Видео

Уличниот џедај и телекинезата

Бидејќи ова не можеме да го објасниме никако поинаку, го прогласуваме за класична демонстрација на телекинеза. Џабе давате отпор, тоа е!

Дај ми доволно големо ластиче и ќе го оладам светот

Не е тој Ајнштајн па да ви ја објасни својата теорија со едноставна формула. Ама затоа има ластичиња и има мустаќи па е интересно да се прати јал ластичето ќе му пукне и ќе го запука по тоа мустаќот. А дали неговата идеја за фрижидер кој ќе работи на ластичиња е генијална, појма немаме. Само знаеме дека ластичето не му пукна.

Најдобрите 50 секунди во историјата на британската телевизија

Сериозноста со која главниот лик пристапува кон своето космичко идиотско хоби е премногу дури и за земја од која потекнува целата екипа на Монти Пајтон.

Рапери, не така одамна и сега

По некои разликата е во музиката што ја користат и текстовите што ги вадат, по други разликата е во тоа што новите рапери не треба да постојат.

Украинскиот Т-1000

И тие имаат свој Терминатор. И тој знае да се закачи на автобус, па да биде прегазен од тамче па мртов ладен да стане и да продолжи да си брка работа.

Јутјубер на денот

Дремење на Јутјуб е следниот логичен чекор во еволуцијата на губење време откако по телевизијата, и сериите дојдоа на статус "нема ништо интересно за гледање". Ваквиот развој на настаните  го приметивме кога се фативме себе си дека сме се претплатиле на над 30 Јутјуб канали. Денес ви го претставуваме Ози мен ривјус, како што името кажува дечково е Австралиец, како што името не кажува дечково е феноменален во коментирање / рецензирање.

Село

Посветено на сите луѓе кои живеат во селата на поранешна Југославија.

Како се играше ластик?

6-минутно видеоупатство за најпопуларната женска занимација пред да се појави селфито. Младите да научат, постарите да се потсетат и да размрдаат малку газиња. „Е- ма-ес-ас-а...“ ја памтите (ви текнува дека тоа е - бааги лошо - спелување на зборот Мисисипи?)

Кој го тоа направи?

Лесно се води истрага кога имаш осомничени со грижа на совест. Со џукели на две нозе истово би одело многу потешко.

Клип што ќе ви го расипе филмот

Поентата е дека филмските награди се начин на кој им се одава признание поважните уметнички достигнувања во кинематографијата. Во реалност, поентата е кој ќе даде повеќе пари. Толку од филмот.

Величенствената

Треба да се помириш дека никогаш нема да бидеш толку самоуверен во себе како дебела тинејџерка што на инат на сите хејтери снима видео туториал за тоа како се мацаат орео колачиња во млеко, притоа проаѓајќи ги сите глупи стереотипи што би ви текнале за неа.

Моментот на предавството

Наивни, пренаивни деца што уште веруваат дека родителите им мислат само добро. И така се до моментот кога ќе им дадат да пробаат темно чоколадо, вистински темно чоколадо со над 70% какао.

Србија до Конан

Сиже на финалето во кошарка меѓу САД и Србија од Олимпијадата во Рио. Поради ексклузивните права, не можат да емитуваат ниту секунда од снимката, ама сепак успеваат автентично да го пренесат натпреварот.

Проштален говор на Џон Оливер

Говорот е упатен до Доналд Трамп и во него најдругарски го советува како од целата работа може да излезе како легенда, а сè што треба да направи е да се откаже од претседателската трка. Проштален, затоа што оди на одмор до 20 септември и се надева дека до тогаш Трамп ќе го има послушано.

Турбо-фолк без музика

Пред погрешно да се сфатиме, авторот на монтажите нагласува дека: целта на спотовите не е нечие вреѓање или омаловажување.

Как да надебелеем здравословно

Затоа што треба Бугарите да ни покажат дека не мора секој филм да е социјално-економска-историска драма. Затоа што чуда може да се случат кога човек фантазира. Затоа што (и најважно) во филмчево е фраерски да си дебел и луѓето живеат за да јадат бидејќи најважно е да си дебел. Заради буцката и тој сувиот што толку многу сака а не може да се здебели... Почнуваме: Во свет каде што нема гравитација, а слабите луѓе одлетуваат во небото.

Стигна првата песна од новиот албум на Металика

Металика на 18 ноември го објавува својот прв албум по 8 години, Hardwired ... to Self Destruct. Ќе биде двоен диск и ќе има 12 песни. Прва песна на албумот е Hardwired, и ја пуштија за да држи до премиерата. Љуто, кратко и брзо.

А ова си ти кога го браниш твојот Андроид

Би ставиле во наслов и Ајфон наместо Андроид, ама корисници на Андроид далеку повеќе се палат околу телефоните. (Освен тие што решиле дека се исплати да продадат бубрег за да имаат Ајфон, и мислат дека имаат светиња во џеб.)

Секоја можна Вајс репортажа

Сторија за канадска шверцерка, која пренесува изворска канадска вода во САД и ја продава за 60 долари од литар. Комплетна пародија изработена од This is That, што совршено го покрива (инаку извонредниот) шаблон на Вајс.

Деновиве пред години, Бајден за Србија и Србите

РТ го потсетува Бајден, а и Србите, што мислеше и што збореше овој за Србите во 90-те. Нешто во рамките, треба да ги: бомбардираме / окупираме / ставиме во концентрациони логори.

Најглупите финти најдолго траат

Фасцинантно е колку малку треба за човек да стане КОМПЛЕТНО беспомошен. Видеото е шкарт ама финтата треба да се запамти, ако некој ви се петели, да го направите кокошка.

Кога ќе добиеш тонч од ќерка

Гордон Ремзи ја брка по дома ќерка му, ја стигнува и конечно ја прашува: Како е да се биде ќерка на најдобриот готвач на светот?

Тоа е ручек, не е натпревар

Олабавете се, порачува ИКЕА во луцидната реклама во која покажува како би изгледал еден средновековен ручек ако во тоа време би постоела денешната лакомост по лајкови и одобрувања.