Забава

Бич, плиз

Некогаш сите журналистички знаења не можат да помогнат колку еден нормален, уличен шлиф. Пазете како новинарката ја реши пијаната напаст: Ја праша кога последен пат имала сексуално пренослива болест, бидејќи тоа е темата.

Временска машина

Кој рече дека не е можно да се патува назад во времето? Стави му џоистик во рака на 84 годишен дедо и да видиш како за пар секунди пред себе го имаш истиот човек, кога бил дете. Со цивкање, со радости, со све!

Кога татко ти е дилајла

Кога си дете, не можеш да знаеш дека татко ти е малку кретен. Ама затоа може да се надеваш дека ќе се зачуваат доволно видео аргументи кои ќе му ги фукнеш под нос, кога ќе му бираш старечки дом.

Ленс Армстронг, Creep

Ленс Армстронг испадна голем цреп. Црееп. На латиница: Creep. Така е, тоа е најавата (без допинг, толку).

Нисон + Вили

Никој никогаш не бил повозбуден околу Лиам Нисон отколку овие двајца, плус па кога ќе го стават во комбинација со Брус Вили(с), незамисливо. Дел од "Key & Peele" шоуто на Комеди Централ.

Стрипување

Имате приказна и знаете да цртате. Правите од тоа стрип и, сепак, не сте задоволни од форматот. Одите чекор понатаму и еве го резултатот.

Усто моја прејди на друг

Бидејќи и наши медиуми почнаа да донесуваат демек сериозни заклучоци врз основа на читање од уста (следно, гледање на грав?), да ѕирнете колку лесно се манипулира со "кажаното". Овојпат, во забавни цели.

Тестирање доверба

Интернетот е полн со клипови во кои другарчиња си ја тестираат меѓусебната доверба, дека другиот ќе те држи кога ќе паднеш слободно. Па главно едниот зезнува работа и онда е тоа смешно. И овде еден зезнува работа, ама комплетно поинаку.

Туширање: таа и тој

Таа има свои џиџи миџи производи за туширање, тој има свои џиџи миџи производи за туширање. Да направиме попис.

Апокалипса во Лос Анѓелес

Градот е во состојба на шок, суровите зимски услови повлекоа панично однесување на медиумите кои се опседнати со фактот дека Лос Анѓелес ретко гледа вакви зими кога температурите ќе паднат под 13 целзиусови степени. Плус 13!

10 работи што ги мразам околу божјите заповеди

Добар правец за сите наши луцидни бадијалџии кои скаат да буричкаат монтажи. Како изгледа модерен и напнат трејлер за некој стар и бавен филм. Показна вежба, "10-те Божји заповеди", со Чарлтон Хестон, Јул Бринер, Шинед О' Конор....

 

На малиот сè му е јасно

Колку пати треба да си ги видел своите родители како знаат да се одземат на домашна забава за вака да ти е јасно во кој точно момент треба да ја напуштиш сцената?

Како стареат цареви

Ако се живи и здрави, точно 11 возрасни сопруги го погледнале овој клип и си рекле: Цел живот си остана ист овој мојов....

Пантомимата на Колберт

За разлика од некои новинари чии изразни средства се сведуваат на тоа да викаат "Уааааа" (по што тогаш се разликуваат ваквите професионални брусачи на мисли и зборови од некоја митингашка руља која го обожаваа истиот "цитат"??), Стивен Колберт може да ви објасни цел феномен на атомска експлозија и без да зуцне.

Некаде се краде и со стил

Адам Грин живее и работи како уметник во Лас Вегас. Негова специјалност е крадењето. Може најлесно на свет да украде часовник од рака, новчаник од внатрешен џеб, телефон од панталони, дете од мајка, бемка од лице... Опасно вешт фраер. За разлика од неговите колеги, не му пречи да ги открие тајните на својата уметност.

Сакаме и ние вака

Специјална божиќна емисија, со познати фаци и луѓе (пратеници?) со посебни потреби. Ѕирнете го клипот и замислете: Урко наместо Шварценегер, Вели Мумин како Тајсон а во улогата на Дени де Вито - Ноне. Нели бе?

Ова е за нас

Секоја вечер во 22 часот жителите на шведскиот град Упсала отвораат пенџериња или излегуваат на балкон и - викаат на цел глас! Традицијата трае од 70-тите години на минатиот век и сè уште секој си наоѓа своја причина навечер да се изнавика ко човек.

Рингла АК - 47

Дома си, немаш упаљач, ти се пуши = палиш од рингла. Во пустина си, немаш упаљач, ти се пуши = ? Одговор: Калашњинков.

Можеш да кажеш банана?

На целиот мамурлак, тмурно време и смогови, ова видео направи разлика деновиве.

Вака изгледа добра ТВ

Сред шоу водителот убива од тролање еден од гостите, по основа дека и тој и сопругата прават кариера на најглупите можни начини, како и тоа дека имаат уникатно глупи проблеми. Гостинот станува и си оди. Овие најдоа замена.

Нова пивска амбалажа

Добра страна е што не бараат кауција. Лоша: пробајте да наздравите со пријателите.

А бре механичаре

Уште откако Филтер 57 ги свртеа правилно, беше јасно дека светот на некогаш трудољубивите автомеханичари веќе никогаш нема да биде ист. Еве до каде отиде работата.

Колку малку ни треба

Цунами мавнало во близина и доаѓа наваму? За пола саат? Да бегаме на запад? Доаѓате?