен видео за целиот процес на правење стол сред шума. Цел, од стебло до столица.

Вие младите...

Инстант сок од портокал, стисни копче добиваш инстант забава, вртиш седум броеви и имаш инстант комуникација, сврти клуч стисни педала и имаш инстант превоз... Или на кратко, нема време во историјата кога старите не кенкале како на младите им е полесен во животот.

АТАКА, омилениот десничарски ситком на Бугарија

АТАКА е една крајно забавна ултра десничарска партија која редовно промовира крајно закрепостени идеи на редовни ултра-десничарски теми. И најголемиот дел од паниката што се крева кај нас околу тоа кој во Бугарија што рекол за Македонија, се однесува на изјави кои доаѓаат од АТАКА. Инаку, сама по себе, партијата во Бугарија е смешка.

Пиштолџијата и нараторот

Како и секоја добра вестерн приказна и оваа почнува со пиштолџија кој влегува во салун, и понатаму нараторот гледа да ја расипе со секој следен збор.