Видео

Фрли граната во ринг, бе!

Има луѓе кои мислат дека тепачките во американскиот врестлинг се наместени, дека се кобајаги. Ма какво кобајаги! Имаме драматична видео снимка од една таква борба, жив доказ дека сè е вистина. 

Бил Мар вс. Стивен Колбер

Првиот на гости кај вториот. Разговорот почнува околу стратегијата "сите да ги збришеме од Земјава" во однос на проблемот со ИСИС. До крај, сè што ти е на памет е - овие двајца ко да не се сакале бе.

Старата игра има апдејт

Мислите дека онаа игра "лист, камен, ножици" не е игра на рефлекси? Не е, ама позабавна е кога е.

Татковска победа на денот

Драгоцен муабет меѓу татко и син, спонтано настанат на улиците на Париз.

Како до секс?

Британско видео во кое се објаснува оваа тема на најбритански можен начин. Имаме ли ние консензуална пијачка?

Индија, рекламна

Индијска реклама за храна изгледа бааги различно од нашиве. Или се тие многу понапред отидени или само живеат во земја во која адвертајзинг сценаристите слободно се хранат со интересни печурки.

Назад во Батаклан

Да се вратиме таму за да ги растераме лошите духови кои деновиве го изведоа нивниот одвратен danse macabre во салата што датира од 1860-та година. Батаклан, 1972-ра година, Велвет и Нико ја изведуваат "Femme Fatale". Јер само на жените им е дозволено да бидат фатални.

Статистика на стравот

Студентка муслиманка поставува прашање зошто се сее страв од Исламот кога огромното мнозинство верници се мирољубиви и фиљан луѓе. Добива одговор кој Бил Мар веднаш би го потпишал.

Тапа ви-фи

Да ти е тапа ви-фито е една работа. А тапата да ви е ви-фи е сосема друга.

"Јас сум бебето"

Приказна за човечноста и за тоа како, иако некогаш бавно, добрината умее да се врати. 

Трактор за рурални хипстери

Трактор кој на себе го носи култниот дизајнерски потпис на Пининфарина. Да се прошетате со овој убавец на потегот Јосифово - Пирава, знаете ли колку моми попат ќе ожнеете?

Би го абортирале ли Хитлер?

Наспроти сите јади и беди по светов чие покривање би требало да им се во описот на работата, на CNN се разви дебата дали би го абортирале бебето Хитлер. Старата дилема ја актуелизираше републиканскиот кандидат за претседател Бен Карсон, хард-кор евангелист и конзервативец (оној кој тврдеше дека египетските пирамиди се силоси за жито).

Сестричка на денот

Малата има ваков предлог: да го продадат братчето во продавница за домашни миленичиња, со дел од парите таа ќе си ја купи омилената играчка а после ќе го откупат братчето по пониска цена, на попуст. Мора да признаете дека во планот нема ниедна фалинка.

Во ритамот на плајвазот

Сè што треба да имате за да звучите вака е другар и четири пенкала.Ок, не мора да ви е баш другар.

Штитник за мустаќи

Јер мовембар па ќе почнат сите да ги пуштаат, да видиме еден стар но обновен изум кој помага да не се гледа баш сè што јадел и пиел гордиот и освестен носител на мустаќ.

Тежината на ланците

"Кој не слуша песна, ќе слуша олуја" - Горан Бреговиќ

Неколку муабети

Еден глас, премногу ликови, повеќе добри дијалози од цела сезона домашни обиди за комедија. Еден од подобрите и автентични Јутјуб канали што излегол од Балканиве во последно време.

Боље скејт него хејт

Од ниво труп до ниво кикфлип. Време за увежбање на финтата: 5 часа и 47 минути. Што паметно ќе научиме ние во нашите следни 6 саати?

Никогаш не купувајте ефтин Ајпад

Нè потсети на "Кинески писма на читатели". Овојпат од некаде е нарачан Ајпад, за смешни пари. А главната смешка е кога ќе го чуете звукот на крајот од видеото. Јас Ајпад купувам или канти тропаат?

Ја реши

Стендап комичар кој во четири збора замолче девојка која реши да му уфрли ремет среде точка.

Како баба ви кога ве хранеше

Дечково има многу чудна работа. Ако ви кажеме дека птиците ги храни преку својата уста, можете да помислите на некоја нежна сцена меѓу човек и неговите птици. А не е....Отприлика онака како што бабите замислуваат дека внуците треба да јадат.

Го викале Пасвордо

Неговата лозинка за отклучување на телефонот е подолга од ваша просечна смс порака.

Сам себе го интервјуирал

На свои 18 години дечкото решава да сними дел од неговото интервју со самиот себе. 36 години подоцна конечно седнува да го доправи муабетот. Што е првото нешто кое младиот јас го прашува постариот јас? Нормално: Богат ли си?

Најпогрешниот вовед во Милионер

Дечково не можеше да каже попогрешен вовед во својата игра на Милионер. Вика, го фасцинирало тоа што милиони луѓе гледале емисија со паметни луѓе, славејќи го тоа да се биде паметен, порачувајќи дека е кул да е човек паметен.... Ок, паметен, одиме со првото прашање.