Видео

Видео за слободата

Кога (на своја кожа) сфаќаш дека слободата не е баш онаква каква што си ја замислувал додека си ја чекал.

Црнецот е, друже судија

Може не е убаво да си црна овца ама далеку побетер е да си црно куче, во дом со уште три бели кучиња. Можеби малиот стварно е кабаетлија во врска со саламата ама погледнете како убедливо го накодошија овие од Кју Клукс Клан.

Момче со репортерска жичка

Некакви немири во Махикенг, на северозапад на Јужна Африка. Содржината на настаните не е ни толку битна бидејќи главниот настан во овој прилог е страсниот - нам ни изгледа за малолетен - репортер.

Некому овци, некому славеи

На партиски митинзи сме виделе колку публиката знае да биде послушна а оној на сцената да им биде апсолутен господар на нивните реакции и чувства. Па се смеат на глупости на лидерот, егзалтирани се кога е прост, одушевени кога фрла отров. Некому да му текнеше од таа послушнпст да извади нешто добро?  Можеби финтата е во тоа да не ги третираш како стадо овци туку како хор славеи. 

Подобро две мали отколку една голема

Корисн потсетување зошто пиците ги прават тркалезни. Кога се четвртести, може да избие опасна кавга кој колку ќоша земал.

Студио?

Конверзација меѓу репортер на терен и водител во студио каква ретко се гледа. Имаат работено еден со друг, едниов некогаш му бил шеф на другиот, ама веќе не е и...се закачија.

Можеш ли да откриеш милионер во друштво

Седум луѓе што прв пат се гледаат треба да погодат кој меѓу нив е милионер. Имаат неколку рунди на елеминација и целата недоверба кон непознатите што човек може да ја има. На крај или милионерот ги собира парите, или овие другите ги делат парите.

Музичка берза

Малку подолго (10 минути) ама супер занимливо видео за најдобро продаваните музичари и групи од 1969 до 2019 година. Како доаѓале и заминувале, борејќи се за ушите и душите на музичките фанови. Има тука секакви изненадувања.

Норвежани ја пеат „У свету постоји једно царство“

Во верзијата на „Свартламон хардкор“ песната „У свету постоји једно царство“ звучи како пивска химна и како загревање за жестока фудбалска уткамица. Бранко Коцкица на ова би ги пратил децана до гранапче. Предобро!

Двајцата во него

Кога се мислиш спремен како Џон Статам пред филмска сцена, а уствари си убиен како Чарли Шин после една од оние негови журки со Џорџа Џонс и Капри Андерсон.

Дали математиката е расистичка?

Оние бандоглави водители од Фокс њуз кои ги паметиме по нивната некогашна агресивност, денес почнуваат да звучат како епифанија на мудроста и сталоженоста со оглед на тоа каква сè налудничавост се има пикнато под плаштот на либерализмот и новиот колективизам наречен идентитетски политики. 

Црвениот плоштад на еден ден се врати во 1941

7-ми ноември 1941 на Црвениот плоштад во Москва се одржува воена парада за одбележување на Болшевичката револуција од 1917. Откако го поминува Кремљ војската се упатува право на фронтот каде има директни битки со германската армија. Вчера, на истото место беше повторена парадата од 1941.

Ако до сега не бевте депресивни, рекламава ќе го смени тоа

Нешто околу тоа како се навикнавме секој поголем проблем да го ставиме на пауза и да ги решаваме најмикро проблемите, најчесто со нарачки од интернет. Ако не е така, тогаш немате гајле.

Како се познава политичар во добра форма

Евелин Матеи е искусна политичарка. Денес е градоначалничка на Провиденсија во Чиле а претходно била министерка за труд и социјална политика како и кандидатка на претседателските избори во земјата. Со тоа искуство во себе, точно знае што ѝ е најпаметно да направи кога ќе ја навасаат новинари. Патем, Евелин Матеи има 65 години.

„No Name Nation“ да ви кажат нешто

Вака треба да звучи една стара македонска народна патриотска песна.

Како да снимиш поп хит во 2019

Целиот процес има четири чекори (последниот нормално ауто-тјун) кои не бараат многу повеќе потези од тоа. Најкомплицираниот чекор веројатно е текстот, ама па тој одамна не е ни приближно важен во овој жанр.

На работа, на Јутјуб

Наспроти оние што на Јутјуб пробуваат на тинејџери и малку помалите да им продадат мед и млеко луксузен живот, коли од неброени пари и Ајфони од 1.000 евра, стои една идентично голема група ударнички јутјубери, јутјубери кои имаат работа. Терајќи идентично „влогирање“ како и популарните, темата на овие јутјубери е нивната секојдневна работа, пример чистење плочки и теписи со машини, одзатнување одвод на езеро или водење на сопствено хемиско чистење.

Кардио вежба, како подмачкана

Можете да нарачате и купите подвижна патека за одење/трчање по дома, ама се скапи. Можете да одите во теретана па таму да шпартете во место, ама па се нема време. Ако имате зејтин и плочки, не очајувајте.

Мајко моја, го имаме новиот „Кен ли“

Правиме споредба со некогашнииот вирален хит „Кен ли“ затоа што ова е толку појако испеано, што не може ни наслов да извадиш од песната. Макар секоја ноќ ги сонувале оние хорор веѓи или оној ауто-лак на устата, кој не ја научи напамет песнава, вака по ново, еве на!

И, толку од денот

Ќе дојдеш на работа, делумно свеж и речиси одморен, со идеја дека има да го фатиш сајтот и да го забревташ како парна локомотива. И после ќе видиш дека Адо ти пуштил порака „Што да ти кажам уредниче?“ и линк со песна. И од сите идеи кои си ги имал за работа, ќе успееш да ставиш бар еден поштен наслов.

Руско видео од напуштена американска база во Сирија

Па вонземјани да ги киднапираа сите до еден, немаше целата база да изгледа вака „замрзната во време“.

Одвратни Холанѓани

Во очигледен пример на неефикасност и колапс на државата, на холандските власти во последен момент им текнува дека треба да поправат еден дел од патната инфраструктура во Амстердам (6 автомобилски ленти, две помошни и пруга), па целата работа ја завршуваат на брзање во рок од 3 и нешто денови. И сега ние со кој образ да му го пуштиме видеово на кратерот кај нас на улица со кој заедно старееме цело ова време? Одвратни Холанѓани.

Богати и во лер

Да беше ова поштена држава, пари ќе намлатевме од рубриката „Богати и славни.“ Во Њујорк плаќаат за да се ловат возила кои непотребно работат во место. Стариов пријавил 120 случаи, добил 9.000 долари во кеш.

Што му е проблемот на Бил Гејтс со цементот?

Процените се дека во идни 40 години на глобално ниво ќе се градат нови згради со темпо според кое светот ќе добива по еден нов Њујорк месечно. И сето тоа ќе биде направено со многу бетон, а бетон не може без цемент, а цемент не може без масовно загадување на воздухот (страшно, големо, ужасно загадување на воздух). Во просек математиката е дека од секој килограм варовник што се става во печка за да се преработи во цемент, половина оди во атмосферата како јаглерод-диоксид.