Видео

Срце, дете и лопата

Малиот верува дека ја има сфатено физиката на лопатата. Лопатата му покажува дека треба уште вежбање.

Свири ми ја Супер Марио, тивко, полека

Минување едно ниво на Супер Марио, отсвирено на клавијатури во реално време, од а до ш, си сички екстри. Беспрекорно.

Џа Рул рекламира гиро

Раперот од Квинс меастрално се изБТРриза во една нискобуџетна и упадливо лоша реклама за грчки ресторан. 50 Цент веднаш го истролира: „“Така е кога се закачаш со мене, ќе завршиш продавајќи гира“. 

Масата лесно се заведува со расата

Кевин и Кит Хоџ се близнаци и (засега) слободно можат да кажат: White lives matter (бидејќи се црни). „Не паѓаме ние на финтите на БЛМ“, викаат близнаците и реконструираат неколку примери кои никогаш не добија ни приближен публицитет ниту пак предизвикаа праведнички потреси. Меѓу примерите и оној со Тони Тимпа кој загина од полициска бруталност на идентичен начин со Џорџ Флојд. Само што Тимпа беше белец.    

Холи шит

Христијански верски групи почнаа да ја третираат локацијата на која Џорџ Флојд беше газен на врат како свето место. Нешто налик на Ерусалим, Мека, Фатима, Меѓугорје.... Се изведувале крштевања, духовни прочистувања, почнуваат муабети дека и чуда се случувале. Боже сачувај.

Зборувајте по дома за порното

Не е проблемот во гледањето порно, проблемот е малолетните што гледаат порно да разберат дека тоа не отсликува ниту однесување, ниту интеракција од реален живот. „Вообичаено снимаме за возрасни, меѓутоа вашиот син уште е дете, па можеби не разбира како всушност функционираат врските,“ порачува голата актерка во новозеландската кампања која ги поттикнува родителите да разговараат со своите деца околу тоа што го гледаат на порно сајтовите.

Американци бараат Канада да ги окупира

Во САД мора да биде вратена демократијата. А ако САД знаат нешто, тоа е дека кога на некоја земја ѝ треба демократија, тогаш таа земја треба да биде окупирана.  Одлична заебанција на Тревор Ноа и неговата екипа од Дејли шоу.

Дејв Шапел сака да позборува за сè што се случува

По сите протести и немири низ САД по убиството на Џорџ Флојд, Дејв Шапел решава да го каже својот дел од муабетот и тоа во форма на вондреден стендап за Нетфликс, под наслов „8:46“, што го симболизира времето колку полицаецот му клечи на врат на Флојд.

Го знаете ли принципот на булшит асиметрија?

Количината на напор неопходна за да се побие еден булшит, секогаш е поголема од количината напор која била потребна тој булшит да се произведе.

Колку е смртоносен ковид-19?

Тестирањето за ковид-19 е како тенок зрак светлост во темна соба, сето она кон што не е насочена светлината не се гледа.

Ако не ја знаете, да ве запознаеме со Кендис

Прави голем ремет во идеолошкиот алгоритам на нејзините политички противници. Кендис Овенс е млада, паметна, црна и - конзервативна.

Што ќе ти е мозок ако имаш кауза

Толпа напалени активисти му се сипуваат на градоначалникот на Минеаполис и како на јавно судење во среден век му даваат да се произнесе само со да или не за нивното главно барање. А барањето гласи - нејќеме веќе полиција, точка! И овој кутар го утна очекуваниот одговор па овие го набркаа со „шејм, шејм...“ Како станаа вака глупи времињава бе?

Зошто корпорациите ги поддржуваат протестите?

Народни бунтови спонзорирани од Амазон, Најк, Старбакс и Ситибанк не можат да бидат народни бунтови, оценува соговорникот на Џо Роган чие објаснување на овој парадокс е дека на корпорациите им одговара да се држи главниот фокус на идентитетските политики и бескрајно да се копаат ровови по тие идентитетски линии, само за да не се сетат луѓето на основниот и клучен проблем на земјата - класниот.  

