Видео

Рок симфониски оркестар

Веројатно ако некогаш дојде денот кога последниот човек ќе ја затвори планетава и ќе се исели на друго место, оваа верзија на „Smells Like Teen Spirit“ ќе оди во позадина. Главниот вокал е 17-годишната Меккена Бреинхолт и е придружена од оркестар и хор од 110 луѓе.

Како поп треба да доаѓа во црква

Откако генералштабот на МПЦ си ја најдоа мајката (едно ебено интервју не дадоа за на паствата да ѝ го објаснат овој коперникански пресврт), редно е дечињата да ја апгредираат својата појавност и стил. Нормално, пари да бараат од мајка им.  

Аматерска снимка од слетувањето на двете Фалкон ракети

Човеков нашол агол од кој целиот подвиг на Спејсикс изгледа уште поневеројатно и уште повеќе научно-фантастично. Аудиото само создава дополнителна стравопочит.

Не закачај војска

Бил Бур не може да се начуди како тоа од нација на хипици кои своите војници ги третираше како убијци на деца, Американците се претвориле во нација која доживува божја епифанија кога ќе види воени авиони над Супербол. А самиот штос со кој си навлекол гнев е многу буровски - здраворазумен, циничен и генијален: Ајде оној што вози џет да го рачунаме за јунак, ама оној што на писта му покажува во кој правец да летне?

Германецот секогаш одел прв

Прво го пуштаат него а дури откако им се чини безбедно, настапува глутницата. Сцена од полициска акција во Калифорнија.

Љубоморната кралица

Тој и натаму може да си биде кралот на животните, само да му се даде до знаење дека го јадел, ако опашката му мрда по погрешна кралица.

Абсолут вотка нема што да крие

Тоа што ќе го изгледате е реклама на Абсолут. Тие што ќе ги видите угол голи се автентични вработени на Абсолут. Поентата е - ништо не криеме.

БМИ е погрешен начин за мерење дебелина

Не само што е празастарен и доаѓа од времиња во кои не се ни претпоставува денешниот начин на живот и изобилие, туку и не прави разлика меѓу масти и мускули, па важно му е само да ја подели тежината (во кг) со висината (во метри). Па така добиваш дека НБА кошаркари како Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Блејк Грифин или Кармело Ентони се дебели.

Колку мозокот брзо ги прифаќа работите

Неколку изведби на класичниот експеримент од психологијата, таканаречаната „гумена рака“, кога она што го гледаме го пребришува она што го знаеме. Колку да стане појасна грчката хистерија „Македонија е наша!“ и рипањето како попарени на секое спомнување на тој збор. Целата нивна  национална конструкција е производ на едно предолго чешање.

Пуштаме реклами, Супер боул 2018

За секои 30 секунди реклами што ќе ги изгледате, некој има платено по 5 милиони долари за да бидат емитувани на паузите од Супер боул 52. Успеавме да собереме реклами од нешто помалку од 50 брендови што вечерта биле емитувани. Да не одолжуваме, имате баеги за гледање.

Некои работи треба да се изгубат на време

На пример, она мушамата за глајдање. Подобро е да ја изгубиш кога ќе сакаш да се дигнеш отколку кога ќе сакаш да се спуштиш.

Мачка што лае, не каса

Мачка со инсталирана поддршка за лаење. Кога треба да брани куќа, имитира куче, кога ќе ја фатат дека се понаша трансџендер, се враќа на мјаукање. Кул. 

Стварно, знаете ли како правилно се кива?

Една медицинска сестра од служба за брза помош, на која ѝ е преку глава од оние кои ќе нагрнат кај нив во сезона на грипови, потсетува на некои основни правила. На пример, не носете здрави деца. На пример, не кивајте во своите дланки.

Сократ против демократијата

Гласањето на избори е вештина, а не рандом интуиција, и како и секоја вештина и таа народот треба систематски да ја учи. Да им дадеш на граѓани да гласаат без вакво образование, е подеднакво неодговорно како да им дадеш да управуваат со брод кој плови сред бура.

Време за херои

Во фоајето на еден њујоршки театар, Дејвид Брн и една огромна група пејачи ја изведуваат Heroes од Дејвид Боуви. Не може боље. Ако во ниеден момент ништо од ова не ве наежи, од Звезде Гранда, Ана или Раста слободно да барате отштета за нанесена инвалидност.

Холандското село на заборавните

Владата финансира мало затворено "село" во кое луѓето со деменција и алцхајмерова можат да шетаат, пазарат и генерално да се осеќаат нормално, без да им штрчат на „нормалните“. Баш добро. Прашањето е, ќе може ли Холанѓаните и овде да помогнат слична идеја, без и таа да ја спојат некако со ЛГБТ?

Попот што „искина“ група велосипедисти

Не сме му биле на служба за да го провериме стварно дали е поп, ама он е на Пони со наметка и шешир, они се на брзинци во полна велосипедска опрема, и секоја чест на дечкото како се држи.

Британски министер ја дава најбритански воспитаната оставка на сите времиња

Лорд Бејтс е британски министер за меѓународен развој. Како таков тој има должност да одговара на „пратенички прашања“. Од причини што не ги наведува, лорд Бејтс не успева да стигне на време за да удостои со одговор една од членките на Горниот дом на британскиот парламент. Заради ваквиот пропуст што не може да си го прости, тој со едно досега заборавено ниво на пристојност и воспитаност, поднесува оставка на функцијата што ја врши повеќе од 5 години.

Порно-ѕвездата на Трамп на гости кај Џими Кимел

По повод првиот говор на Трамп за состојбата на нацијата, Џими Кимел како своја главна гостинка ја закажа Сторми Даниелс, порно-ѕвездата кој можеби земала 130.000 долари од Трамп за да молчи за една средба која можеби ја имала со сегашниот американски претседател пред неколку години.

Мали мали хидроцентрали

Брендот се вика Турбулент и стварно се мали, една турбина едвај покрива потреби на 60 домаќинства, ама затоа замислени се како многу лесни за поставување, немаат потреба од брана, не ѝ прават штета на природата или нарушување на текот и може да бидат поставени на која било река, канал, водопад и слично.

Скараџијата и мечката

Тој, десетици години искуство над вжештената решетка и одбивање напади од разно-разни роднини, колеги и пријатели, нестрпливи „само малку да пробаат“. Таа, сетила за откривање вкусен оброк кои милиони години се развивале и животински нагон да се нахрани. Битката е непоштедна, ниту една страна не планира да попушти.

Автомат за палачинки за сиромашни

Ја погодува мерката, ги прави најтенки што може, не ги загорува и веќе го имаш во креденец во кујна. Само треба мајка ти да го има прежалено тефлонот или општо тавчето.

Нема да има нов Крокодил Данди, ќе има Супер боул реклама за Австралија

Само еден ден откако излезе трејлер што навестуваше дека Дени Мекбрајд (Кени Пауерс) е главниот лик во некое освежување на Крокодил Данди франшизата, беше објавено дека клипот е најава за Супер боул рекламата за промоција на туризмот во Австралија. По неколку клипови од истата кампања изгледа дека нема познат австралиски глумец што не го прибрале во спотовите, од Хемсворт браќата, до Хју Џекман, Расел Кроу, Исла Фишер, Маргот Роби...

Зошто не можеш да делиш со нула

За најголемиот дел од нас доволно е тоа што знаеме дека не може да се дели со нула. Дечково нема проблем со тоа, само го интересира зошто не може.