Видео

Не пропуштајте ја оваа понуда: Сухои 57

Од сите наброени карактеристики на петтата генерација на рускиот воздушен ѕвер, запамтивме само дека може да следи 30 цели истовремено, што искрено нè фасцинира пошто ние се губиме после три отворени табови на Порнхаб. Ама затоа ни падна во очи начинот на кој Русите усвоиле една друга западна технологија: презентирањето.

Звукот на водата наспроти звукот на ракијата

Веројатно знаете каков звук се добива кога со малку наводенет прст благо минувате по работ на широка тенка чаша. Кога истото се прави со чаша ракија, станува комплетно јасна различната култура која ја градат овие две благородни пијачки.

Аеро-такси во Кина

Леталата се автономни. Не знаеме дали се нарачуваат со титки.

Блазе си им на Обама

Бидејќи како и сè друго, во 2020 година беше откажано редовното декемвриско гала-доделување награди за животно дело за уметнички придонес кон американската култура, да се потсетиме на еден од најмонументалните музички моменти од Кенеди центарот, оргазмичната преработка на Stairway to Heaven, со Ен Вилсон на микрофон, помладата сестра Ненси на гитара, Џејсон Бонам на тапани (да, синот на Д Џон Бонам), ергела грла во хор, а во галерија - тие што треба.

Алис Купер во новото нормално

Човекот кој некогаш кинеше глави на кокошки на концерти, денес звучи како Битлси и пее дека нашата љубиов ќе го промени светот. Некому му звучи како првиот албум на Меднес а некој за ова мисли дека е новата химна на кансел културата. Чујте па ќе мозгаме.

Упатството за чистење снег што го заслужувате

Ако времето може да глуми велигденски температури на Нова година, и ние можеме да глумиме дека е неопходно да споделиме упатство за чистење снег од кола, не толку заради упатството колку што е заради водителот, очигледно гневен на сè што видел на улица дента кога одел на работа.

Партибрејкерс: Иди док си млад

Ако сте фанови на Цане и Партибрејкерс, ќе помислите дека е ова некоја нова нивна песна. Ако пак сте фанови на Цеца, насловот ќе ви звучи познато. Тука сме. Песната од Цеца, отсвирена во стилот на Партибрејкерс! За инает на оние надмени верглачи кои се убедени дека со самото тоа што не можат да поднесат ништо од Цеца, ја демонстрираат својата естетска супериорност. Ете затоа обожаваме вакви бласфемии.

Секаде нè има, само дома нè нема

Македонска музика, отсвирена во предградие на Лос Анџелес за еден црногорски фестивал, од еден српски гитарист и виолинистка порасната во Сан Франциско. Мирослав Тадиќ и Ивет Холцварт. Саат време опасни прекраснотии.

Трка на градовите

Како растеле и опаѓале 15 најголеми европски градови во нашата ера, од прва до последна година. Истанбул има јак финиш. На почетокот на првиот и на вториот милениум, ќе видите и македонско знаме, за Филипи (кај Тасос) и за Охрид (кај Пустец). Во третиов милениум веќе ни е досадно да се тркаме.

Зошто експерт за технологија се откажа од смартфон и зема глуп-телефон?

По 16 години редовен натпревар за што е можно понов смартон, Мат Давела сега нашол нешто поважно од најновата камера / екран / процесор, а тоа е личен мир и спокој, па ќе се проба еден месец да користи мобилен телефон, кој е само мобилен телефон. Ако не ви се преземаат вака радикални мерки, може за почеток да пробате со гасење на нотификациите од сите социјални мрежи и месинџери (ко да криете швалер/ка) или телефонот да го земате во рака сам во одредени термини во текот на денот. Што и да е, само пробајте.

Трилер приказна на Алексеј Навални

„Ако сакавме да го убиеме, ќе го убиевме,“ ќе рече Владимир Путин во врска со за малку фаталното августовско патување на опозиционерот Алексј Навални од кое едвај извлече жива глава.

