Видео

Веќе ни политичарите не се тоа што беа

1991-ва, Хелмут Кол како премиер на Германија само што завршува со состанокот во градското собрание во градот Хале. На излегување е пресретнат од група демонстранти кои фрлаат јајца кон него. На ред е Кол.

Комшија што врти

Може не е вештина како правењето и составувањето јапонски спојки, ама пак има магија и во ова (барем додека не видиш како се прави): штрафење со магнет.

Ракка, краткиот филм на Нил Бломкапм со Сигурни Вивер

Режисерот на Област 9 неодамна основа сопствено студио со цел создавање оригинални кратки филмови за кои се надева дека подоцна ќе се претворат во долгометражен филм. И во новиот филм борбата е меѓу луѓето и вонземјаните, само овој пат изгледа ние го јадевме. Главниот лик е истиот главен лик од оригиналот Вонземјанин – Сигурни Вивер, и бесплатно настапува во филмот.

ИКЕА хартија за составување рецепти

По примерот кој е успешен само кај спојување на оние малите лакирани масички, ИКЕА пушти нацрт планови за составување јадења. Они ти имаат нацртано што каде треба да биде, ти само треба да поставиш. Делови сам си набавуваш.

За градски улици со љубезни свирки

Желбата постои одамна: да имаш свирка на кола која не служи само за да му се истуриш на некого до три генерации наназад, туку само да му кажеш "тргај друже". Проблемот е што и за првата и за втората ситуација имаш ист алат, "како да си во работилница а имаш само чекан."

Пристојноста како алтернатива на политичката коректност

Додека политичката коректност таргетира една конкретна група (која не секогаш по своја вина се нашла на мета и треба да отплаќа "туѓи долгови"), пристојноста важи за секого. Плус, пристојноста нема своја политичка агенда.

Нео - малолетнизам

Можеби немаат право на глас на избори ама затоа имаат право да сменат родители ако овие им промрчат што миничот им е прекраток. Малата е момче. Со поддршка на мајка му (за да не ја смени) станува дрег-квин. Капак на сè, сценското име му е  - Лактација. 

Што знае механичар што е ремонт за пола саат?

Ти оставаат на поправка кола на која најзабележливо е што задното тркало се држи на едвај две сајли за да не се откачи и е наместено попречно во однос на другите тркала. Тоа е најзабележително, а има уште цел список зуцки, проблеми и недостатоци. Имате пола саат да го поправите и да го вратите во речиси фабричка состојба. П.С. ако е некаква утеха, дури и професионални рели механичари мораат да го пројдат тоа собирањето и групното блеење во проблемот и ццкање.

Машки го тоа издржа

На дечково му го рекле она стандардното за тетовирањето: „Не боли, само знае да биде малку непријатно“. Малку непријатно? Па на Козара и Неретва немало ранети кои вака се намачиле.

Вадичеп за душовад

Ваков р'мпалија мислиш со заби може да извади тапа од шише. А кутриот, душа си извади со тоа отворачот за кој нема блага идеја како функционира.

Ајс Кјуб предавање за Бил Маер

Вториов за време на едно претходно шоу го кажува зборот што е оправдано проблематичен за црнците, се извинува за тоа и објаснува дека било во нервоза, бил комичар, слобода на изразување и слично. Кјуб има сосема друга и почовечка поента, што нема врска со право на говор и слично.

Предлог диета за македонски аналитичари

Британскиот политиколог Метју Годвин на Твитер се понуди со задоволство да ги изеде своите напишани политички прогнози околу епилогот на Брегзит доколку Лабуристите освојат 38% од гласовите. Дојдов, напишав, изедов.

Разлика меѓу добар фотограф и добар апарат

Во експериментот на професионалец фотограф му даваат опрема од 500 долари (Canon Rebel T3i, 18-55mm и 40mm f/2.8), а на аматер му даваат фотоапарат од околу 5.000 долари (Canon 5D Mark IV, Canon 35mm f/1.4L II lens). Фотографираат исто. Чисто да ви покажат дека не е сè до опремата.

Единствената вистинска тепачка на Брус Ли

Тврдат дека ова е снимка од единствениот вистински дуел на легендарниот Брус Ли во боречки вештини. Противник му е Тед Вонг, еден од најнадежните кунг-фу борци во тоа време. После ваква смирена супериорност, тешко се наоѓале предизвикувачи.

Пешмерга во лов на мини

Сето она што ИСИС го имаат посеано на теренот во Сирија со мини и слични приправени експлозивни направи, курдските сили секојдневно го "жнеат" со копач. Тоа што знаат дека експлозивот може да се активира само на копче, никако не го девалвира тоа дека експлозивот го корнат со копач.

Џонатан Пај за британските избори

Меј сакаше да ја дотолчи опозицијата и да формира супер јака влада, по можност со ердоганов интензитет. И доби шамар. И така според Пај, Британија се најде во позиција која е всушност најдобра за демократијата во една земја. Слаба влада, јака опозиција.

Да е живо и здраво и да му расте курсот

Само да видите колку глупо изгледа оној обичај што го има и кај нас, на бебе да му се оставаат пари. А ова па конкретново, ако не собра повеќе инвестиции отколку што ќе собере Мерко, еве на.

Башар на пазар

Сирискиот претседател, лежерно облечен се замешува со народ на пазар во Дамаск. Ех, кога А1 правеше вакви прилози за Груевски, во времето кога куртоните уште не беа измислени.... 

Природата враќа

Посебно ако пробуваш со трактор со отворена кабина да собориш дрво.

Посматрање новинари што го слушаат портпаролот на Трамп

Ова може да е и олимписки спорт, со оценки за поглед, вртење со очи и слични демонстрации на неверување на сопствени сетила.

Како CNN прави сценографија за своите вести

„Го фативме CNN како прават лажни вести“, пиша на Твитер независниот новинар и филмаџија Мајк Церновиќ објавувајќи снимка од граѓанин кој уловил како новинар си ја мести сцената (ко за сликање за свадба) пред да се вклучи во програма. Донеле пар луѓе кои треба да глумат „мировно здружение“, се местат пригодни транспаренти и цвеќе, белите полицајци се тргаат за на нивно место да дојдат црни и азијатски колеги и - одиме во живо!

Што ги прави работите да се кул?

Еден од најбитните индустриски инженери на 20-от век има развиено теорија која подоцна ја потврдува и науката. Работите треба да се нови ама не премногу, бидејќи премногу ново знае да ги уплаши луѓето. Тајната во во акронимот MAYA - Most Advanced Yet Acceptable.

Карлин за зборовите

Зборовите се неутрални и невини, она што ги прави опасни е контекстот во кој се кажани и намерата со која се изречени. Патем, знаете ли дека англискиот збор „nice“ на времето значел глуп?

Каде сите грешат околу хероинот

Разбивање на неколку митови за хероин, од човек што подолго време бил интимно близок со хероинот. Што е најопасно (кога веќе си решил да се дрогираш)? Некој да ти даде посилен хероин отколку што си навикнат.