Видео

Зошто телевизорите толку поевтинија?

Од гледа точка на компаниите ништо не е поевтинето, само сега и вие сте производот, па разликата во цена ја надополнуваат со продавање на вашите информации, главно што гледате и што не гледате.

Мистеријата на петте пици

Иако главна поента му е дека некој треба да регулира колку јадат овие луѓе бидејќи се толку дебели што тоа е практично самоубиство, вознемирениот коментатор на ова видео обрнува внимание и на една математичка загатка која ние веројатно немаше да ја забележиме.

Божиќ со Цане

Цане од Партибрејкерс веројатно е последниот човек на земјава од кого очекувате да слушнете дека „литургијата е споделување на радоста на својата свесност“. Слушнете ја емисијата и неговата исповед за потребата да не биде само „јас“ туку во своето срце да направи место и за друг. Чудни се патиштата рокерски а Цане, божемепрости, е одличен.

Како дома да јадеме подобро во 2020?

Иако по сите новогодишни и божиќни софри сега е идеално време за совети за слабеење и режими за губење килограми, да не губиме време со празни муабети туку да фатиме друг пат. Како дома да правиме подобри јадења, кои вештини да ги вежбаме, што е суштински за една гозба.... На мени имаме шест светски готвачи.

Печењара „Рики Џервејс“

„И ИСИС да отвори стриминг платформа, ќе се заинтересирате,“ му порача Џервеис на лицемерниот Холивуд на доделувањето на 77 Златни глобуси, замолувајќи ги присутните да не држат политички и освестени говори кога веќе работат за компании како Епл и Амазон. „Вие не сте во позиција да ѝ попувате на јавноста за ништо а повеќето од вас имаат поминато во школо помалку од Грета Тунберг, така што, ако добиете награда, дојдете, подигнете ја и одјебете.“

Да се потсетиме на снегот

Како што се намалува веројатноста дека некогаш во блиска или далечна иднина ќе видиме снег, вреди да се има потсетник дека тоа снегот не е така безазлен како што изгледа, посебно ако си тазе татко.

Да имаше правда, тие требаа да бидат и дино и мерлин

Грозно забавно е деновиве околу новогодишната свирка на Дино Мерлин во Скопје. Некои кои никогаш не го ни слушале ни мирисале, деновиве го тетовираат на своите социјални акаунти, споделувајќи стихови од негови песни. И обратно, некои кои неговата музика баш ги цима, го ругаат затоа што беше донесен од другата банда. Најпоштени беа илјадниците кои отидоа на плоштад заради Дино Мерлин и илјадниците кои не отидоа на плоштад заради Дино Мерлин. А поштено е и ние да се потсетиме на некои наши стари љубови.    

Што после петардите?

Oд цивилизацијата која пред повеќе од два милениума го измисли огнометот, денес, на почетокот на 2020 година, добиваме увид во тоа што е следно во прославувањата со илуминации на небото. Дронови. Кога ли ќе стигнат на раскрсницата кај Мавровка?

Колку 2019 собира во 6 минути?

Ревизија на годинава (од американска перспектива), сите работи што ги мина планетава и сите работи што ги заборави планетава, и на крај малку позитива како маја за следната година.

Дозволете си да се убиеме со убавина

Убавината знае најсилно да блесне баш онаму кај што најмалку ѝ е место и баш онаму кај што најмалку ја очекуваш. Како кокиче сред депонија, како Велвет Андерграунд после Карлеуша, така и оваа убавина на чија милост ве препуштаме се раѓа во една скромна трпезарија, со русвај астал и разголени и запуштени мажјаци. Отворете си ги душите, за арно, за убаво е.

Für Elise, арапска верзија

Почекајте на ред да дојде тарабуката и другите инструменти па ќе ви стане јасно дека ако Бетовен вака го свиреше овој свој сентиш во а-мол, веројатно пак ќе си умреше глув ама бар со пари на чело.

Другпат нема да прашува

Во желба да биде интерактивен со публиката за своите штосови околу заебаните семејства, стендап комичар инсистира една девојка да му каже што па толку не чини во нејзината фамилија, сигурен дека што и да е тоа, ќе успее да го сврти на мајтап. А не.

Мајнкрафт убер алес

Божиќ. време за отворање на подароците на кои најмногу им се радуваат децата. Малиот посакал да ја добие играта Мајнкрафт. На еден од постарите му се слушнало поинаку.

Кафански магии

Ако некој не му го пушти видеото, оди па овој убеди го дека магија не постои. Со една единствена финта му сокрија салфетки, чаши, телефон, патика.... И после му ги вратија. А нему на секоја фаза му е сè позабавно. 

Сечено, лепено и премонтирано

Елф (2003 година) со Вил Ферел е симпатично семејно филмче и комедија која може комотно да им се пушта на деца. Но, видете ги истите сцени од тој филм, сега премонтирани како најава за морничав филмски трилер. Заебано. 

Паралелни филмски универзуми

Овој што го знаеме и што го имаме изгледано, и како сето тоа можеше да личи ако аудициите тргнеа во малку поинаков правец.

Што слушаа Бугарите во 60-тите години

Музиката и дизајнот на 60-тите години се толку чедни и чисти што човек го фаќа некоја милина дури и кога се работи за комунистичкиот ќерпич на Тодор Живков. 40 минутен сплет на бугарски шлагери од таа деценихја со нивните оригинални видео записи. Има тука доста интересности:  феминистички идеи (Лили Иванова вози ваљак за набивање калдрма, со и без седење), типови ко Лео Мартин, преработки на странски песни (Перси Слеџ - When a Man Loves a Woman), профи оркестрации и и много други неща.

Том Веитс: Не сум глумец, само по малку глумам

Том Веитс кој деновиве наполни 70 години, за жал, сè помалку создава музика. Некои цинички кругови на неговите музички фанови виновникот го гледаат во неговата сопруга, Кетлин Бренан, на сличен начин на кој што Лори Андерсон музички го исуши покоен Лу Рид. По нивната теорија, многу јасно е зошто Веитс сè поретко се наоѓа во домашното музичко студио а сè почесто на филмски сетови. За да кидне од дома.

Што научивме денес?

Кога оставате куче пред телевизор да гледа дебатни емисии....

Колку лошо можеш да истовариш камион цигли?

Лошо, полошо, дечково. Во снимањето на видеото повредени се стотици цигли, луѓето ок се.

Русијо, до кога вака?

Агресивната и безмалку кроволочна руска полиција немилосрдно нагрна на собир на она што изгледаше како мирни демонстранти и невооружени протести. Слободарскиот свет очекува брз и одлучен одговор на западните сили кои не смеат да дозволат вакво бескрупулозно однесување кон сопствените граѓани да мине неказнето.

Новогодишно возбуден ТикТок

Ако ви требаше причина за новогодишно шлапање на блиските (и далечните), тогаш ова е тоа. Како што ќе видите шлапањето има многу подобар ефект кога е снимено.

Илузија на годината

За годинава победникот е некоја форма што се врти и тоа и по хоризонтална и по вертикална оска, истовремено, и изгледа главоболно збунувачки како и што звучи.

Ретко добра скриена камера

Во целата машинерија за константно штанцање на нови и нови видео содржини, Џими Кимел се враќа на еден стандардно досаден и неинвентивен видео жанр (скриена камера, или по ново, пранкови), и некако му успева тоа да излезе врвно.