Видео

Алабама не паѓа на ковид-19

Американците ја одблежаа 100-илјадитата жртва на ковид-19, и тоа ни најмалку не разубеди милиони граѓани на САД дека си имаат работа со болест која е вистински смртоносна и опасна како што ја зборуваат. Посебно не граѓани од Алабама.

Рамбо Амадеус: Платиш едно, добиеш две (пута три)

Мотиви и инспирација за пишување на овој текст најдов во поплавата на дезинформации кои доминираат со интернетот и социјалните мрежи, претворајќи ја свеста на луѓето во депонија на идиотарии.

Соопштение на ЦК во корпоративни времиња

Веста е за тоа какви сè мерки и протоколи има преземено Амазон за да се заштитат вработените а пакетите да врват. Веста ја имаат десетина тв станици и тоа, види чудо, иста од а до ш, затоа што - така им ја напишале и спакувале во Амазон. Инаку, се работи за проактивен ПР на фирмата во пресрет на состанокот на главните акционери кои пројавиле интерес да дознаат што е сè преземено од страна на менаџментот за да се заштити профитот во време на ковид-19. 

Колку велосипедисти се потребни за да се наполни Тесла?

Деветмина кондиционо спремни велосипедисти поштено педалат 20 минути за на Тесла да ѝ дадат струја доволна за -  2 километра. А ако сакате да наполните Тесла со иста брзина како брзите полначи, потребни ви се преку 1.300 веосипедисти.

Како ќе се разбереш со вакви?

Снегулка од фејк левицата видела покрај патот некаков транспарент против абортусот па се возменимирала до ниво на нервен слом. „Како можете да бидете толку глупави?“ се прашува хистеричната и разлигавена слободарка на која во еден момент не ѝ текнува појака желба од тоа и самата да била абортирана (?!). Ок, има логика.

Погрешно слушнати стихови

„Погледом га сасеко ко маче“, „Свирао је Дејвид Боуви и пао са Марса“, "и са пјесмом умјесто мјаука" се само неколку текстуални багови кои во моментов ни текнуваат, чуени од луѓе во наша близина (нејќете да знаете кои, све угледни фаци). Питер Кеј ќе додаде уште дузина. Проблемот е што кога еднаш ќе слушнеш како некој стих звучи погрешно, секој следен пат го слушаш само така.

Кинг Кримсон и Роберт Фрип - Heroes

Има доста добри обработки на песната на Боуви ама оваа баш прави мерак. Отсвирена е од бендот во берлински Адмиралспаласт во 2016 година, непосредно по смртта на Бпоуви и 40 години откако истата песна е создадена и снимена во непосредна близина на Берлинскиот ѕид. Со истата онаа гитара на Фрип која завива како ветар а трае како гајда.

Како Трамп го гледа Бајден

Поддршката која Џо Бајден ја доби од спикерот Неси Пелоси и убавите зборови кои таа ги упати на адреса на демократскиот коњ во претседателската трка, екипата на Трамп реши да ги дооопише со негови гафови и проблематични ставови расфрлани по медиумите последниве години. Кога за гафови некого решава да ремети некој како Трамп, јасно ви е колку јак избор овојпат имаат Американците.

Сестри Вачовски, спиете ли мирно?

На богослужба на романската православна црква се појави глич во Матриксот. Свети Нео не го оправа.

Омотот се прочита, книгата стоо

Слично на оној наш локалец кој за холокаустот требаше да каже дека е еврејска трагедија па кажа дека е еврејска традиција, овој дечко проба да потсети на мудроста да не се суди за книгата по нејзиниот омот. За по неколку обиди, да заврши со евергрин наравоучение од Хомер Симпсон.

Муезине, напни тоа минарето

Можете да ја замислите таа запрепрастеност: од џамија во Измир одеднаш одекнува - „Бела чао“!? Турските власти и надлежните за верски прашања ветија дека ќе откријат кој стои зад оваа партизанско-субверзивна дубара. Додека тие откриваат, ние да слушаме. 

Лагите на лајфхак видеата, градинарско издание

Коментар на клип за одгледување пиперки од семе „тоа не е никулец од пиперка, туку е никулец од краставица“. Имавме една госпоѓа која прилично беше напред во науката околу храната и ги растури оние кратките клипови за кујнски фори, сега имаме двајца што се сериозно навлечени на градинарство.

