Забава

Хрчи, мадафака, хрчи!

Во овој клип ќе научите една најјака финта од техниката џиу џицу. Ако зафатот го изведете правилно, противникот по некое време ќе ви се заблагодари што е наспан. Пресмешно е!

Пљачка на деценијата

"Тросед? Џапнат. Двосед? Џапнат. Трк да прославиме!" Ѕирнете како изгледа кражба на кожна ганритура од страна на гарнитура цепаници.

Неспремни деца

Не е јасно како еволуцијата не ги научила децата никогаш, ама никогаш, да не се опуштаат во присуство на родители. После ова, на бајачка.

Ќе пука или не?

Уште една од оние брилијантни идеи, што доаѓаат секогаш кога си со два-тројца другари во викендица. Овие имаат замрзнат базен и камера. Греота ќе беше ова да не се сними.

„Оние денови" - вистинска

Bodyform, британски бренд за женски хигиенски производи, е денешниот шампион во спинување. На ироничен пост на нивниот Фејсбук сајт тие одговорија со одлично видео кое стана вирално.

Топ Листа Баумгартнериста

Австриецот Феликс Баумгартнер не скокаше само за себе и за свој ќеиф. Неговиот подвиг е остварување на еден повеќедецениски завет на Ѓуро, кој, под маска на босанското гостопримство, своите деца упорно ги спремаше еден ден да станат Феликси. Да се потсетиме на овие самопрегорни тренинзи.

Погрешно читање од уста

Одлично ги прават овие аудио монтажи, кога на ликовите им се насадуваат тотално погрешни реплики а делува најрелно во свет. Ѕирнете ја дебатата Обама - Ромни. Плус, Hunger Games.

Тато е најјак

Ако мислите дека му е многу криво што го рогна малиот во фаца, само забележете му го говорот на телото откако ќе ја предаде жртвата на мајка му. Тоа го прави само мажјак кој е ужасно горд на нешто што направил.

Руски Угандин

Откако го видоа ефикасниот лек за главоболка Угандин, напредните Руси решаваат дека сепак постои простор тој дополнително да се подобри. Во нивната варијанта, за Угандинот не ви е потребна помош од страна на стручно лице, туку дозирањето го прави секој поединечно. И има мнооогу јак плацебо ефект.

Џандар и две дами

Правата дама е жртва. Дала пари а не и дале дрога. А втората дама, обвинетата, е згрозена што и подметнуваат дека е дилер а таа си има сосема друга професија. Изгледајте до крај.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Вознемирувачко видео!

Видео сцена од една ужасна сообраќајна несреќа на која не моежете да останете рамнодушни. Еве уште пар извичници!!!!

Донации за Бар Рафаели

За тие што знаат што е Кикстатер, ви го претставуваме најдобриот проект на сите времиња: домашно секс видео од Бар Рафаели. За тие што не знаат што е Кикстартер: Бар Рафаели.

Movie 43

Филмов никогаш не би требало да се случи. Како прво, заради тоа што оволку познати на едно место, Оскар не може да собере, како второ, изгледајте го трејлерот.

Одбрана од новинари

Не е толку маестрален како "Чварци и кавурма", ама и ова е сосема легитимна одбрана од изнудувачи на изјави, нагалено наречени репортери. Запамтете некоја ваква формулација и слободно шетајте по град, ништо нема да ви можат.

Одбрана од јасновидци

Ако некогаш дојдете во директен контакст со јасновидец, гатач, некој што на кој било начин може да ја предвиди иднината, топло препорачуваме вака да ја испробате неговата вештина.

Што е постаро, јајцето или сеирот?

Во обвивка од киндер јајце, му ставаат вистинско јајце. И малиов им вика, не можам да гризнам, а тие - можеш, можеш. Што ти значи да растеш во здрава средина на возрасни луѓе.

Dick Will Make You Slap Somebody

Две жени во студио, на тема, пениси. При што едната зборува за тоа со речиси религиозен занес, а на другата не и се верува. 

Ова е неиздржливо

Луѓево успеале да најдат еден куп деца што никогаш во живот немаат пробано сладолед и го снимаат нивното прво искуство. Повеќе радост ретко кога имате видено.

Избори се ближат

"О, не, не уште едни избори!" си мрси во брада Хомер Симпсон и оди да избира меѓу Обама и Ромни. За кого гласаше и како заврши?

Диазепам?

DMX, феноменално постојано лутиот рапер, се соочува со некои од предизвиците на модерното време. Како на пример, користење лаптоп или пребарување на Гугл. Плус, многу го нервира кога слуша музика "и она, на сред екран, ќе почне да му врти."

Турет караоке, масовно

Еден дечко со туретов синдром пробува да отпее песна на караоке. Побогу, секоја песна вака звучи подобро! Особено нашиве добиваат одлични, фак, верзии. Ќе пробаме?

Ова мора да се има!

После долго време налетуваме на технолошки изум со човечки лик и во функција на неговите базични потреби. Се разбира, пуканки не нè интересираат. Ова треба да функционира со кебапи!

Што и да е, Ајфон да е

Џими Кимел во едно од подобрите тролања на своите гледачи. На истиот ден кога излегува Ајфон 5, излегуваш на улица и им го даваш на луѓето "новиот" Ајфон да го споредат со претходната верзија. Новиот = веќе постојниот Ајфон 4S. Воодушевување на ниво.