Дечкото со кавга во гитарата

Го имавме веќе во пар наврати ама фино го нагазил „жанрот“ и тера јако. Овојпат, како музичка придружба на тантрум на некој таксист. Беспрекорно!

Лос Анџелес сафари: во лов на инфлуенсери

Иако на снимката преовладува масовно присутниот вид на „Инстаграм дечко“, таа успева да забележи и неколку примерока на досега притаениот вид на „Инстаграм девојка“ која посветено го фотографира својот партнер во неговиот пат кон инфлуенсерска слава.

Понд. Џемс Понд.

После ова, кога ќе ја слушнете фамозната  музичка тема од филмовите со тајниот агент на кралицата, ќе ви дојде да си ставите црвена точка меѓу веѓи и да запалите некоја миризлива свеќа. Којзнае како би звучела „Розо моја црвена“ преработена за Џек Ричер.

Јапонци, јуриш!

10.0000 луѓе ја пеат Бетовеновата 9-та симфонија! Боли ова и малку тера на плачење, колку е моќно а невозможно, и од технички (фазни разлики и сл) и од сите други причини. Па кај нас Дац и Александар не можат вака да се синкаат. 10К Јапонци, на бран на моќната Деветка од Бетовен. Најсилната германско- јапонска коалиција уште од времето на... знаете кога.

Ако границите беа цртани по ДНК

Вакви работи душа дале да се извртуваат и со нив да се манипулира на ангро, ама па, денес со сè може да се манипулира а ова си е легитимна наука и нема што да се снебиваме.

Том је мало нервозан

Го снимиле (аудио) Том Круз како им се дере и мајки-шајки на работниците од екипата на „Невозможна можна мисија 7“ заради недоследно почитување на ковид протоколи. Ама да чуете вие дерење! Цела сајентолошка обука за смиреност и самоконтрола отиде доврага.

Кларксон со бугарска гласовна контрола

Добредојдена е и нè весели секоја функционална и апликативна вредност на нашите браќа од истокот која нема да се сведе на дрвење, плач или стрвост по Македонија. Што би фалело на еден ваков бугарски апдејт во автомобилската индустрија? Па нека си бидат с'шт народ, во многу коли.

Одјеби ја болката

„Fuck the Pain Away“ е песна од Пичис (Мерил Нискер, се вклучува во снимката), А Дејв Грол и Грег Курстин ја преработуваат во чест на Ханука, во серијал во кој преработуваат еврејски артисти. Супер песничка од пред 20 години, супер преработка.

Нормално на џам да се качиш, како инаку ќе прославиш?

Почнаа празничните лудории, време кога некои луѓе добиваат еуфорично чувство дека само еднаш се живее, а еволуцијата баш тогаш прави редовно прочистување на списокот па решава да не им се меша во еуфоријата.

Дедо да не го заборавите

Кажете дека се имаме разлигавено и дека сме станале кринџ, ама и ние сме луѓе и не можеме секогаш да одолееме на таа магична божиќна и новогодишна атмосфера, време за најблиските, време за нивно радување со подароци кои ќе им ги топлат срцата цела година.

Натпревар во што?

Натпревар во прецизно синхронизирано одење, и нормално дека се оддржува во Јапонија, и не е ништо ново, бидејќи ова го прават уште од 1966.

Прошетка со Стивен Спилберг

Во Сан Фернандо во ЛА, Универзал има комплекс од филмски и телевизиси студија, отворен уште во 1915 година а денес распослан на 1.600 квадратни километри, со 30 звучни сцени и 156 одделни структури. Па уште го имаме Стивен Спилберг за водич.

Можете ли да го патентирате Сонцето?

Сега кога буџите од Фајзер, Модерна и другите тријат раце и ги планираат своите нови јахти и љубовници, да се потсетиме на една друга вакцина и на еден поинаков човек кој, прашан кој ја поседува неговата вакцина, одговори: „Луѓето. Нема патент. Можете ли да го патентирате Сонцето?“