Видео

Како тоа излегувате од дома без мобилен и скара?

Uber Q e мобилна скара која може да се носи секаде. И освен што е мобилна, има и ражен кој се врти. И освен што има ражен кој се врти, на апликација на мобилен ви кажува до кај е месото. Ако уште јадете варено, никој не ви е крив. 

Измама на патот

Во истиот момент кога ќе сфатиш дека е намештаљка за пари од осигурување, ќе сфатиш и дека е одлично извежбана - идиот решава да го лупне скутерот од твоја кола и сам да ти си се фрли на хауба. И он така мисли. Ама? Ама, камера во кола.

Мејведер и Мекгрегор и лошо читање усни

Ова монтаживе со дијалог уште од првиот клип што го имаме изгледано ни личат на чиста уметност (да најдеш клип, па да ги следиш движењата на уста, па да им закачиш зборови што ќе им одговараат, па тоа што ќе го каже уште да личи на нешто, па налет...). Ама нека не се чаталат, затоа што овој пат муабетот на двајцава стварно изгледаше ко ова да е оригиналната трака.

Чистење автобуски седишта

Од рубриката "Другите работат", денес имаме автобуски седишта.

Капитулација на еден маж

Татко на четири ќерки, седи, сосе сите четири, и чека сопругата да го открие полот на детето (нешто што последниве години прерасна во мини-церемонија во САД). И го дозна.

Берлинскиот ѕид и македонскиот туризам

Американска двојка со години поседува автентично парче од Берлинскиот ѕид и цело време ги чеша колкаво богатство можат да заработат од ова парче историја. Одат кај човек кој откупува историски сувенири и брзо им паѓа камен од срце. Ама им паѓа на нога. Типот им вика дека такви работи како нивното, на интернет се продаваат за 3-4 долари. Не дека замлати како овие нема и кај нас.

Да ти каже тато што ќе правиш секој ден по два пати, а не е миење заби

Не мора да е татко, може да е и мајка, или и двајцата. И не мора да е син, може да е и ќерка. Важно е само да ги изрезилиш малите пред камера објаснувајќи им околу мастурбација, колку повеќе толку подобро. Исто е важно и да бидеш спремен ако ти врати со волеј - а, па знам јас тоа.

Еволуција на Јутјуб

Сајтот за видеа почнува со работа на 14-ти февруари 2005. Од таму до денес, без ниеден кажан збор.

Зошто издиша рутерот?

Сурфаш од лаптоп, додека во позадина ти врти торент, на телефон проверуваш снапови, а во исто време идентично напорно интернетот го имаат јавнато уште други два-тројца што ти се по дома, кога "од нигде никаде" ти паѓа интернетот. Стануваш и со поглед полн презир го гледаш рутерот додека одиш кон него за да го извршиш зафатот што те прави хакер во фамилија - исклучување и вклучување на рутерот во струја. Он ќе пушти пак интернет, ама зошто вака да ти се понаша?

Вештачката интелигенција научи да оди

DeepMind е компанијата на Гугл за развивање вешташка интелигенција. Ова што ќе го видите не се движи грациозно како Наоми Кембел ни цепачки како Џон Траволта во Сатрдеј најт, ама, цаката е во тоа што сето тоа, тие самите го научиле. Ни дубаче, ни бутур,

Лудиот Макс - Венецуела

Чопор моторџии, на АПН-ки и веспи, му се сска на шлепер. За кратко време почнуваат да го гаѓаат со бараж молотови коктели. Шлеперот застанува, овие му се нафрлаат ко пирани и почнуваат да го пљачкосуваат. Што товар има шлеперот? Еден од најдефицитарните производи на пазарот - шеќер. П.С. Додека прават чистка во шлеперот, позади нив стои сосема незанимлива цистерна со нафта.

Што е (старо) новата битка за нет неутралност?

Гугл, Фејсбук, Амазон, Твитер, Редит, Снапчат, па и Порнхаб, повторно мораа фронтовски да се организираат за да го спречат новиот обид на американските власти (а потоа и другите) за укинување на нет неутралноста. Потсетување за што е битката, што некако поверувавме дека е извојувана во 2014.

Малиот кој го скина Брус Ли

Не само фаците туку и сите потези со нончаки од легендарната сцена од филмот Game of Death (во оригинал, ко што сме го гледале во кино: Игра смрти). Ако малиот го кине Брус на оваа возраст, кога ќе порасне, што?

Кутрите фински мечки

Како да им е малку што треба да се бранат и справуваат со глад, ловџии и други мечки, па им фалеше уште да се објаснуваат и со наапани Финци со метли и кочијашка уста.

До дискус-хернијата и по нејзе

Од сите прашања што нè мачат околу клипов сакаме да почнеме со овие три: Што толку имате против користење количка? Замисли во живот да те бива само за една работа и ова да е тоа? Ракавици, маска, сандали барем, било што?

Што знае динамит што е 118-метарска зграда

Зградата е изградена 1999, а срушена 2015 со 1,4 тони експлозив. Зошто некој би рушел нова зграда? Затоа што во овие 15 години никој не се вселил во нејзе, што според властите е премногу долг период за таа да може да се пренамени за нешто друго. Спаваш ли мирно Југобанка?

Ретро без повод

Иако тешко про-штипско лоби, на каналов по најразлична основа имаат залутано тв парчиња од Македонија од 70-те и 80-те, и сето тоа (најчесто) некако ненаменски и по рандом избор (освен за две-три теми што провејуваат). Ние извадивме неколку вести и репортажи од времето.

Како Турците ги предадоа анти-Г20 протестите

На протестите во Хамбург првите пукнатини во отпорот кон капитализмот и глобализацијата се појавија во редовите на турското малцинство во Германија, кое одлучи да им го сврти грбот на своите соседи и во историските моменти за Германија и светот и да свртат кон сосема други, себични, приоритети.

Две работи што треба да ги знаете за Индонезија

Прво, ги имаат најјаките маски за мобилни на светот. Второ, ги имаат најјаките реклами за сладолед на светот. Правиш една ваква реклама и се шеташ по Кан, вон конкуренција.

Веројатно најпогрешната екскурзија на сите времиња

Американско основно училиште со сериозен број афро-американци во него, ги носи учениците од помалите оделенија на екскурзија во плантажа за одгледување памук. Понатаму дечково ќе ви раскаже.

Трет палец

Се монтира од страната на малиот прст и изгледа исто како што звучи - вонземјански. Во видео презентацијата изгледа како една од оние работи што не сте имале поим дека ви треба, и како стварно да е нешто корисно.

Баба била злојасна

84 годишен дедо во шопинг мол храбро запира крадец (пушта нога и го сопнува). И веднаш потоа и подоцна во болница, најголем проблем на дедото е - бабата. Пазете колку малку ѝ треба за да му се развика (да погаѓаме: дека е себичен, дека не мисли на неа, дека што ќе прави она сама со реумата, дека една пензија не стигнува...)

憑啥我平

Насловот кој го гледате е она што во себе си го викаат луѓето кои ќе ги видите.

3 минути хорор, страв и ужас

Ако до сега немавте страв од висина, ова е моментот кога стравот ќе ви се ембедира во ДНК. Тројца момци и напуштена зграда во Мароко (или барем сите се на работа). Они може имаат нерви да го снимаат ова, ние не баш и за да го догледаме.