Дечкиве заглавуваат во лифт и едниов сфаќа дека ќе мора да повикаат некаква помош. Како тој го изговори несреќното „да повикаме помош“, ете ти ја неа од позади, со тоа сирената. Овој прилично се покаја за командата.
Кога Лејди Гага последен пат објави поп/диско албум, Тејлор Свифт уште беше кантри пејачка а Били Ејлиш немаше запишано средно. А кога сите мислат дека ќе направи цик, таа прави цак. Кралицата на медиумското внимание се враќа на стариот терен за да покаже дека и натаму е алфа женка. Со спот снимен на Ајфон.
Репортерот во него го тера да излезе надвор и во живо на Фејсбук да даде извештај и информации за снегот. Само што нема идеја дека филтрите во телефонот му се вклучени. Сакаме и ние вака да гледаме на вести.
Кој колку далеку може да стигне ако се залепи за фотелја. Дисциплината бара решеност, одважност и верба дека колку и да е страшно, задникот ти е на сигурно.
Шарлот Обери била кинисана да фати лондонско метро за да се сретне со пријателка, кога новинар со микрофон во рака ја подзапира и ја предизвикува да ја продолжи песната „Shallow“ на Гага и Купер. Шеесет милиони Јутјуб прегледи подоцна....
Секое другарство со тек на време доаѓа до точка кога треба на другиот да му плеснеш во фаца нешто што до тогаш се премолчувало. Па ако и после тоа останете другари сè е ќар.
Откако прво алармираа луѓе што сериозно изучуваат и се занимаваат со готвење, сега и Би-би-си се вклучи во целиот лов и разоткривање на лагите што се сервираат во овие совршено убави видеа. И Би-би-си имаат сериозен мотив за тоа: овие видеа веќе собраа милијарди прегледи, а освен физички неизводливите рецепти, почнаа да шират и рецепти што се опасни за живот, на пример тоа дека јагода може да стане бела ако доволно долго време се држи во варикина. Да може, ама после јагодата ќе биде полна со варикина.
Нови работни места, обновување на инфраструктура, здравствена заштита, даноци, екологија, борба против криминал, оправање судство, се работи што може секој политичар да ги вергла по митинзи. Трамп не е секој политичар.
Русин решил да ја изненади својата сопруга со прејак модел на Мерцедес, и не може а да не се пофали и да го сними додека е ганц нов. Ама па, нејзината насмевка покажува дека вредело.
Темата деновиве е актуелна по веста дека Јосипа Лисац заработила тужба поради нејзината интерпретација на хрватска химна на инаугурцијата на Зоран Милановиќ. Прв кој изгоре на таква тема беше Хозе Фелицијано пред половина век.
Северот на Сирија. Колона воени возила, половина американски, половина руски. На оваа вторава половина не и се сака да биде позади, а првата половина упорно гради простор. Налет ако вака почне Трета светска војна.
Ако сте се прашувале до каде ќе оди тој тренд за пакување на производите во сè помали, лапни-голтни, дози (за да бидат поевтини и полесно да се донесе одлука да се купат), еве до каде е тоа отидено. Моментално.
Младите фатени за рака, невестата ги рецитира нејзините милозвучни брачни заклетви. Матичарката изгледа сакаше да им каже „Не мора да се лажете до толку“ ама сепак реши поинаку да се изрази.
ПР дечки, како бе не ви е јасно дека сè, ама баш сè, ни е веќе видено? Само што некогаш на тоа се смеевме затоа што ни беше смешно, денес на истото се смееме колку да не плачеме.
Бејбиметал е еден јапонски бенд произведен со продуцентски инженеринг кој има песна Хендбенгер, една од оние песни кои после не можеш да ги „отчуеш“ (текстот: хедобан, хедобан, хедобан, татата....). А World Order e седумчлен состав чиј основач едно време баталува боречки вештини и решава со овие да денсаат по улици, прецизни ко роботи. И имаат 164 милиони прегледи на Јутјуб. Доста е информации.
„Пред некој ден жен ми ја чешаше грб и ајде да помогнам кога таму - тетоважа која првпат ја гледам! Тоа ви кажува колку често имаме секс“, ја најави Пит Таузенд песната „Tattoo“ на акустична свирка во лондонскиот клуб Призма со која The Who одбележаa 50 годишнина од нивниот клучен концерт на Универзитетот во Лидс. Песната ја немаат свирено 12 години.
Концерт на Нирвана во Миље, Италија (близу границата со Словенија) во 1991 година. Бендот стандардно отвора со “Smells Like Teen Spirit” но претходно, басисот Крис Новоселиќ го најавува бендот на начин кој само на Курт Кобеин не му бил јасен. Знаејќи дека во публика се главно Словенци и Хрвати, а тие знаат дека им е земјак, Крис ја отвора свирката со легендарно: „Добра вечер, ние сме Бијело дугме“.
Да ти е жал псхијатрине колку пари пропуштаат само затоа што некои мислат дека туку така ќе им помине. Еве ги овие три лујки, седнале сред град во ритуал да ја оплакуваат родната планета.