Совети од татко

Роб Кенеј е човек кој како дете останува без татко, не заради некој трагичен настан, туку затоа што татко му се откажува од него (и од другите браќа и сестри). Денес Роб е татко на две возрасни деца со кои се уште е во нормален контакт, и сопственик на каналот „Тато како да?“ чија главна цел е да остави практични совети за најосновни работи и вештини низ животот што секој треба да ги знае, без разлика дали татко им им ги кажал или не.

Купување маска во Русија

Како и во секоја друга земја, и таму можеш да купи маска сабајле и поручек, со кеш или картичка, една или десет.... Секако и на секој можен начин, само доколку - имаш маска. Без маска не ти даваат да купиш маска. Руска квака 22.

Кит Ричардс во изолација

Добро, не целиот Кит Ричардс туку неговата гитара. И не секоја гитара туку онаа во „Gimme Shelter“. А тоа не е некоја од неговите омилени Телекастер, Лес Пол или Епифон туку некоја мистериозна Матон EG240 Суприм за која Ричардс денес памти дека некој во брзање ја оставил кај него, ама има заборавено кој.

AI/DC

Ги симнале постоечките текстови на AC/DC, ги пуштиле стиховите низ тн Маркови вериги  (Википедија, инаку тема која на ПМФ уште пред речиси 30 години се има изучувано во рамки на предметот Конечни Автомати кај проф. д-р Смиле Марковски) и оставиле вештачката интелигенција да ја дижестира нивната филозофија и поглед на свет. Добиле песна за тоа како постојат премногу жени со јајца. 

Детето на кое веќе му е јасно

Прашањето е едноставно: Како се вика човек кој е на власт? Одговорот е уште поедноставен.

Не е само фрли ги во машина

Наполнете када, ставете сода бикарбона, боракс и прашок за перење. Киснете ги пешкирите неколку часа, да видите што е кафеаво.

Изгоревте за добра теолошка дебата?

Две божји чеда се расправаат за прастарото прашање дали постои Господ, актуелизирано низ дилемата каде е тој во ситуации како што е тековната пандемија. Оној кој не верува Господ и неговата апсолутна непогрешивост има бааги лични причини за таквиот став а оној пак другиот, е најпогрешниот човек кој може да го посака екипата на „Верници“. Накратко, непомирлива расправа како меѓу Кристофер Хиченс и Ајатолах Хомеини, од двајца ликови како штотуку излезени од кај Жељко Малнар.    

Баба со (грчко-римски) стил

Двобој на некои двајца локални борачи. Едниот доаѓа до позиција да биде туширан, но во последен момент влетува негов човек од публиката.

Еве го гадот кој нè клекна на колена

Направиле тродимензионален модел на SARS-CoV-2, со беспрекорна резолуција. Језиво, језиво. Изгледа како некој/нешто што стварно е спремно да покорува планети. Да ни дојдеше огромен, од небо, како што тоа бива на на филмови, ќе знаевме дека слаби ни се шансите (освен ако не ни се претставеше како услов за членство во ЕУ по што овде на билборди ќе го ставаа). Ама вака, кога знаеш дека не можеш да го видиш (илјадити дел од влакно е) а можеби го имаш во себе, е уште поморничаво.

Да ви покажеме нешто генијално

На Архимед во када му текнало она Еурека а на Исак Њутн требало да му падне јаболко на глава за да му се запали сијаличката. Овој револуционерен саунд инженер стоел до џамот на својата дневна соба и си викал: што можам јас ваков да извадам од оваа ситуација?

Грета Тунберг стана и експерт за епидемии

CNN најави дека на денешната телевизиски пренесувана дебата на тема „Коронавирус: факти и стравови“, покрај доктор Санњај Гупта и други експерти на оваа тема, ќе учествува и - Грета Тунберг. „Кога имате млада, хистерична тинејџерка која бучно сака да морализира и наоколу да мафта со прст кон луѓе, кои други референци ви требаат освен тие?“ горчливо се зеза Гад Саад. 

Стани Чак, ти ја свират Џони би Гуд на гајагеум

Гајагеум е традиционален корејски инструмент кој личи на разбој за плетење и има 12, 18 или 25 жици. Чак е Бери, пра-татко на рокенролот а Џони Би Гуд е онаа негова песна чии рифови „ja дефлорираа музиката, ѝ ја одземаа дотогашната невиност и неповратно ја направија дрска и секси“. Најмалку знаеме за Луна, девојката благодарејќи на која сè ова звучи супер симпатично.