Лидерот на Токинг Хедс понуди фина подлога за божиќно расположение за „луѓе кои мразат божиќна музика“. Дејвид Бурн порачува: „Оваа листа не е за зимскиот солстициј, ниту пак содржи некаква паганска агенда, тоа се бучни, забавни песни кои нежно ги прцаат празниците. Уживајте!“ Run DMC, Принц, Вили Нелсон, Мејси Греј.... Сешто има. Започнува со „Божиќ доаѓа“ (Ya Llega La Navidad), завршува со својата „Дебелиот доаѓа.“