Видео

20 годишните девојки не го прават тоа

Зумерите (генерации кои дојдоа после миленијалците) се веројатно најактивните произведувачи на кликови и лајкови по кои се обликува и пошироката медиумска и политичка слика. Рајан Лонг (го запознавте овде) решава да креира политичка платформа изградена исклучиво од мислењата на едни од најнеразбраните меѓу нив - 20 годишните девојки. Како би изгледала таа понуда?  

Како сам да направиш нешто глупо?

Сигурно сте налетале на оние згодни, кратки, пет минутни преправки за по дома/кујна/двор за кои си викате дека мора нешто да пробате и никогаш ништо не сте пробале? Некој седнал и ги издвоил најглупите.

Скок во вис со звук

Со звук? Од каде па сега скок во вис а со звук? Па, пуштете звук па ќе слушнете.

Another Russian in the Wall

Не е јасно што се случува на оваа видео снимка. Јасно е само дека зборуваат на руски. А штом зборуваат на руски, јасно е дека не мора ништо да е јасно.

Америка, преглед на неделата

Битанга во Комптон упуцува двајца полицајци во кола (чудо е што се живи), руљата тоа го снима и се радува а после тоа одат пред болницата за да ја блокираат и да навиваат да умрат?! Кој ќе помислеше дека да си полицаец во САД некој ден ќе стане поопасно отколку да си дрво во Амазон, прасе во Tехеран или Рашковски во владата на Груби?  

Што се случува со Мекдоналдс хамбургер по 24 години седење во кеса?

Речиси ништо, малку е остарен како да е од пред 2-3 дена и толку, тука е застанато. Па ѓон од чевли да чуваш 24 години во кеса па ќе почне да се распаѓа.

Баба во офсајд

Ако баба лаже, снимка не лаже. Освен ако не ја скратиш снимката и не ја извадиш првичната пресуда на бабата.

Дип фејк ја убива плитката реалност

Пазете го ова „очовечување“ на двајцата злотвори. Пазете го посебно Сталко како влегува во песната и како ја ужива цело време. Сладурани.

Нешто да те питам бабо

Во една мото трка човек има три опции: да не падне, да падне и да падне и притоа да го изгуби моторот.

Како да го прелажеш Јутјуб и да направиш пари

Некој просек на заработувачка што најчесто го споменуваат американските јутјубери е околу 1.000 долари од секои 1 милион прегледи (заработувачката зависи од најразлични варијабли). Ен Ридон прво ќе ве запознае со контент фарми чии видеа редовно имаат десетици милиони прегледи, и ќе ви објасни што трикови користат за да ги направат тие прегледи и пари.

Жени залепени за излог, поинаку

Лондонски протест по кој ќе се отвори работа за некој дерматолог и некој џамџија. Група климатски активистки се соблекле речиси голи и си ги залепиле рацете за излог на H&M на Оксфорд Стрит. Бараат да се сопре со преголемо производство на облека. Ок девојки, кажете ги квотите па да гасиме Сингериците. 

Слобода за Тати!

Луѓе, Тати е уапсена! Тати, лидерката на протестните БЛМ маршеви во Сиетл, богати! Како сега без неа и без нејзините мудри зборови, визии и конкретни ангажмани кои бea на рамниште на оние на Мартин Лутер Кинг?

Не сте виделе што е разгалено

Тинејџерката објаснува какви проблеми има со мајка ѝ. Ама ај се кладиме дека кога малата ќе почне да плаче, некако ќе ви дојде убаво?

Што после Твин пикс?

Дали знаете дека режисерот Дејвид Линч има Јутјуб канал на кој дава - метеоролошки прегледи на денот? Да. Да слушнеме какво било на петти септември 2020 година, сабота, во Лос Анџелес. А стварно, што друго би било попаметно?

Лада и нива

Дечките слушнале дека со Лада Нива не можеш да заглавиш па запукале по ниви и полјани. Заглавуваат во една ама упорно турираат. Два часа подоцна, ни Ладата ни нивата веќе не можеш да ги запалиш. Пошто веќе се.

Акутен напад на тежок инфлуенс

Мала компилација од саможиви нарцисти опседнати со тоа како ќе изгледаат на нивната омилена социјална мрежа и комплетно несвесни за тоа како глупо изгледаат за својата непосредна околина. Некогаш добиваа помош, сега добиваат лајкови.

Гласот на народот

Еден од оние отворени денови во кои граѓаните можат да поставуваат прашања и пријавуваат проблеми во највисоката инстанца на локалната власт. На дечкото му се собирало, го гледал проблемот насекаде, сведочел како сите минуваат лесно преку него и сфатил дека дека е дојдено до коска.

Ведра песна за почеток на денот

Можни се два проблема со оваа песна. Нечии родители да видат дека синот им пребарувал „enormous penis“ па да следат непотребни прашања. Или, бидејќи песната баш влегува во уво, да почнете несвесно да си ја потпевнувате на некој состанок. Инаку, бонбона.

Пријателе, готов си

Показна вежба за тоа зошто оние луѓе кои имаат тврд сон, пред да легнат да спијат, најпаметно им е клучните прсти за отворање на нивниот телефон да ги брцнат во врел катран.

Рецепт за рецепти

И да создадете навистина квалитетен Јутјуб канал за храна, тешко е да се пробиете од оние кои играат мрежно и на големо, таканаречените контент фарми.  Некои имаат преку 100 канали и на нив ги ротираат горе-долу истите рецепти. Со такви финти прибираат и преку 2,5 милијарди видео прегледи. Ен Рирдон, која и самата има канал за храна, објаснува како функционира шемата.    

Х како Холивуд, х како хероин

Искрен муабет со еден зависник во Холивуд кој се навлекол на хероин затоа што пеинкилерите станале скапи. Бездомник е но бистар и разборит дечко. Јасно му е зошто ја загубил работата, девојката, кучето и мачето. Но дека уште не го напуштила паметта е доказ и тоа дека кога би можел да бира желба, би сакал да му се врати кучето и мачето.   

Фатен ли си бе во рацете?

Дечко искачува карпа без да користи раце. Само стопала и колена. Нема никаква потреба од тоа, ама ај.

Прв училишен час во Франција

Француските ученици радосно го дочекаа први септември, почетокот на школската година и враќањето во нормала.

Жена, мајка, мачител

Зошто нема родова еднаквост меѓу оние што испрашуваат и мачат затвореници? Дали тоа општеството ги програмира жените да не помислуваат на тој деловен предизвик за кој се подеднакво способни како и мажите? Дали се потребни субвенции за да се дојде до балансирана застапеност? Рајан Лонг (брз на мисла и на јазик) трола случајни минувачи.