Видео

Пробудете се морни програмери и програмерки

Премисата е следна: што ако докторите ги интервјуираат за работа како што програмерите ги интервјуираат за работа? (Не дека доктори би дозволиле такво нешто.)

Професори од Харвард, Оксфорд и Стенфорд версус логиката на Филипче и Царовска

Постигнување на имунитет на стадото не е стратегија туку признавање на биолошки факт. До него ќе се дојде вака или онака (со природна имунизација или вакцина). Битно е да дојдеме него со што помалку мртви. Се знае кои категории се најризични за фатален исход. Оттука, општиот катанец прави ненадоместливи штети за децата. Треба да се заштитат старите и другите ранливи а на најмладите да им се овозможи што понормално детство и образование. 30 минути професорска обука на оваа тема. 

Прва лекција за даноци

Момчето радосно го отвора чекот од првата плата во неговиот живот и за првпат дознава колку државата му задржува. Да беше кај нас, фацата дополнително ќе му се скаменеше ако знаеше дека со неговите задржани пари се плаќаат луѓе кои седат дома, специјални обвинители кои земаат мрсни бонуси за да чуваат тајни, невладини кои живеат од владини пари, брусење сонца на шахти, иновации за рачна изработка на керамички производи... 

Првиот пар што некогаш се развел

Видеото почнува прилично мрачно: свет во кој никој никогаш не се развел, дури не го ни познаваат концептот. За кратко работите тргнуваат на подобро: двајцата смислуваат ново решение за кога брачниот партнер сакаш да го прободеш со харпун ама некако жал ти, и се вика - развод.

Како не ги разбирате?

Едните се демек задрти полски конзервативци, другите се демек напредни феминистки. Напредните ќе ги познаете по специфичниот изговор на нивните ставови и аргументи.

Маж, кога ќе заврши која било работа

По долга и исцрпувачка битка, главата на ова семејство победи и без никаква лажна скромност се врати во својата вообичаена позиција.

Реклама врсничка на нашата независност

Во чест на американскиот ланец на ресторани Сизлер кој постои од 1958 година а месецов прогласи банкрот (главно заради короната), една нивна реклама од 1991 година, тотално репрезентативна за тоа време, по бои, фризури, музика (USA for Africa) и сè друго. И никогаш да не сте биле во Сизлер, ќе ве фати некако жал што тој свет веќе го нема. Македонија, која во истата таа година стана независна држава, денес уште помалку ја има.

Кога Бах ќе се врати во прстите на еден маестро

79 годишниот Жоао Карлос Мартинс, со помош на специјални бионички ракавици, успева првпат после 20 и кусур години да го свири Бах, а важи за еден од најдобрите изведувачи на неговите дела на сите времиња. Од пијаното го одвојува дегенеративна болест на рацете заради која досега имал 24 неуспешни операции. Нормално дека се расплака.  

Ќе има ли факт-чекери и на вицови?

Snopes веројатно е најпознатиот сајт за проверка на информации, полуинформации и ноторни лаги кои кружат по интернет и е навистина драгоцена работна алатка за оние кои објавуват содржини. Ама па, почнале да го претеруваат. Мртви-озбилни, рецензирале сатирични статии од магазинот The Babylon Bee. Преку 30 пати. Сега локалниве цицалчиња на грантови на таа тема, кога ќе фатат да исправаат криви Дрини дали најглуп испаднал Мујо или Хасо, има да нè подујат.

Дома е кај што ти лета дрон со камера

Ринг е компанија во сопственост на Амазон и деновиве го претстави „следниот чекор во безбедноста на домот.“ Камера. Ај што е камера туку што е и дрон. Тој ви лета по дома, вие на телефон гледате што ви се случува по собите. Малку језиво, нели?

Родителот што мислеше дека го решил своето дете

Планот на таткото на едно 15-месечно дете е да му направи алпинистички ѕид во собата на малиот за да го натера да престане да се пентари по мебелот по дома. Резултат: малиот станал ѕвер во пентарење и сега веќе нема каде не може да се качи.

