Видео

Што знае бразилска туристка што е бугарски претседател

Бразилка во Бугарија некако завршува на некоја прослава во селото Блгари. Во исто време таму да ти е и некој човек што цело време сите го сликаат, камери го снимаат и шета со обезбедување. Би било глупо да се пропушти шанса за сликање со човекот.

Репортажен камион од 20 милиони долари

Служи за преноси во живо од мега-спортски или какви било други спектакли што можат да си дозволат да го ангажираат. Работата му е да се појави на локација, да го направи преносот, да се спакува и си оди. Внатре изгледа вонзејмански и како стварно да вреди 20 милиони долари.

Здружение на граѓани "Втора шанса"

Компилација од неколку ситуации кои по сета веројатност требаа да бидат последните моменти на овие ликови, најчесто не по нивна вина, ама добија втора шанса.

Утрински хорор на работно место

Вака би изгледал почетокот на работниот ден од нашите најлоши кошмари. На сета сабајлечка накурченост и нерасонетост, да ти дојдат неколку идиоти за со мотивациска песна да ти го дигаат работниот елан. Стануваш и ги дигаш на клоци.

Како Фејсбук делува на мозокот

Разговор во реален живот нема "едит", што си кажал тоа е. Разговорот преку сè што моментално користиме (пораки, мејлови, твитови, статуси) е уредуван за да нè прикаже нас во најдоброто светло. И потоа работите почнуваат да одат на полошо.

Како од ова стигнаа до Трамп?

Џони Кеш за првпат пред публика изведува нова песна. Ни помалку ни повeќе туку Man in Black, пред да биде објавена на албум. Малку контекст: годината е 1971, виетнамската војна е во полн ек, млади војници на големо се враќаат дома во ковчези. А Кеш, ладен како надгробна плоча, на студентиве им раскажува зошто носи црно. Нема појако.

Родители и рози

Овде мајка се радува што се укинало екстерно, или што детето си одбрало баш фино комплетче за полу-матура. А мајка може и на поинакви работи да се радува. На пример, ако таткото освои карти за концерт на Ганс енд Роузис.

Боемска, ни рапсодија ни улица

Се работи за песната Боемска рапсодија од Квин, ама претворена во филмска сцена. Иако тоа звучи како малку лигава идеја, резултатот е доста уверлив (ок, освен кога џандарот вика: Скарамуш! Скарамуш!). Сега едвај ќе чекаме +18 филмска верзија на „Остани во мене“ од Калиопи.

Ајфон 7 вс. камера од 100.000 долари

Ајфон е уредот кој сними неброени селфиња, снапчатови и инста-сторија. Алекса е камерата што ги сними Логан, Волкот од Вол стрит, Авенџерс, Ент-мен, Пристигнување, Лудиот Макс, Сикарио, Повратник, Игра на тронови и стотици други. Првиот чини нешто помалку од 1.000 долари, вториот околу 100.000 долари во зависност од опциите. Ова е споредба на двете.

Кинески Бадвајзер

И тоа има, фејк Бадвајзер во лименка. И не знаеш што е полошо, тоа што е лажњак или како го полнат.

Уста широко затворена

Ова е неверојатно. Неверојатно затоа што Американски идол уште трае, и уште поневеројатно што глас извади девојчево со затворена уста.

Лекција по наука за сечие незнаење

КРИСПР е нешто многу јако во науката и еден од најсериозните кандидати за некоја од скорешните Нобелови награди за хемија. За да не мора да трпите наши објаснувања, сè друго околу КРИСПР ќе ви објасни Навил Санџана, биолог од Универзитетот на Њујорк. Ама ќе ви објасни и како на дете, и како на тинејџер, и како на студент, дипломиран и како на експерт. Едно од овие ќе го разберете.

После 27 години - Хаустор

Пет нивни песни од 1990 година досега биле во фиока а кога и да е, доаѓа време да се зачистат фиоките. Една од песните кои ќе се најдат на албумот „Досетливи мали чудаци“.

Проблемот со заљубеноста на медиумите во ракети и бомби

А Американците удрат некоја арапска пустелија со Томахавк, МОАБ или што и да е многу скапо и многу големо, снимката со траење на просечна ТВ реклама речиси инстантно станува мантра на сите американските новински телевизии. И ова е проблем затоа што луѓе природно почнуваат да навиваат за користење огнена сила за масовно уништување. Плус, и не се разликува многу од тоа кога другата страна на рипит гледа клипови од терористички напади.

Елон Маск како драчевски матурант

Пред 18 години, како млад и надежен милионер (со потпунки) кој си купува нова кола. Една година порано, на весниците им продава платформа за онлајн изданија, за која кешира 400 милиони долари. Денеска вреди 15,6 милијарди долари. 

Имаш 100 секунди да собереш сè што сакаш од продавница за електроника

Продавницата е полна, без правење иле, со Галакси, Ајфони, Мекинтоши, Канони и се што може да има еден маркет за електроника. Ти си со празни раце, и за твое добро, гледај да си со брзи нозе.

Ако сакаш да спасуваш животни само треба да не јадеш пилешко

За годишната исхрана на просечниот Американец се колат 25 животни. Од овие 25, 22 се кокошки / пилиња, па ако престанеш да јадеш пилешко, ќе поштедиш 22 од овие 25 животни, а притоа растот во консумацијата на другите животни нема да биде страшно голем. Кој вика тоа? Активистот за права на животни Мат Бел. П.С. 84% од луѓето што стануваат вегетаријанци, се враќаат на јадење храна од животинско потекло.

Драг ни е Борат, ама, Али Џи

Една видео компилација нè потсети зошто Али Џи е нашата омилена инкарнација на Саша Барон Коен. Во своите интервјуа тој користи една контра - аикидо техника, противникот не го победуваш со помош на неговата сила туку со помош на својата (радикална) глупост.

Крос-фит атлети вс. балерина

Никој не вика дека овие што вежбаат крос-фит се балерини. За почеток балерините се неспоредливо поподносливи од нив и ни приближно толку не гушат "да видиш денес каква серија пируети сум направила" или "тоа арабеската ама ми тргна денес". Исто така излезе дека ова балет било понапорно.

Пожарникарско, ситно

Кинезите сакаат да знаете дека се подобри од сите нас и дека еден ден цела планета ќе биде нивна. Па вучјак не можеш вака да издресираш ко они што имаат навежбано пожарникари. И уште поважно, за што може оваа вежба да им служи на пожарникари? Изненада да не дојдат сватови со музика?

Ѓубриња сте, ама фала ви

Само во Париз и околината годишно 4500 пешаци загинуваат во сообраќајни несреќи. Кампањата што ја прават на темата се базира на нешто налик "сув тренинг за сообраќајка", извади го некого од памет, па види дали ќе памти за друг пат.

Меланија - Доналд 2:0

Работен наслов: кога ќе ја однесеш жена ти на одмор каде што не и се оди / ај да изгледаме нормални пред роднините. Меланија и во Рим му направи ескиважа на Доналд.

Само вокалот на Крис Корнел од "Black hole Sun"

Извадени гитари, басови, тапани, клавијатури и сè што прави каква било мелодија, оставен само Крис Корнел. И звучи...

Си грешел и ти на работа, ама не како овие

Што е најлошо што си направил? Си пуштил порнич на меил од фирма? Си ја пратил понудата на некој од конкуренција? Си утнал една нула во пописот? Полека малку, дечкиве срушија цела куќа, ама не таа што требаше.