Видео

Неле Карајлиќ: Што се случи после неделата во која замина Хасе

Во далечната 1985 година, Забрањено пушење на својот втор албум „Док чекаш сабах са шејтаном“ ја ставаат и песната „Недеља кад је отишо Хасе“, номинално посеветена на последниот натпревар на сараевската фудбалска легенда Асим Ферхатовиќ а преносно на заминувањето на Тито. 33 години подоцна, Неле Карајлиќ решава да удри црта и да сумира што тоа се случуваше после таа недела.

80 странци. 40 држави. Една порака.

80 луѓе од светот кои никогаш не се виделе меѓу себе, 4 месеци работеле за да покажат како интернетот и модерните алатки за комуникација можат да помогнат да се направи еден заеднички проект со заедничка порака. Значи комплетно одбратно од начинот на кој истиот тој интернет и истите тие алатки за комуникација се користат кај нас: од 80 пријатели да направат 80 странци, секој од нив да има своја порака и никој од другите да не сака да го слушне.

Стари навики

Кога некоја узречица ќе ти влезе во систем џабе после цел живот одвикнување... посебно ако не ти е до одвикнување.

Нов спот на Архангел

Пинокио е Пинокио, Пинокио, Пинокио, Пинокио...

Гордон Ремзи, шеф и родител

Гордон Ремзи како еден од најдобрите телевизиски примери на Џекил и Хајд. Да го видите со дечурлана, па потоа и со возрасни.

Асаде, јасно ни е

Пред клипов не го знаевме Асад и немавме појма дали тој има некој проблем во животот и како тој проблем евентуално изгледа. После клипов, само не го знаеме Асад.

Српскиот Крег Дејвид: Ја сам помало геј

На шаблонот на ненадмашната верзија на Мадона и песната Like a Prayer ("Мадона помази овог клинца дебелог"), постои уште една махерска текстуална спрдачина, со спотот на Крег Дејвид. Бон-бо-на!

Шјор Спајдермен стари

Рамбо Амадеус и дечките од клапата Клесари го тешат стариот госпон Спајдермен дека еден ден повторно ќе ја закрпи мрежата искината во лути борби со организираниот криминал и во неа повторно ќе се фаќаат криминалци, тајкуни и корумпирани политичари. Мајката, во некои земји живее некаква надеж.

Носталгија за милијардери

На што се радуваат двајцата најбогати луѓе на светот? Колку добри бонбони имале кога биле мали, мислиш цел живот на Краш 505 растеле.

Мигуел сака да нè кочи, небањат еден

Некаде на 0:33 се спомнува Македонија (even Serbia), но од контекстот не е јасно дали мисли на територија со словенско или хеленистичко наследство. Така што, Димитров да седне и да му пише на Мигуел дека тоа не е во согласност со договорот со Грција од кој извлековме максимум (како што Аса Акира извлекува максимум од своите партнери на крајот на сцените). И веднаш да се корегира! Или барем да стави плочка.

Локос Железарос: Малта

„Ме испратија на одмор Грујо и Мијалков, сега истото го прави и кретенот Зајко“. Знаете дека Железарциве се иронични околу целата таа фама за Малта ама пак сè тоа сече до коска.

How Did I Get Here?

Once in a Lifetime не е проповед против конзумеризмот, како што обично се мисли. Дејвид Брн секогаш повторувал дека во таа химна на Токинг Хедс се зборува за безумноста и несвесноста на животните битки. „Ние функционираме полу-будни, на автопилот, и во некоја точка завршуваме со семејство, работа и сè друго, никогаш не запирајќи за да се запрашаме себе си: Како се најдов овде?“ Во продолжеток, вокалите на песната, и тоа изолирани, како што приличи на овој наш актуелен „Once in a Lifetime’“ момент.

За „назадната“ калеш Анѓа

Девојката беше исправена пред историска шанса.

Кога соништата не ти се остваруваат, но можеш да се преправаш дека ти се оствариле

Фино регресивно инспирационо видео, таман за оние времиња кога раст од 0,1% е  економски бум, кога менување на идентитет е јакнење на идентитет, кога Грција веќе не може да ги кочи ни потенцијалите на Љубе Бошкоски како советник за странски инвестиции....

Дел од видео-игри што беа претставени на Е3 2018

Electronic Entertainment Expo или Е3 во Лос Анџелес собира сè што има од електронски ентертејмент од производители на конзоли и останат хардвер до автори на видео игри, кои имаат шанса да го покажат најдоброто од себе и што сè имаат сработено изминатата година (или години). Ова е дел од презентираното на првиот ден од саемот.

Слепиот човек кој вози точак

Точно е дека звучи неверојатно, ама ако ние при здрави очи можеме толку упорно да бидеме слепци, зошто тој без очи не би можел да види што му е пред нос?

Сите вие сте злато од возачи, и не ги слушајте другите што ви зборат

Без да имаме поим како е стигнато до тука, видеото почнува од моментот кога возачот на белиот џип се залетува во разлупаната Хонда. И потоа ова го повторува уште десетина пати. Муабетот ни беше, видиш и не е толку страшно што сите што возат кола низ градов дремат на свирка.

Манекенки на денот

Имаш модна ревија на фустани и имаш држава со ултрастроги закони правила за тоа како и што може жена да носи пред народ. Решение? Дронови! Како тоа? Саудиска Арабија знае како.

Кога нема разбирање

За тие што заборавиле како изгледа расправа на студенски прашања пред јунска сесија, ако им дојдеш на теткиците надвор од "приемниот термин."

Јелена Крекетуша, за малку!

Клип со кој би можеле да се мачат затвореници во Гвантанамо. Иако почнува да се гуши, цивка и запомага, немаме баш добри вести за вас. Сте гледале Звезде Гранда, па и сами знаете дека таа ќе преживее. За вас не сме сигурни.

Кога се има музиката во себе

Главните стилистички особености на големите мајстори, прикажани преку една од најбаналните песнички на сите времиња. Како би ја отсвириле „Happy Birthday“ Бетовен, Шопен, Брамс, Бах и Моцарт.

Фасцинантен е, тотално

Будалата некој ден ќе нè дигне сите во воздух ама барем нема да можеме да се вадиме дека не ни било јасно. Пазете го овде, на новинари им вика дека добил писмо од Ким Јонг Ун, кое било “фино“ и „интересно“ писмо. Осум минути подоцна, им признава дека уште го нема отворено.