Видео

Последниот блузер од Мисисипи

"Додека сум овде" е еден драгоцен видео проект кој овековечува приказни на луѓе кои ја живеат есента на својот живот а истиот го минале тивко и посветено на своите љубови. Пред нас е Лио "Бад" Велч, роден 1932 година. Свири гитара од 13 години а своето прво ЦД го има издадено на 83 годишна возраст. Капа долу, стари.

Пушти го сонот колку што ти е долго чергичето

Глупоќа е, ама ај. Чергиче со аларм за будење. Не можеш да го снузнеш со палец од нога туку треба фино да го нагазиш за да прекине. А кога ќе го нагазиш, ти кажува мотивациски пароли, дека животот е убав, денот е прекрасен а пријателството ретко. Според приложеното, на типот во рекламата му требаа 6 ипол минути за да се убеди во тоа. 

Дај раката да видиш нешто

Јасно ти е дека нема да ти се случи ништо смртоносно и дека си пред милиони народ на телевизија и секако дека ќе останеш жив. Ама јасно ти е дека има бескрајно ужасни начини да преживееш.

Кинезот и морското

Епска битка во ресторанска кујна меѓу готвачот и две гајби ракчиња или некаква морска храна. Шампионска титула за готвачот заради борбата што му ја пружи на огромниот преполн вок, и шампионска титула за тие што го имаат направено шпоретот да може вака стамено да ја издржи целата битка.

Видео туториал за македонски туристи за лето 2016

Дури и најискалените ветерани со минати и по десетина ол-инклузив одмори по краците или во Турција со цело семејство, ќе можат да стекнат ново ноу-хау кое ќе им се најде за престојната сезона на одмори.

Животот повторно има цел

Иако во интерни кругови се шири муабетот дека од понеделник веќе никој никогаш нема да јаде, искусните аналитичари уште од сега со голема веројатност предвидуваат дека ова ветување ќе пропадне како и 78-те слични на него кои беа дадени минатата година. А како да не пропадне кога некој треба го проба рецептов за пица-тост-вафла-сендвич.

Нано-имитации

Нано затоа што траат 5 секунди, а некогаш ни толку. Добрата работа во ова е што во 2 и нешто минути може да собере имитации на речиси 20 ликови, и покрај тоа што се со зададена тема.

Искусните не мора ни да го дослушаат прашањето

На прашањето "Со кого сакате да поминете еден убав викенд?" дедото треба да одбере а или б. Опцијата 'а' гласи: Со својата сопруга.

Одмаглување прозори на база на наука

На дечково треба да му се верува прво затоа што работи во НАСА, и затоа што направи експеримент со сите можни подесувања. Една мана му е што многу сака да зборува, нам мана ни е што не сме многу по слушањето, па затоа еве го сижето од неговото истражување како два пати побрзо да ги направиш прозорите да ти бидат џам чисти: прво, топлото ставете го на максимум; второ, вклучи ја климата; трето, исклучи го вртењето на воздух од колата; четврто, малку подотвори прозор.

Семејни пресметки

Брак си е брак, натпревар на телевизија во лажно пеење и играње си е натпревар на телевизија во лажно пеење и играње. И тука, како и во се друго нема попуштање на партнерот. Тејтум Џена вс. Тејтум Ченинг, без попуштање и со Бијонсе.

Рики Џервејс и отворањето на Златните Глобуси, 4-ти пат

Или медиумите премногу се возбудени околу тоа што Дикаприо освои награда па не му се ссна на Џервејс, или годинава беше навредлив во прифатливи граници.

Дафт Панк во 10 гитарски стилови

Андре Антунес се вика дечкото кој ќе ви покаже како песната на Daft Punk's "Get Lucky" би ја отсвириле Сантана, Стив Ваи, Еди Ван Хален, Ангус Јанг, Сатриани, Курт Кобеин, Слеш, Брајан Мек, Марк Нофлер и Том Морело.

Водоземен механички соживот

Ако сакате чамец да ве пренесе преку вода, треба да веслате. Зошто истото да не важи и за автобусот?

Што се случува кога ќе одговориш на спам писмо?

Се разбира дека е најпаметно веднаш да го избришеш писмото кое ти ветува големи пари/наследство/злато од некоја далечна странска земја/соборен диктатор. Но дечкото го направил она што сите ние некогаш посакуваме да го направиме: да им пишеме на говедата. Супер приказна!

Том Вејтс на балканската транзиција

Со години свири по задимени белградски крчми а уметничкото име му е "Кралот на Чачак". Дозволете му да ви опише како изгледа утрото.

Затоа што Русија!

Ако некогаш не сте верувале дека луѓето не наликуваат на своите миленичиња, тогаш дозволете му на паров да ве разубеди.

Лажи ме, лажи ме

„Лажи ме, лажи ме" е првиот сингл од новиот албум на Бернајс - „Политика". Ако сме фраери, догодина ова ќе се пее исто колку Коледе, леде...

Пак во кола

Некаде пред околу две години, тројцава се возеа низ Лос Анџелес од чисто промотивни причини. Овој пат, од веројатно подеднакво промотивни причини, прават уште еден круг, само возачот е девојка што зема часови за возачка.

Порно ѕвезди читаат лоши коментари за себе

Исто како Џими Кимел, најразлични компилации славни луѓе и твитовите за нив, само сега се Порнхаб, Брејзерс и нивните луѓе. И не се твитови, туку коментари оставени под порно видеа на Порнхаб (што е сосема друга тема за муабет).

Бог сакаше да си купам авион

Да имаше Господ или пак да не беше тој дигнал раце од нас, овие двајца ќе ги спржеше гром среде емисија. Од оние телевангелисти, во суштина топшоп продавачи кои наместо тенџериња шиткаат божји пораки, полни со пари ко брод, објаснуваат зошто имаат приватни авиони. 

Режисерски муабети

Квентин Тарантино, Том Хупер, Алеандро Инариту, Ридли Скот, Дени Бојл и Дејвид Расел, седат на маса и зборат за филмови. Што треба повеќе?

Кога Европјаните би биле бегалци

Што ако светот се соочи со бегалска криза ама со обратна насока од актуелната? Што ако Европјаните се оние кои бараат засолниште на Блискиот Исток? Едно кратко филмче се занимава со оваа непостоечка но отрезнувачка ситуација.

Спотот за кој Трамп дава два милиони неделно

Доналд Трамп успеа да ја води републиканската трка за претседателски кандидат без ниту една ТВ кампања (ви текнува?). Сега кога се ближат битните предизборни тестови во Ајова и Њу Хемпшир, Дамб реши да го јавне и етерот, со првиот спот за чие објавување ќе дава по два милиони долари неделно. Спојлер за неупатени: бара забрана за влез на муслимани во САД, "додека не сфатиме што се случува".