Водилки низ животот

Екипата на Конан доаѓа до генијална идеја за сервис кој сè повеќе е потребен на сè поголем број луѓе. Раце кои ве водат низ животот додека вие безбедно пловите по интернетските води. Не знаете за кои сè ситуации можат да ви се најдат.

Гнаса на годината и потоа

Замислете комбе со отворени врати во кој се истоварува тазе наполнет камион за чистење контејнери. Епа ова е полошо. Дечково што го среди заслужува орден за храброст само што воопшто се нафатил. Газдите на возилото не заслужуваат ништо во животот. П.С. Комбето е од 2018.

И кога ќе треснат на земја, некои се повисоко од другите

Погледнете го Оливер Рид во ова легендарно интервју во кое шармантниот бонвиван и шовинист објаснува зошто сака секакви жени (намиг) а зошто ги нејќе оние кои не завораат уста и оние кои бадијала истураат бурбон. Гледајте до крај за да го погледнете спектакуларниот финиш.

Том Џонс на (руски) стероиди

Хитот на Том Џонс, „Sex bomb“, изведен од рускиот армиски хор и оркестар. Толку тестостерон на едно место не е виден уште од генгбенговите на Адриана Чечик.

Француско интермецо

Малку од малку да се погалиме со овие две гугутки чии гласови не се ништо спектакуларни ама целото комплетче е вистински противотров за паланечката бучава од која полека полудуваме.

Радиохед подобар од Радиохед

„I'm а creep" вика оригиналот. „I'm banana“ вика оваа верзија која е направена со помош на автоматското комплетирање на пребарувањата на Гугл. Знаевме дека од Рејдиохед нешто не-кринџ сепак може да се извлече!

Нов тренд: Џиткање бебиња, фристајл

На една преглупа рап песна чиј текст вика „No baby, we can't have the baby. If you don't take this Plan B, bitch, it's plan C“ треба да го заџиткате бебето/детето кое го држите в раце и со тверкање да продолжите да ја славите уметноста. Тоа е најновиот тренд по социјални мрежи. Едвај чекаме да НЕ видиме како ќе биде кога ќе пораснат овие деца и ќе видат каква употребна вредност имале за оние кои ги растат.

Супермен, за малку

Да издржеше уште некоја секунда, ќе станеше маалска легенда со години. Човек кој држел камион на своите плеќи. Ама камионот победи.

Ќути, барем сме на Балкан

Светот на Словените асоцира на прегреани емоции, незауздани страсти, самоубиствена ирационалност, православна задртост и експлозивни мешавини од солзи и смеа. Од друга страна, запад важи за трезвен и толерантен, протестантски рационален и цивилизациски припитомен. И види мајката, дојде време војните на словенското секојдневие да изгледаат како банален детски инает во однос на западните. 

Песна за расплакување

Дечкото решил да го освои срцето на својата сакана на најолдскул романтичен начин, со пеење серенада пред нејзиниот двор. Знаете веќе, како што оди онаа нашата, од рахметли Гоце Николовски, која вика: „Тивко свирам за да можеш, да ме чуеш само ти / И евентуално твојот дечко за кој немав појма дека го имаш....“

Комшијата Данди

Кога нешто работиш кај нас, најстрашно е кога ќе ти дојде сеирџија комшија кој нема друга работа па фаќа да ти досаѓа и да се занима што тоа правиш. Во Австралија е нешто бетер.

Лет над бездомничкото гнездо

Малку со дрон, па малку од кола, филмаџиката Џени Чан го регистрира проблемот со бездомниците во Сан Франциско. „Проблемот со бездомниците“ е многу нежно и неточно етикетирање на она што моментално се случува во Лос Анџелес и Сан Франциско, на чии јавни простори постојано се насадуваат нови и нови дојденци од цела Америка.

Ѕидовите на расистичкиот режим

Две битанги му се згнале на постар човек. За среќа, присутен е и полицаец па откако стана јасно дека им е до физичко насилство, ги попрска со пепер спреј. Овие се дадоа во спринт. Еден од нив наиде на пречка. Прекрасен финиш.