Видео

Кога социјалните мрежи би биле реално место

Замислете ги ТикТок, Фејсбук и Твитер во едно видео. Ова е тоа.

Слободната воља е илузија, ама па што

Ух, ова оди на клизачи на едно од нашите најтемелни верувања за слободната воља. Ама па, теорискиот физичар Сабине Хосенфелдер е полна со брутално педантни логички забелешки што човек мора тоа да го слушне, па да си бара некое чаре. Или пак едноставно да ни остави коментар на нашиот Фејсбук: Глупости!

Саутпарк: Како се бројат ковид жртви

Саутпарк имаа една пандемична специјалка во која се зезаа со сите можни аспекти на глобалната беља. Меѓу другото, како се регистрираат жртви од ковид.

Рикардо Патрезе ја вози жена му

Прославениот возач на Формула 1, Рикардо Патрезе, ја зема својата сопруга „да ја сврти крукче“. Вози Хонда сивик. Кутра жена.

Трнлив е патот до ѕвездите

Денес го знаеме како еден од најпочитуванитее актери на светот чиј сонорен глас е најблиску до она како го замислуваме гласот на Господ. Запознајте го кога беше Винсент, зеленчуковиот вампир. 

Кој прв ќе го има ова од нашите?

Дечки, ова е реален производ. Личен прочистувач на воздухот со вградени филтри против патогени, алергени и други загадувачи на воздухот, два вентилатора, батерија која трае 8 часа, инвертни ракавици за безгрижно чешање а и на намалување е. За само 379 долари можете да бидете факинг трендсетер, а плус додека чекате зелено на пешачки, она дечурланата ќе ве молат да ви избришат џамови.

Тестирајте ја својата перцепција: Машко

Добро погледнете го овој дечко кој лесно облечен рипа на јаже, за да дознаете што не видовте. 

Боб Дилан каков што не сте чуле

Дечково го кине Дилан, алал вера. Со негов глас и интепретација го изведува најдосадниот текст на сите времиња: Правилата за користење на стандарден Digital User Agreement. И пак тoa звучи како лута протестна песна!

Добра поента за теориите на заговор

Глупо е да веруваш во сите теории на заговор ама па анблок да не веруваш баш во ниту една од нив? Стендап комичарот Рон Фанчес на оваа тема.

Остајте „лажни вести“, „лажни мерки“ се проблемот

Оние Кинезите начисто ќе ни го искриват светот и тогаш нема да се работи само за перцепција на работите. Оди па објасни се тогаш со ѕидарот, кројачот, женската.... дали работата е добро измерена.

Напни го, Шабане

Како што на Перхан во она алкохолизирано лудило му личеа трубачи на уво, така и на Снуп дог во оваа негова блажена скаменетост, пасент му легнува баш оваа музика. Марли, Питер Тош, Строубери филдс форевер? Ма не, нешто многу појако.

Шеријатски лајф хак

На Дагестанецов жената му се бунела што не може да поминува подолго време заедно со својата најдобра пријателка. Овој ѝ го решил проблемот на начин кој не го очекувала: ја оженил и нејзината најдобра пријателка. Инклузивност, јеби га.

Љубовна песна на денот: Тостови, тостови

Македонските песни имаат два клучни проблема. Прво, што се 98% љубовни, ко да нема друга тема на светов, и второ, што таа љубов се опишува толку шаблонски, што метафорите на Лукас и Цеца се Ник Кејв за нив. Накратко сакаме да кажеме, кој во песна се осмели уште еднаш да спомне „бакнежи врели“, треба да биде посипан со катран и пердуви и протеран на Криволак. Ама затоа имаме песна која ги решава двата проблеми и сакаме да ја споделиме со вас. Така се прави тоа.

Геј парада ли е, воена парада ли е?

Ќе да е воена парада. Во Египет. Или униформите им се на перење или па може стварно мислат дека непријателот ќе биде обесхрабрен од нивните мускули.

Само глупи нема да се опаметат

Глуви ќе прослушаат, слепи ќе прогледаат.... само глупи нема да се опаметат. Дерен Браун објаснува како најчесто се прават оние измами со луѓе кои ветуваат исцелување со помош на верата.

Не заборавајте, полувреме не носи бодови

Не дека ние не би се зезнале, можеби на друга сума, ама на истата понуда. А понудата е да ти дадат пари ако ти истурат ДВЕ чаши вода на глава.

PCR тестовите не се све и свја

На PCR (Polymerase chain reaction) тестовите денеска се гледа како на животна пресвртница и главен аусвајс за тоа во кој дел од логорот ќе бидете сместени. А многу лошо се интерпетира сето тоа. Ако PCR тест ви детектира присуство на коронавирус, тоа не значи дека сте болен од вирусот. Исто како што ако ви најдат покачено ниво на железо во крвта, не значи дека сте се претвориле во наковална.

Кога ќе влезеш во саглам фамилија

„Тука беше, имам сведоци!“ Сцена од еден италијански филм („Бившите 2: И натаму пријатели“) кој го даваат на Фокс ТВ.

Вака ли концерти во иднина?

Флејминг липс деновиве одржаа концерт во родната Оклахома сити, и како тестирање на концепт на свирка во време на пандемија а и попат да снимат спот. Концептот е и бендот и публиката да бидат во свои меури. Ок, не, фала. Еден меур што го имаме ни е сосема доволен проблем за на концерт.

Сатоши Иши, го викаат Брејвхарт

Сатоши Иши е јапонски ММА борец (од лани има хрватско државјанство) кој има златен медал за џудо од Олимипијадата во Пекинг. Прекарот му е од драматичните моменти кога му вадат крв од прстето. 

Вонегат: Кривата на приказните

Стариот мајстор, најшармерски во свет, на табла ги објаснува основните форми на приказните. Магијата  на пишувањето е во тоа што во суштина само три такви форми се, ама на луѓето никако да им здосадат.

Женски метал бенд од Индонезија? Давај!

Се викаат Voice of Baceprot или скратено VoB, што значи бучава на нивниот мајчин јазик. Фрида е вокал и гитари, Еуис Сити тапани и Види е на бас. Го прават бендот пред 6 години, како средношколки. Хиџабот никогаш не изгледал подобро!

Чејсер за претседател!

Чејсер е куче од овчарската раса Бордер коли за кое се проширува муабет дека има неверојатна способност да памти и распознава предмети. Не еден, 2, 5, 10, не ни 50 ни 100 туку преку 1.000 предмети. Научничкиот евангелист Нил деГрас Тајсон оди да ја провери гласината и на Чејсер му прави тест. Во две фази.

Кој има појака папуча?

Онлајн настава сме виделе како изгледа. Онлајн работен состанок сме виделе како изгледа. Онлајн дружење со пријатели сме виделе како изгледа. А сега да видиме како изгледа кога една онлајн дискусија се претвора во онлајн физичка пресметка.