Видео

Гневниот режисер и неговиот филм

Клипов е дел од оние редовни ставки во промоциите на нови филмови, овој конкретно е за Гневните осуммина (The Hateful Eight) на Тарантино. Во него ги има очекуваните елементи: разговор со филмски ѕвезди, режисер и исечоци од филмот... и сето ова е небитно, клипов треба да се гледа само за да видиш како изгледа човек кој со еснафски мерак и детска радост зборува за својата работа и она што го направил. Човекот е Тарантино.

Може да нè оставите да си доплачеме?

Божиќни празници, дедото ги чека сите да му дојдат на ручек, само за сите да му откажат. И после? Што после, дедо е, не може вечно да чека...

Животот на една корејска ученичка

"- Прво да го поминеш тестот (писмената, полугодието, годината), па после што сакаш можеш да правиш". Така? Заебан (многу заебан) краток филм за родителите кои премногу ги напнуваат своите деца со успехот во училиштето. Приказната е базирана на вистинита случка.

Слободата, еднаквоста и Муслиманското братство

Муслиманското братство е организација создадeнa уште 1928-мата година во Египет. Во нормалните времиња нивните идеи служеа за потсмев (го видовте она со Насер?) а денес се сметаат за матица на сите злотвори кои делуваат во името на Исламот. Норвешки документарец на тема, каква закана се тие за нашиот начин на живот. Штом ладнокрвните Норвежани порачуваат "Погледнете го филмот пред да биде доцна" јасно ви е.....

Клуч на рака

Од последното венецијанско биенале, одиме во јапонскиот павиљон кај инсталацијата на јапонската уметничка Чихару Шиота (последните две децении живее во Берлин). Магично.

Сè зависи од тоа кого прашуваш

Се чини дека Кристофер Колумбо е еден од оние историски ликови за кои можеме да имаме консензус: дека бил визионер, голем и храбар морепловец чиј подвиг откри нов свет со што беше отворена вратата кон развојот и модерноста. Чекајте малку, а да ги прашаме Индијанците што мислат за него?

Од вистината некогаш се повраќа

"Дојди да пробаш едно срање", знае некогаш некој да ти каже. И ти ќе го пробаш тоа што ти го спремил, верувајќи дека не е баш толкаво срање. А само треба да се знае да се слуша.

Кого попрво да жалиш?

Видео од едно детенце на кое му ставаат некаква инекција или му вадат крв. И малиот почнува да плаче а вие треба да почекате да ја видите поентата на насловот.

Кога муслиманите ја исмеваа идејата за хиџабот

1958- ма година, неврзаното другарче на Тито, египетскиот претседател Гамал Абдел Насер раскажува како пробал да најде компромис со Муслиманското братство (според познавачи, организацијата која денес е мајка на сите терористички организации) па го прашал нивниот главен што тие би сакале.

Eagles of Death Metal раскажуваат за Батaклан

За првпат откако вооружените терористи го прекинаа нивниот париски концерт и отворија оган оставајќи зад себе 90 жртви, членовите на бендот за Вајс раскажуваат како било да се биде на тоа вистинско место во тоа погрешно време.

Ирачкиот Рамбо кој ќе го уништи ИСИС

Во секоја војна има по некој ваков . Голем, набилдан и демек бестрашен, медиумите ќе го наречат Рамбо, луѓето ќе се попалат по него. Ирачаните го имаат него, Абу Азраел, кој има дури и слоган кој значи "nothing but flowers" (тешко дека му е од Тalking Heads). По некое време ќе загине, или пак, како хрватскиот Рамбо, ќе заврши во затвор како плaтен убиец.

Дарко Рундек за вас (и за нив)

Дарко Рундек, тазе да потазе не може да биде. Го објавуваме неговиот нов спот кога на Јутјуб има само 6 прегледи. "Ги има" и Рундек Карго Трио, формацијата која доаѓа на престојниот Таксират.  

Кинески зејтин

Па што не кажете така, можеме ние и никогаш во живот веќе ништо, ама ништо да не јадеме. А таман човек ќе развие еден поштен страв дека во Кина најлошо нешто што можат да ти подметнат за јадење е куче.

Љубов на прва ганџа

Скоро и да сме заборавиле дека вака детски искрена радост можеш да дочекаш од возрасен човек.

Европа е капут. Да живее Европа

Редовниот ЕУ дисидент - Жижек, новокомпонираниот - Варуфакис и најпознатиот жител на еквадорската амбасада во Лондон, Асанж. Тројцата денес во Лондон разговараат за Европа, а модератор им е хрватскиот филозоф Сречко Хорват.

Нејзиното височество - марулата

Неправедно потценета и маргинализирана, ја сакаме главно затоа што е здрава или кога во Мимоза ни ја навестува пролетта. А таа е чист хедонизам. Еве го видеото со неа. Мммммм.... марула!

Дијафрагмата на тато

Во редакција имаме и луѓе кои наскоро ќе станат татковци а и оние кои изгледа едвај чекаат да бидат тоа, јер везден шеруваат видевца со слатки и талентирани деца (Марко, добар?). За нив, мал увид во реалноста...

Кога Адел беше Џени

А Џени е имитаторка на Адел, застаната во ред со сите други имитаторки кои чекаат да покажат колку многу се они Адел. За да биде појасно Џени Е Адел.

Црна душо словенска

За што може да пејат униформирани црнци на софра? Се разбира, за Русија, слободата, гостопримство и широката руска душа! А што, ние помалку смешни сме им кога рапуваме?

Како на куче да му дадеш лек?

Не е кучето човек па да те разбере дека лекот е за негово добро и дека треба да го испие. Ама, ако имате дете по дома, ќе знаете како.

Бугарски цртан

Бугарите одлучиле да прават цртан филм со ликови извадени од бугарските приказни и легенди. И како може да изгледа бугарски цртан, со бугарски ликови? На прв поглед, некаде помеѓу фантастично, страхотно и умопомрачително... Пред да кажеме дека е како Дизни и Пиксар да го правеле, ви го претставуваме Златното јаболко, за сами да одлучите.

Стратегиите против Али

Четворица боксери од петтемина кои го имаат победено големиот Мухамед Али беа водени од ист човек, тренерската легенда Еди Фач. Во видето се објаснува какви биле инструкциите да се користат маните кај големиот шампион. 

Битка на Балканот

После квалификувањето на Еуро 2016-та, Албанците снимаат документарец за тоа како стигнале до Европско. Насловот на документарецот е Битка на Балканот. Малку претерано епски ама па и не е мало достигнување, ем нивен документарец е, и можат да го крстат како сакаат.

Партибрејкерс - Сиротињско царство

Осум години по последното студиско издание "Слобода или ништо", рок иконите Партибрејкерс имаат нов албум "Сиротињско царство" и спот за насловната песна. Какви се? Ко што треба! Антон ја вози машинеријата рифови а Цане безобразно дофрла реплики кои печат: "Све што би могло и оно што јесте, овде и паметног у лудницу сместе." Ајмо!