Кога старка ќе се разгневи

„Како да не беше доволно што ги преживеавме 80-тите години за сега пак да го гледаме истотo срање“, крикнува Боб Молд пренесувајќи го духот на Hüsker Dü појако од кога и да е. Стариот е наапан на стотка.„Устајте презрени и гладни,“ со многу гитари. Од-лич-но!

Ни Америка не е црно-бела

Какво време дојде, мирни црни протестанти да ги чуваат објектите од воспалени гејмери и останати снегулки кои излегле од визбите да си поиграат малку во живо.

Граѓанско образование

Не сте свесни колку писма на читатели немаме објавено само затоа нè нервира инсистирањето да се остане анонимен кога се зборува за сосема нормални проблеми и укажувања. Еве поинаков пример, од Австралија. Излегуваш, гледаш дека премиерот дава изјава на новинари пред твоја куќа и им подвикнуваш: Тргнете се од таму, тазе ми е тревата!

Кој последен се смее, кинески се смее

Со тролачка нијанса на сериозност, портпаролот на кинеската министерство за надворешни работи побара да се почитуваат правата на американските малцинства, ја потсети таа земја дека страда од хронична болест на расна дискриминација и изрази загриженост за полициската бруталност. Тек сега овдешните мажоретки ќе се збунат кој пат да го фаќаат. Ем треба да се колнат во Вашингтон, ем во шарени револуции.

Такер му се с'сна на Трамп: Немој да завршиш како Нерон

Еете до кај е дојдена работата, да не знае човек веќе кој е за Вардар, а кој за Работнички. 26 минути Америка, низ очите на Фокс.

Како „инфлуенсер“ мисли дека се помага во вистински живот

Некаде во Санта Моника, вчера, девојкава паркирала, излегла од кола, и му ја земала штрафилицата на мајсторот за да му помогне додека ги штрафи таблите за заштита од претстојното дивеење. Барем така официјално требаше да заврши приказната.

Џанго на улиците на Чикаго

Украл полициски коњ и еве го по улиците на градот Чикаго, прави финти на општо и гласно одушевување на женската публика која обожава херои од своите маала. Ах, да може да го види ова Радован

Минесота под будното око на бугарската БТВ

Комплетно неочекувано за локаците во еден град во Минесота вечерно време на улиците во центарот начекуваат репортер белец. (Неочекувано затоа што периодов повеќе новинари настрадаа во протестите, те од демонстранти, те од полиција.) Тоа што им уште понеочекувано (и што го извади новинарот) е што тој е од БТВ, бугарската телевизија. Од 44-та немало толку уплашен Бугарин.

Трамп, историски убер-трол

Ова видео е објавено на официјалниот профил на човекот кој моментално ја држи функцијата Претседател на САД, и кој најверојатно со истото ова понашање ќе успее уште 4 години да ја има истата позиција, (да повториме) Претседател на САД.

А за вируси ќе се чудиме

Технологијата и науката знаат да бидат нашиот најголем сојузник, само најчесто во тотално бесмислени и деструктивни намени. Еве, во Втората светска војна имале проблем што непријателот можел да ги види бродовите, па да запичи по нив. Ама некој рекол, не е проблем, ќе им правиме завеси со авиони. За ковид-19, сè што знаат да ни кажат е дека е подобро да лежиме на стомак.

Како да сме во Матрикс

„Затворете ги школите, затворете ги и црквите“, пее пред 100 години за шпанската грозница слепиот Вили Џонсон, еден феноменален госпел и блуз уметник во кој почнува да р'ти и подоцнежниот рокенрол. Освен попустата надеж дека на луѓето ќе им дојде памет, единствено што Џонсон утна е дека Исус набргу доаѓа. Сега па уште помалку би му се доаѓало, пошто сега има прописно да го распнат на Фејсбук.