Забава

Како изгледа на минус 41?

Што прави Русин на толку ладно време? Отвора фрижидер да се стопли малку. Ако нема фрижидер, си игра со вакви работи.

Фризура од соништата

Звукот од берберска машина знае да вознемири некои деца. Но, не и еден наш Лука. Лука е толку сигурен во себе и околината што некогаш само посакува да заспие и да се разбуди со нова фризура. И, му успева.

Каркур?

Знаете, паркур е кога дечки скокаат преку разни објекти. Ова е некаков поджанр на дисциплпината во која се скока само преку (а се важи и под) коли, па се вика каркур. Да, и нас ни текна тоа, прекукур.

Добредојде назад, Али Џи

За да подигне награда за извонреден придонес кон комедијата, Саша Барон Коен конечно повторно се повтори како Али Џи, ликот заради кого и го засакавме. Пар лути цаки, за сите пари.

Клиент каков што посакуваме

Освен со сајтов, Трендоленд се занимава и со креативни решенија за маркетинг активности. Проблем е што досега не сме имале клиент како "Вулетови намештаји", фирма која очигледно е на Вуле и која очигледно се занимава со намештај. Уште поголем проблем е што сфаќаме дека ние стварно не би можеле да направиме нешто подобро од ова! Ни на ниво на визуелна презентација, а за песната (Песната!) ич да не правиме муабет. Си седиме и тажно си ја потпевнуваме.

Менует за трамболина и ѕид

Добро скокање по трамболина само по себе е фасцинантно за гледање. Ако трамболината ја ставите до некој ѕид, се добиваат бонус матрикс моменти. Дозволете тоа да ви покаже Кристоф Хамел, нинџа.

Летање 360

Уште една веб апликација која ќе ја нахрани нашата мрза. Тие летаат со змеј, ние гледаме како тоа изгледа. 360 степени. Тие ако се замаваат во планина, ние лагодно се префрламе на некој друг линк.

Како се вика оберучке на македонски?

Девојчево пишува со две раце истовремено. На два јазика. Во различни правци. Тоа.

Каде бе таму?

Одамна не сме биле вака прелажани како со ова претицање. Добро, не доаѓа камион од другата страна. Добро, наместо на пат, заврши возејќи по нива. Ама, не е добро, верувајте.

Шеќерната волна е фрлена

Бевме задоволни од локалните продавачи на шеќерна волна и нивните стандардни креации (шифра: фризурата на Марџ Симпсон). Сè додека не го видовме батково и неговите цветни решенија. Сакаме вака инаку ќе купуваме само јаболка во шеќер!

Најдобри другари

Нема муабет ама по она што ние можеме да разбереме од видеото, титлот би одел вака:
- Хеј! Види ова. Чекај малку. Чекај ме. Ќе ме чекаш? Така? Почекај. Почекај малку нешто важно што морам да направам.
- Ок.
- (1. минута подоцна) Ух, важна работа завршивме. Фала ти друже.

Понеделник. Јуриш!

Канцеларијата како бојно поле, како ОК корал, како Бородино, како Ваксинце.... Ја прогласуваме работната недела започната.

Вредеше ли?

Наравоучението од ова и од милион други ситуации и животни приказни е сосема едноставно: тоа што на крај ќе успееш во нешто не значи дека не си глуп.

Душички

Кога, кога ќе можевме да налетаме на ваква дражесна сцена да не беше интернетот? И Русија, нормално.

Големи тајни на малите мајстори на кујната

Бордејн, Рудолф, Карапанџа, Ремзи, Џејми Оливер, Рене Реџепи и Алачки ЗАЕДНО не би можеле да смислат вака суптилен и иновативен рецепт како чичково кој ќе ве убие од неизвесност. А нема потреба од неизвесност, верувајте. Некои работи се едноставни.

Предлог за ЈСП

Еден од најтажните градски пејсажи се ликовите позади прозорците на градските автобуси. Дифолтно тажни, со оној отсутен поглед на човек на кој сите таксија му умреле, лизгаат низ градот небаре ги транспортираат во Дахау. А наместо да се занимава со музика и слични бенигни методи за разбивање малигна тага, ЈСП треба во секој автобус да ангажира по еден ваков патник. Пазете го ова: 

Пет френд шоу

Одете и гушнете ги пријателите, овакви какви што се сега. Или видете ги како би ви изгледал животот кога тие би се однесувале како вашите домашни миленичиња.

Кoга О' Рајли се среќава со Пси

Како конзервативниот гласник на Америка Бил О'Рајли на гледачите би им го објаснил глобалното лудило околу Гангнам? Така што за гостин ќе повика - ПСИхијатар. Ѕвезда сепак останува водителот, кому сето тоа му личи на јавање пони. И признава дека во однос на ова, дури и Џастин Бибер му е јасен.

Tom Waits - Friday's Blues

... со тоа што песната е за сабота :)

Да се немало усул

Среќата ги прати само оние кои уплаќаат ливчиња. А некогаш и оние кои ги снимаат затоа што ги пратела среќата. Значи, го снимаат добитникот на премија, тој пред камерата гребе друго ливче и пак добива! Среќа што е мустаклијата скроз симпа, инаку ова се мрази.

Господар на амбалажата

Можеби сите сме на овој свет со некоја причина (ок, може и не). Неговата карма е со џедајска посветеност да внесе страв и ужас во пластичното ДНК на секое шише вода. За кога еден ден ќе го нема, шишињата уште долго да ни се плашат. Поклонете му се на мастерот.

Говорете англиски, со Рики Џервеис

18 минути супер забава меѓу двајца другари. При што Рики е само спотер а главен јунак е Карл (Idiot Abroad), дечкото со најмаалски став во животот.

Колку страв поднесува еден лифт?

Екстремно добро изведена "скриена камера": Се возиш сам во лифт, снемува струја, по некое време доаѓа но од никаде се појавува бледо девојче кое држи кукла. Па и вриска. Ок, прашањето е, како овие лудаци што смислуваат вакви финти не се сигурни дека некој од уплашените не носи пиштол?

Лезбејките се на ред

Откако стрејтерите возвратија на најавите дека хомосексуалците ќе им ги лапнат девојките, рековме дека топката е кај хомосексуалците. И, топката ја преземаат лезбејките кои на другиве девојки им викаат дека ќе им ги лапнат дечковците. Добро, фино сè тоа, ама, како одеднаш главна финта станува сексот од инает?