Забава

Хакирања на летната реалност

Некои од советите во ова видео се преоптимистички (дека никој нема да ти краде шампон), некои се блесави (со сладоледот), ама некои може да се пробаат (тоа со шишето или мравките). Нормално, прво се пробува она со хамбургерот пошто е all - season совет.

Мечка страв, новинарка не страв

Во недостаток на соодветен видео материјал, новинаркава решава самата да "визуелизира" делови од својот прилог. А се работи за тоа што човек треба да прави ако се сретне со мечка. Со надеж дека мечката ќе има смисла за хумор или сочувство.

За Мухамед и брегот, Барби варијанта

Неколку лудачи по светов пробаа со безброј пластични операции да ги постигнат пропорциите на најпознатата кукла на светот. Бидејќи тоа е невозможно од еволутивни причини, еден дечко ја пробал полесната варијанта. Како би изгледала Барби кога би ги имала пропоциите на просечна Американка. Да, здепасто.

Сам себе го шамарал

Дали е ова местенка или не е местенка, важно дечкото поштено си ги попи сите шамари што му следуваа.

Ако се симне Господ

Ако тргнеме со идејата дека Господ ни ја дал планетава и сè на нејзе, колку би бил напизеден истиот тој Господ кога би видел што се до сега и имаме направено на Земјата и заради кои причини. Еден постар стенд-ап на Луи Ц.К. ама сега направен како цртан.

Ноќната мора на Малнар

Ноќна мора беше телевизиско шоу во комплетна изведба на Жељко Малнар, кое со најразличен распоред се емитуваше од 1992-ра до 2010-та. Концептот беше се појавува Малнар пред камера и почнува да зборува. Со тек на годините Малнар почна во шоуто да носи крајно шармантни ликови од неговото секојдневние (сите речиси без исклучок алкоси). Па така, низ шоуто се наредија Шева (кој почина во 2010-та), Јаран, Брацо, Цезар, Тарзан... Ова е дел од опусот на Малнар во Ноќна мора.

Чекајќи го Гнуто

Анимирана приказна за вечната дилема на оние јадни волови кога ќе стигнат до некоја река.

Расел Бренд окупира емисија

Расел Бренд може да ве нервира со својата појавност или нагласен британски акцент ама дечкото  си грми. Еве го на утринска програма во Америка, со трилинг трикотажни водители кои претходно си рекле: Ова е некој шарлатан, ќе го извозиме лесно..... 

Чекајќи го Вилијамс

Ваква бекетовштина немате видено во историјата на филмската уметност. Драма околу парите, околу Вилијамс, телефонски, напнато и многу реалистично. - Заради што бараш пари? - Заради потреба од пари.

За бракот

Апропо одличниот текст на Емили за бракот, слајтли диферент поглед на нештата има феноменалниот Лери Дејвид, придружуван од Мадона и Рики Џервејс.

Да се запознаеме на време

Значи, да знаете, ако видите некој од наша редакција во кола и решите вака да му играте на пат, тој ќе биде дечкото во црната маица. Вие ќе бидете оној во тренерки, без разлика колку женски имате во ауто.

Љубовен СМС тест

Како ќе реагирате доколку од саканото лице ја добиете следнава СМС порака: "Види, не бев комплетно искрен/а со тебе"? А потоа ти ќути и не одговара на повици. Ако не сакате да знаете за вас, тогаш пратете ја вие први истата порака.

Чифте, чифте, пајтонлари

Никакви посебни културни и забавни проекти не им требаат на нашите тажни градови за да живнат. Ништо. Потребно е само ова масовно да фати замав. Пренкерсајз, уникатниот фитнес стил на Џоана Рорбек измислен уште пред 20 и нешто години, кој, според авторот, е инспириран од движењата на - параден коњ. Ѕирнете и замислете ги нашите патеки, паркови и тротоари, полни со девојки и жени излудени по оваа фитнес манија. Па има ли боље?

Ќе зевнете ли?

Одат дечките по светов и зевааат покрај луѓе. Фасцинантно е колку е тоа заразно. Само едни двајца црнци не наседнаа. Ние наседнавме, неколкупати.

Кажи бе како го правиш?

Веројатно од магионичарскиот еснаф ги мразат ваквите колеги кои јавно ги откриваат триковите ама ние другиве едвај чекаме да сфатиме како сме прелажани. Еве еден таков трик за кој ви е потребен партнер, непотребно облечен  како нинџа.

Ти донесов терсене невеста

Пар хајлајци од свадбата на една руска двојка која, ако овој има слаби нерви, смртта брзо ќе ги раздели. Просто, младата е бич.

Лезбејска експертиза

Како лезбејки реагираат на лезбејски порно сцени? Прилично критизерски, што е нормално со оглед на одамна познатиот факт дека лезбејските порно клипови првенствено се наменети за задоволување на машките фантазии. Еве ги реакциите на упатените во темата.

Рајли кај Стјуарт

Не постојат поиконични "архинепријатели" на американската медиумска сцена од Бил О Рајли и Џон Стјуарт, луѓето кои најдобро го претставуваат контрастот на двете (конзервативната и либералната) Америки. Па сепак, еве го првиот во емисија на вториот, за да ја промовира својата нова книга. Нормално, цело време се пржат ама сепак е милиони години понапред од овдешниот концепт во кој е најважно кој кај кого дошол во емисија и кој со тоа ја издал каузата.

Швеѓанштина

Репортажа од несекојдневната и екстремна земја - Шведска. На кратко, добро е да живееш во нејзе, лошо е да си им комшија.

Некои денови, да си седи човек дома

Еве на пример, нашиов јунак. Дента му прекипело, решил да го земе животот во свои раце, ги собрал двата најдобри другари и им рекол: "До кога бе ние ќе бидеме задњи абдали у маало, ебан денар немаме, никоја не не ферма, клошари! Тргнуваме, еве јас прв ако ви е фуфка!" Тонч.

Еве ги и другарките

Темата на скечот е како изгледаат жени кога си даваат комплименти. Веројатно нема една работа што ја утнале.

Ердоган на коњ

Конечно да видиме автентична турска снимка на која не и треба натсинхронизирање. Во главните улоги, величествениот премиер на Турција Реџеп Таип Ердоган и еден коњ во кој одеднаш се буди калеш Анѓа. Поучен пример за сите премиери кои сакаат да јаваат.

Кое сранје е овој Канје

Да се фатиш со гзлестана Ким Прекардашиан која нема друга работа освен 24 часа да ја снимаат камери (а кога ќе и падне рејтингот да пушти некое домашно порно) само по себе зборува за Канје Вест. Ама, кога го видовме овој клип, пак си рековме: Добро бе, овој толку ли е глуп? Кај оди со наведната глава (демек нејќе да го снимаат), кај сам се бапнува во знакот, па уште нервозен што го фоткале! Шуга. Дш-дш-дш, звукот од ударот на рипит!