Забава

Тродимензионална магија

Зотроп е уред (цилиндар со дупчиња, налик на машинче за сушење салата), кој во ротација помага статичните слики да се претворат во анимирани. Махерите од Пиксар го направиле тродимензионален. Убавини.

Кад порастем бичу Ахил

Невидено тролање на античките маки на Ахил пред портите на Троја.

Светски а не наше

На странските читатели ова ќе им биде забавно затоа што стариот уште знае детски да се затрча (трчање познато како тг-дк, тг-дк...) а домашните ќе бидат шокирани од тоа што сè може да забележи (и притоа да застане) еден возач на автомобил. 

Да ја жалиш, да ја плачеш

Кога нашава планета би водела дневник за тоа како живее и што се и се случува, ова би бил нејзиниот видео запис од јануари 2013-та.

Една е мајка со каиш

Виталиј планира од својата мајка да побара пари. Кога ќе праша за што му се, ќе ѝ признае дека има проблеми со хероин. Тоа е планот.

Видео CV

За да не му мина животот како во вицот со човекот кој го молел Бога да добие лото (А да уплатеше?), Иван Шариќ од Хрватска решил да "уплати" видео апликација за работа кај најгласниот сатиричен мегафон од Америка, Џон Стјуарт. И дечкото не е ич лош.

Граници на научното

Го прашуваат Ричард Докинс како ја оправдува вербата во науката, во тоа дека научниот метод нè приближува до вистината... И тој одговара прописно, но, чекајте го моментот, аплаузот го добива за нешто скроз не-научно. Цар!

Господар на сцената

Да се пее на сцена знае кај луѓето да роди боговско чувство. Ти во центарот, публиката ти е пред нозе, суверено командуваш со тој дел од универзумот. Сè додека еден неочекуван допир не ти го скрши филмот.

За талент се доволни 2 години

Малиот е роден апаш. Ноќе, доаѓа до заклучената соба на сестра му, со алат за обивање врата, ги крие доказите, влегува... ама, кога ќе видите што украде, не може да не му простите.

Дозволи ми да кажеш нешто

Оваа вентрилоквистичка точка не е ич нова (ланска е) ама останува едно од најбријантните парчиња сценски хумор изведен со помош на некој од публиката. Какво наседнување, каков расчекор меѓу говорот на неговото тело и она што таа му го пика во уста, браво.

Мачо маче

Девојка лесно може да му раскине на дечко, освен кога дечкото е тип од гето, онаков пирсан, опасен.... Фраерот направил двоминутно видео во кое најбесрамно ѝ кажува што мисли за неа. Уста една погана, ништо не ѝ преќути!  

Човекот кој игра подобро од вас

Спидо купаќа, солиден пивски стомак и еден body confidence рамен на оној на Мик Џeгер. Ајмо царе, покажи ги потезите.

Славење и контраиндикации

Тој што победува, има право да слави. Тој што слави без памет, има право да се кае.

 

Делфина во пелени

Доаѓа лето па некои родители ќе се прашуват кога е време да го пуштат малото во вода. Веројатно додека сè уште работи на инстинкти и паметот не преовладал.

Апче за паметни луѓе

За сите вие кои некогаш сте се зачудиле колку глупи луѓе постојат наоколу и патем сте папсале од расправа со нив (бидејќи ве фаќаат на кондиција), една лоша и една добра вест. Лошата - ВИЕ ќе треба да се смените. Добрата - постои чаре благодарејќи на кое веќе нема да се чувствувате како малцинство. Се разбира, тука се и и контраиндикациите, но и тие ни се одамна познати.

The Office bloopers

Не е дека си го правиме меракот, ама си го правиме меракот. Речиси 2 часа блупери од Офис, од цели 7 сезони. Ги нема само прва и деветта сезона.

Најсмешниот најнесмешен

Проследете ја урнебесната точка на духовниот брат на нашиот омилен македонски комичар. Допелгангерот на Стеф е толку лош што го одушеви Сајмон.

Кога разводот е песна

Разводот е една од легитимните опции кои ги нуди бракот. Друга опција е да трпиш, поради некоја (или сите заедно) од следниве асоцијации за развод: неуспех, тотален неуспех, пустош, ничег више нема јој, емотивен лом, финансиски крш, гнев, омраза, одмазда, што ќе рече околината, како со децата.... Џонатан и Ајвори биле 5 години во брак. И решиле да се разведат.

Одмазда на потрошувачот

Сакале тие еден леб се додека не се израдувале што дочекале "нова и подобрена формула" од истиот леб. Па купиле цел пакет. Имаат тие и свињи ама им е греота за нив, па направиле видео после кое оној што го прави лебот, веројатно размислува како побрзо да се префрли на продажба на сунѓери. 

Елен е закон

Прво, точно, лесно им е кога имаат пари. Второ, да, си направија реклама. Трето, нормално, го прават заради гледаност. Четврто, ништо од ова нема да ви важи откако ќе го изгледате клипот. Елен, на гости ја има девојката што после 29 години прв пат почнува да слуша.

Познавате по фаца?

Ова е популарен ТВ формат кој се темели на вечната дилема дали човекот е добар и доверлив или е ѓубре скапано. Двајца играчи имаат по две топки (делам и земам). Можат да се договорат да делат и двајцата да земат многу пари. Ама ако еден реши да земе (а другиот да дели), првиот зема мнооогу пари, а другиот го пуши. Ќе гаѓате што ќе биде?

Автохтони градски видови: Ранета газела

Не баш ретка но секогаш одново тажна сцена од урбаните џунгли. Кога малата се спремила да биде лавица а завршува како ранета газела со поткршени нозе. Не се секирајте, ранетата газела не е загрозен вид бидејќи поседува фантастична способност за размножување. Објаснувањето е сосема природно- научно: со оглед на проблемите кои ѝ ги создава одењето, најкомотно се чувствува во легната позиција. 

Техно палачинки

Каков цар! Видел тој по Јутјуб дека многу добро проаѓаат оние улични продавачи кои знаат жонглерски и други финти па развил своја уникатна техника која се темели на комплетно непотребни потези и тикови. Запазете го колку е вешт и возбудлив!

Кој тоа зјапа?

Мала компензација за сите оние мажи на кои девојките им мрчеле зошто зјапаат во нечие деколте или позадина. Истото видео е и помен за сите оние мажи кои некогаш поверувале дека големината не е важна.