Видео

Иднината на сообраќајот е кинески автобус

Нема приземје, туку има само горен спрат. Нема гуми, а може и да има. За сега е само концепт што беше претставен на меѓународниот Хај-теч саем во Пекинг, а според луѓето што го смислија, тој би функционирал како метро, само што би чинел 20% поевтино да се произведе и постави.

Направа која ќе ве откаже од цигарите

Ако намерата ви е силна но вољата слаба, тогаш дозволете ѝ на високата технологија да ви помогне во откажувањето на вашата лоша навика. Само да знаете, колку повеќе се инаeтите, толку помалку заби ќе имате, пушеле - не пушеле.

Изгледа шашаво, ама забавно

Малку е пипаво, малку треба нерви сето ова да се состави, малку ќе ве гледаат чудно кога ќе играте со пластично шише вода во автобус или на состанок... ама што ви е гајле!

Кога разумот ќе преовлада на паркинг

Кога? Овој пат не. Јагуар (нов) блокирал Рејнџ Ровер (нов). Решение од типот "веројатно татко му му го купил џипот," што и не ја објаснува целата публика и навивање околу него, ниту пак полицаецот што стои и гледа.

Со бегалците низ Македонија

Њујоркер има документарец од шест епизоди за патот на бегалците од Сирија. Третиот и четвртиот дел се за Македонија. Ги видовме, ги препорачуваме.

Универзумот во 4 минути

4-минутно објаснување по кое работите ќе ви бидат подеднакво јасни како и пред да го изгледате видеово, најмногу затоа што не дечково не му чуе дали и што си разбрал.

Се враќаме веднаш по рекламите?

Ако ве нервираат долгите блокови тв реклами или флеш банерите по веб сајтовите, запамтете го ова време, бидејќи еден ден ќе бидете носталгични по него. Како ќе изгледа кога физичката и виртуелната реалност ќе се спојат а вашата околина ќе биде само простор на кој ќе можат да се закачат нови рекламни пораки? Ќе се вратите од рекламите, ама папсани. 

Куќа се од корен корнеше, буквално

Во делови од Кина периодов се случуваат поплави кои направија прилично штета, а имаше и жртви. Ако е нешто позитивно околу видеово, е што тука немаше жртви.

Ковчези на четири тркала

Тестирањата за безбедноста на поедини модели на автомобили завршуваат со некакви ѕвездички кои не мора многу да ни значат. Но, сè ќе ви стане јасно кога ќе одгледате што им се случува на 4 коли кои добиле нула ѕвездичка. Пазете, сиот овој крш на 64 километри на час.

Јаден оној Бил Клинтон

Ако е вистина нароидната дека "многу смеење не е на арно", тогаш ова е многу неарно. Видео компилација од смеењата на Хилари Клинтон. Погодете колку трае? 10 часа! Ние едвај 6 часа издржавме.

За американскиот изборен систем

Еден од најуникатните изборни системи влече опашки од време кога било попаметно да не се остави на народот сам да избира, бидејќи баш и не е најдобар во тоа, или пак не знае што прави, или пак и двете. Официјалните партиски кандидатури почнаа минатата пролет (иако Хилари уште од почетокот на вториот мандат на Обама), и сето ова ќе заврши летово на партиските конвенции кога ќе биде избран партискиот кандидат за изборите. Појаснување за правилата по кои ова ќе се случува.

Најлегендарниот шут од половина игралиште

Ова е прастаро (во интернет термини тоа се седум години) ама мора да се повтори за да се знае. Една од најдобрите вратки за претходна местенка меѓу пријатели од сајтот Колеџ хумор. Во игра се 500.000 долари и 18.000 луѓе.

Кога Американците видоа европски прозори

Заради некоја причина Американецов е подеднакво воодушевен од прозори во една куќа во Германија, како Индијанец што прв пат држи огледалце во рака. А прозорите стварно не се ништо вонредно, прозор ко прозор, се отвора.

Без очи. Без раце. 10.000 чуда.

Двајца најдобри пријатели од едно кинеско село. Едниот го изгубил видот, другиот уште од детство нема раце. Но, имаат заедничка мисија. Да садат дрвја. Тоа го прават уште од 2002 година, досега шума имаат засадено.

Карл Саган за вонземјаните

"Таму некаде, нешто неверојатно чека да биде откриено", има кажано најпознатиот астроном на светот. Ова е едно анимирано интервју со него. 

Деконструкција на рапот

Фина 12 минутна анализа на развојот на рапот односно менувањето на римите, ритамот, конструкцијата на речениците. Од Куртис Блоу па до Кендрик Ламар и субверзиите на МФ Дум.

Драга, слободно фрли го лопатчето

Мажјаци, не бидете шконтари и циции, купете ѝ нешто кое ќе ѝ покаже дека длабоко и искрено ја цените. А метла може и сама да си купи. 

Крадци против Јелен пиво

Некаде низ Србија пијани крадци сакаат да ограбат фрижидер со пиво. Клучен збор - сакаат.

За пиво без грижа на совест

Она што кај нас е гајба како количина за пиво, во американските навики е малку поиндивидуално димензионираниот "6-pack". Иако мерката важи и за 6 шишиња, најчесто станува збор за 6 лименки пиво, кои меѓу себе се врзани со едни навидум безазлени пластични кругови. Кога ќе пресметаш дека минатата година Американците испиле 6,3 милијарди галони пиво, од кои 50% биле во лименка, овие пластични кругови веќе не се така безазлени. Луѓево веруваат дека го решиле проблемот.

Исидора Бјелица за ракот

"Кога ми приоѓаат на улица луѓе кои ја имаат истата дијагноза и кога зборуваме за тоа, сфаќаме дека никој од нас не пушел, се хранеле здраво но сите имаме една заедничка особина - сите сме доживеале некои големи таги, големи стресови и ако ме ме прашувате тоа е она што го покренува ракот- големи таги, големи стресови. А на тоа никој не работи", вели српската писателка која досега упорно го победува канцерот што неколкупати ѝ се враќаше.

Рецензија на роден град

"Добродојдовте дома криминалци и неписмени," е воведот на оваа телешоп презентација за тоа како еден Американец не може да го смисли сопствениот град.

Кога Бордејн го сретна Рамзи

Бордејн се уште млад, се уште фенси и се уште воспитан водител на Фуд нетворк, Гордон Рамзи поеднакво гневен шеф како и денес, ама ни од далеку така познат.

Послушајте вегетаријанци

Како би изгледало кога сите овие што јадат месо би го тупеле како сите оние што не јадат месо. На човек да не му се верува колку многу аргументи сме имале за да јадеме месо.

Огледалце, огледалце 2.0

Без разлика колку ти изгледа непоправливо глупо огледалото, како и сè друго и тоа станува повеќекратко покорисно во моментот кога ќе му додадеш софтвер и ќе го направиш да работи на допир. За сега, на него нема од оние магичните апликации кои прават да изгледаш како да си симнат/а од насловна.